Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 23 Јануари 2003  Коментар

Коментар

Хендикепиран ум

Маријана Иванова

Се сеќавам на една од моите импресии од Прага – откако се созедов од убавината на овој град, забележав дека многу луѓе се движат во колички. Првата мисла ми беше дека тука има многу повеќе „хендикепирани“ луѓе отколку кај нас, но веднаш потоа ми стана јасно дека тие, всушност тука СЕ ДВИЖАТ, излегуваат надвор, живеат нор­мален живот.

Пред сe, тие таму можат лесно да се движат, бидејќи тротоарите не се толку безмилосно високи и остри за нивните колички, можат лесно да се качат во возилата за јавен превоз – метрото и трамваите, изградени се или монтирани се рампи на влезовите во трговските центри, музеите, амбулантите, има лифтови, платформи, благи премини. Но, што е најважно од сe, таму има добра волја и разбирање за нивниот проблем на движење од страна на оние „кои не се движат во колички“. 

Не е воопшто чудно што кај нас „хен­дикепираните“ лица се определуваат своето секојдневие да го поминуваат дома и што помалку да излегуваат надвор. Верувам дека многу од нив воопшто и не можат да излезат од својата зграда, бидејќи или нема лифт, или пак нема платформа на влезот, што и оние две-три скали кои ние ги прескокнуваме и не забележувајќи ги, за нив претставуваат непремостлива бариера. Потоа, се соочуваат со раскопани тротоари, со остри рабови, со високи скалила во автобустите, со скали во речиси секој јавен објект.

Навистина се срамам што морам, но само со цел да бидам разбрана, да го употребувам зборот „хендикеп“ во смисла на опре­делување луѓе кои имаат некој физички или ментален проблем. Се срамам и постојано во себе се бунтувам што  живеам во свет кој е „елитистички“ – тоа е свет прилагоден  само за оние кои немаат никаков телесен или ментален проблем. Тоа е свет во кој се прави поделба на „нормални“ и на оние кои не можат да се движат; на оние кои немаат раце; на оние кои имаат раце, но пишуваат и подобро се служат со левата (размислете, дали еден левак би можел да работи како стоматолог, или уште поедноставен пример, какви проблеми има возејќи автомобил); на оние кои се хомосексуалци; или се нар­комани; или се болни; или имаат пречки во развојот…

Всушност, признавам само еден вид поделба, на нормални луѓе и на луѓе со хендикепиран ум – ум ограничен од пред­расуди, отапен од некаква нераз­бирлива суета и самосоздадена слика за сопствената величина. За жал, премногу луѓе раз­мислу­ваат за нечија физичка или мен­тална пречка како за хендикеп, а не сфаќаат дека хендикеп претставува единствено таквото сфаќање на нештата. Тоа е најголемиот хендикеп, најсериозната пречка која мора да се отстра­ни за да има правда и еднаквост помеѓу луѓето. Никој не е заслужен за тоа што има две раце, или две нозе, ниту пак некој е виновен што не може да се движи или што има интелектуална попреченост - затоа тука ни најмалку нема место за елитизам и поделби. Но, од друга страна, секој што има ум е виновен што луѓето ги дели и подвојува врз основа на нивниот физички или ментален капацитет.

***

Уште еден грдо и погрешно употребен поим е поимот „инвалид“, употребен за лице со физички проблем. Инвалид, всушност, бук­вално преведен, значи „невалиден“, нешто што не е важечко, неправилно… Страшно е што овој термин, употребен во таква смисла, го користат и многу организации и институции – така, имаме „Инвалидски дом“ или „Здру­жение на телесните инвалиди“ или „Инва­лиди на трудот“…

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 23 Јануари 2003
Број 23 Јануари
Настани
Календар
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q & A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA