Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

Ахмет Јашаревски

Граѓанскиот сектор го поттикнува решавањето на проблемите на Ромите 

Актуелната ситуација во Македонија е на добар пат на подобрување, но ја следат проблеми на кои државата ќе треба да им даде поголем приоритет од решавање на прашања од областа на економијата, обра­зованието, социјалата, проблемите на ет­ничките заедници. Граѓанскиот сектор во Македонија с$ повеќе зазема замав и докажа дека може да соработува заедно со други етнички заедници при решавањето и одлу­чувањето, а притоа да ги балансира проб­лемите со меѓусебната комуникација и заедничката работа. За граѓанските орга­низации имаше доста критики, дека се “пералници за пари”, дека не функционираат во корист на граѓаните, дека тие основаат здруженија на граѓани само за да дојдат до одредени финансии.

Граѓанските организации го докажаа сосема спротивното. Реализираа доста големи проекти од инфраструктурата, образованието, екологијата, човековите права, разни кам­пањи, како и проекти со бегалци и раселени лица, а со тоа наедно &  помогнаа и на државата. Во вакви проекти и програми се вклучуваат доста голем број членови на граѓанскиот сектор (невработени лица) кои добиваат извесни хонорари и плати, во оваа, и така тешка економска ситуација во РМ. Само за илустрација, во Соединетите Американски Држави 5% од вкупниот број вработени се во граѓанскиот сектор и тие ја намалуваат бројката на невработеноста во земјата. 

Поранешните согледување и искази за ромското прашање укажаа на реалноста во која постои недоволен интерес, волја, па и слух. Од искуството, навистина можам да тврдам дека Ромите можат с$, но не да си ја променат својата позиција во кое било општество. Слободно може да се тврди дека веќе 50 години најголем дел од нашиот народ живее во Македонија во истите гета, без инфраструктура, со никаква надеж за успех за нив и за нивните деца да се интегрираат во општеството. Така беше с$ до појавата на основање ромски граѓански организации. Со нив започна да се актуелизира и поттикнува решавањето на ромската проблематика во РМ. Постојат повеќе ромски граѓански организации коишто работат на ромските прашања. Една од нив е и ромската орга­низација во којашто јас дејствувам - Центар на ромската заедница во Македонија (ДРОМ) од Куманово, која од своето основање до денес работи со план и програма за подо­брување на условите на граѓаните во сите сфери на општествениот живот,  со акцент на ромската популација.

На 17-18 јуни  2003 г. се одржа национална конференција организирана од неколку ромски граѓански организации, меѓу кои беше и ДРОМ. Конференцијата беше под­држана од Светската банка и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за меѓу­народна соработка (МЦМС), и носеше наслов “Состојбата на Ромите во Македонија”. На неа учествуваа граѓански организации, политички партии и претставници на владини институции и беа донесени заклучоци за актуелната состојба на Ромите во Маке­донија, што требаше да се презентираат во Будимпешта на конференцијата “Ромите во проширена Европа”. Во јуни 2003 година е потпишан договор од премиерот на Владата на РМ за подобрување на статусот на Ромите со партнерство на Светска банка и ФИООМ. Годинава ќе се донесе стратегија за Ромите и нејзината имплементација ќе започне од 2005 до 2015 година, а во изработката на стратегијата ќе учествуваат невладини организации, интелектуалци, во соработка со владини институции. Целокупната импле­ментација на оваа иницијатива ќе оди преку Владата на РМ.

Факт е дека со инволвирање на ромските граѓански организации во општествените текови започна подобрување во сите сфери на општествениот живот и демократскиот процес во државата. Владините институции с$ повеќе имаат соработка со граѓанскиот сектор и с$ повеќе ги гледаат како партнери, а не како конкуренција при решавање на проблемите од сите сфери на општествениот живот. Ромската проблематика не е само проблем на Ромите, туку оваа проблематика ја засега целата заедница, така што при решавањето на овој проблем е потребно сите активно да се вклучат. Само така ќе се постигне прогрес во Македонија, како на културен, така и на политички, економски и социјален план. Само стабилно општество може да постигне прогрес и развој, оп­штество коешто ја користи енергијата за напре­док на науката, технологијата, по­литиката, здравството итн. Ваквата соработка ќе придонесе кон побрзо разрешување на проблемите и пат за интеграција во Европ­ската Унија. 

(авторот е претседател на ЦРЗ ДРОМ од Куманово)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA