Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 39 Јуни 2004

   

Најнова оценка на Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон

Анализата на војната во Ирак остава мрачна слика

Најновата оценка на прогресивниот екпертски тим, Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон, е дека војната во Ирак претставува навистина лоша ивестиција, како за човечките животи, така и за даночните обврзници. Се разбира, освен ако не поседувате голем број акции во Халибартон или некоја друга компанија која се занимава со одбрана, безбедност или градежништво.

Од она што според ИПС претставува прва сеопфатна анализа на трошоците на САД, но и за поголемиот дел од светот за војната во Ирак, тие заклучуваат дека не само што американските даночни обврзници платија “превисока цена за војната”, туку и станаа “помалку сигурни, како во својата земја, така и во светот”. Наведувајќи неколку понови студии, извештајот со наслов “Плаќање на цената: растечките трошоци за војната во Ирак”, исто така бележи дека со 151,1 милијарда долари кои ќе се потрошат во текот на оваа фискална година, би се покрило комплетното здравствено осигурување за 82 милиони деца во Америка, односно платите на околу три милиони наставници од основните училишта. Според една студија која е наведена во 54 страници долгиот извештај, војната и окупацијата ќе го чини едно просечно американство домаќинство/семејство барем 3.415 долари до крајот на годината.  Доколку се потроши на меѓународни програми, истата сума би можела да го преполови гладот во светот, да ги покрие трошоците за лекови за ХИВ/СИДА, вакцини за децата и чиста вода и санитетски потреби за сите земји во развој за период од повеќе од две години. Извештајот беше објавен само една недела пред планираното предавање на “суверенитетот” на Ирак од страна на Привремената коалициска власт (ЦРА) на привремената влада, иако неговите автори нагласуваат дека новите власти во Ирак ќе практицираат многу ограничено владеење со оглед на постојаното присуство и автономноста на повеќе од 160.000 американски и други странски трупи под воено раководство на САД и нивната неможност да поништат речиси 100 наредби издадени од водачот на ЦПА, Пол Бремер.  Според една анкета од средината на мај, нарачана од ЦПА, повеќе од 80 проценти од Ирачаните рекле дека не им веруваат на окупаторските власти, а 55 проценти рекле дека би се чувствувале побезбедни кога силите на коалицијата би ја напуштиле земјата.  Додека финансиските трошоци за војната се огромни, така и загубите во крв, за граѓаните на САД, како и за Ирачаните, во никој случај не се незначителни.  Повеќе од 850 американски трупи беа убиени од почетокот на војната на 19 март 2003 година, нешто повеќе од 700 откако американскиот претседател Џорџ В. Буш означи крај на непријателството на 1 мај 2003, правејќи ја постборбената фаза на војната далеку најкрвава по конфликтот во Индокина.  Згора на тоа, повеќе од 5.134 трупи беа ранети до 16 јуни од кои 4.593 по официјалниот крај на борбата. Според извештајот, околу две третини од ранетите се здобиле со толку тешки повреди, што потоа не можеле да и се вратат на должноста.  Како и да е, и покрај прецизното бомбардирање и другото оружје и тактики креирани да се намали “колатералната штета”, бројот на загинатите Ирачани е многу подраматичен, се трврди во извештајот на Филис Бенис, главен аналитичар на ИПС за Средниот Исток.  Од 16 јуни па наваму, се проценува дека меѓу 9.436 и 11.317 цивили се убиени како директен резултат на американската инвазија и претстојната окупација, а ранети се околу 40.000 Ирачани. Извештајот исто така проценува дека за време на “најголемите борби” во операциите за време на инвазијата, како и по 1 мај 2003 година, помеѓу 4.895 и 6.370 ирачки војници и бунтовници се убиени до средината на јуни.  Овие цифри не ги вклучуваат долгорочните последици по здравјето од проценетите 1.100 до 2.200 парчиња артилерија кои содржат осиромашен ураниум, а кој беше ослободен во текот на март 2003 година. во бомбашката кампања и кој според многу научници е главниот виновник за болестите кај американските војници во Првата заливска војна и седумкратното зголемување на заболувањата кај новороденчињата во јужен Ирак од 1991г. па наваму.

Автор на текстот Џим Лоуб
(Јим Лобе)

њњњ.антињар.цом

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA