Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 75  Избор

Живот со 1 долар на ден

Што навистина значи да се живее со 1 долар на ден? Абиу Хаилу, директор на програмата за Етиопија, се соочува со реалноста што се крие зад статистиките.

Не мора надалеку да ги барате сиромасите во Етиопија – тие се насекаде околу вас. Питачат на улиците и на семафорите на главниот град, Адис Абеба, за да преживеат. Ги има секакви: болни, стари, хендикепирани, мајки со деца... Спијат во сурови услови на отворено, на дожд и на студ.

Сиромасите на улиците на Адис Абеба ја тестираат вашата совест. Дали да им дадете нешто, ако решите да дадете, тогаш, кому? Со такви дилеми се соочувате секојдневно. И никогаш не ви е пријатно.

Она што мене ме погодува кај овие луѓе е нивната анонимност. Понекогаш се прашувам дали се воопшто дел од статистиката за сиромашни на Обединетите нации – на оние кои ни даваат официјални податоци за бројот на луѓето кои се обидуваат да преживеат со помалку од долар на ден.

Навистина не знам како тие луѓе се справуваат со животот. Што прават кога се болни, каков третман добиваат? Дали воопшто има некој да ги закопа кога ќе умрат?

Сепак, и тие се луѓе како вас и како мене. И ги има насекаде. Ме предизвикаа да откријам повеќе за нив. Какви се нивните аспирации? Како стигнале во состојбата во која се наоѓаат? Дали посакуваат да побегнат од с$ и да ја земат судбината во свои раце?

 

Анонимните сиромаси

Тоа се „анонимните сиромаси”. Но приказната за сиромаштијата не завршува тука. Тоа се исто така и оние со покрив над главите, кои, освен тоа, се речиси подеднакво сиромашни. Тие можеби се обидуваат да си го зачуваат достоинството и се воздржуваат од питачење, но и ним судбината им го свртела грбот.

Некои од нив се членови на моето семејство. Живеат во бедни куќички, во сиромашно соседство. Обидот да се стигне до нивниот дом по непоплочените, калливи патчиња во сезоната на дождови и навечер, самиот по себе претставува ризичен потфат.

 

Сиромасите на улиците на Адис Абеба ја тестираат вашата совест

Ато Фанта е 75-годишен пензиони­ран чувар, кој живее во едно од горе­опишаните населби. Тој и неговата жена имаат две ќерки и многу внуци. Тие исто така имаат и старателство над децата од нивниот починат син. Секогаш кога ќе го посетам семејството Фанта, гледам барем седум-осум усти кои треба да се нахранат.

Ато Фанта има мала пензија, околу 200 бири (или отприлика 12,5 фунти) месечно. Неговите две ќерки кои работат  (и имаат свои семејства) исто така носат некаков приход, но нивниот придонес е речиси занемарлив.

Како ли преживуваат со толку мали примања? Како ли плаќаат за учебници, училишни униформи, како ли плаќаат за доктор кога се болни? И како, и покрај нивната беда, не само што ги ценат посетите, туку и ве примаат од с$срце?

 

Просечни примања:
15 пени на ден

За семејството Фанта, 1 долар на ден, всушност би значел чекор напред кон светот. За седуммина од нив, тоа би биле 7 долари на ден, или околу 4 фунти – една навистина пристојна заработувачка.

Се сомневам дека семејството Фанта воопшто има и една третина од ова во земја каде просечните годишни примања се само 100 долари годишно – или едвај 15 пени на ден.

Во услови каде толку многу семејства живеат во толкава сиромаштија, се прашувате дали помошта воопшто и функционира. Сепак, партнерите на Крисчан ејд (Цхристиан Аид) вистински придонесуваат во заедниците во кои дејствуваат.

Во селата, тие им помагаат на луѓето да ја подобрат својата егзистенција и да обезбедат здрава вода за пиење. Хигиената во домовите, наедно и здравјето, извонредно се подобруваат поради намалувањето на болестите предизвикани од нечиста вода.

Тие исто така им помагаат и на земјоделците да управуваат подобро со средината преку конзервација на почвата и водата. Поплодната земја носи поголеми приноси, а со тоа и поголеми примања.

Но, она што ми го кажуваат анонимните лица на улиците на Адис Абеба е дека треба да се изоди уште голем и долг пат, бидејќи на илјадниците семејства кои ги избавуваме од сиромаштија, има уште илјадници повеќе до кои допрва треба да допреме.

 

Повеќе од пари

Она што е потребно не се само пари, иако и тие помагаат.

Верувам дека исто така треба да го разбудиме и интересот на јавноста за маките на сиромасите во земјите како Етиопија.

Колку е поголем интересот, толку по­веќе луѓето ќе го ценат фактот што сите ние сме граѓани на еден свет, со чувство за солидарност и еднакви права и одговорноста која тие ја носат. Дури тогаш ќе сфатиме колку давање, молитви и кампањи за промени им се потребни на сиромасите во Етиопија. Во 2005/06, Крисчан ејд дала речиси 325.000 фунти за поддршка на проекти за земјоделство и чиста вода во Етиопија.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA