Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Q&A

   

КАКОВ Е ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН НА НВО ВО МАКЕДОНИЈА?

Без повластен фискален третман 

Ана Петровска прашува: Каков е даночниот третман на НВО во Македонија? На ова прашање одговор побаравме од проф. д-р Весна Пендовска од Правниот факултет во Скопје:
„Откако соодветно ќе бидат регистрирани во надлежниот судски регистар, НВО добиваат својство на правно лице. Според тоа, тие автоматски се предмет на сите фискални инструменти кои општо важат за правните лица, при што исклучоците се регулирани со важечките даночни закони.
НВО се обврзани да плаќаат данок на добивка на ниво на субјекти, персонален данок на доход и социјални придонеси за нивниот персонал (освен за волонтери), данок на имот, подароци и наследство, ДДВ на купување добра и услуги, царина и други увозни давачки, како што е пропишано со законите за даноци и царини и со секундарната регулатива.

Анализата на Законот за здруженија на граѓани и фондации наведува на тоа дека де леге лата регулативата се чини е недоволна што се однесува до едно многу важно прашање - таа не обезбедува соодветни и детални одредби за специјалните типови НВО, т.е. организациите за јавно добро. Овој тип НВО, наспроти обичните НВО, во повеќето земји уживаат повластен фискален третман и на тој начин обезбедуваат долгорочна фискална одржливост и раст на организацијата за јавно добро. Законот не е јасен во врска со ова прашање. Така, фискалниот третман на јавно овластените организации за јавно добро ќе биде утврден на основа „случај по случај„, раководен од различни министерстава.

Постојат два големи законодавни извори за определување на даночниот третман на НВО во Македонија: 1. Закон за данок на добивка; и 2. Закон за персонален данок на доход.

НВО се обврзани, според одредбите на Законот за данок на добивка, како и секое друго правно лице. Покрај експлицитното законско даночно ослободување за претпријатијата кои вработуваат инвалиди, Законот овозможува едно посебно законско ослободување од оданочување на доходот на НВО којшто произлегува од членарини. Имено, ослободен од данок може да биде секој доход којшто е строго наменет за извршување на активностите на правното лице – даночниот обврзник (од буџет, фондовите итн.). Тој вид доход не е вклучен во даночната основа на НВО за целите на данокот на добивка. Според нашето мислење, иако Законот за данок на добивка експлицитно не ги спомнува членарините, тие, по својата природа, очигледно спаѓаат во категоријата на означен доход и последователно треба да бидат третирани како ослободени од данок.

Овој закон го регулира и повластениот даночен третман на финансиските средства донирани за цели од јавен интерес од страна на деловните субјекти на организациите коишто извршуваат такви активности или услуги. Првичниот текст на овој закон кој предвидуваше можност за донирање од 10% од прикажаната добивка пред оданочувањето, со амандманите од 2001 година е намален на 3% од бруто-доходот на претпријатието. Законот за данок на добивка не го признава, ниту го регулира специјалниот статус на „даночно ослободување” на непрофитните организации за јавно добро.
Законот за персонален данок на доход ја регулира даночната обврска на физичките лица, односно на поединците. Главен принцип на Законот е глобално оданочување на доходот од кој било извор за време на едногодишниот период (периодот на оданочување одговара на една календарска година) што потекнува од Македонија или од странство (принцип на светски доход), реализиран во готово, во натура и на кој било друг начин. Нерезидентните се обврзани само за доход кој е генериран во рамките на територијата на Македонија. На персоналниот данок на доход се применуваат прогресивни даночни стапки. Од февруари 2001 година настанаа значителни промени во врска со нивото на даночните стапки, како и методот за определување на скалите/стапките за прогресивната даночна тарифа. Наместо три стапки од 23%, од 27% и од 35%, постојат само две стапки: од 15% од месечниот доход, не поголем од 30.000 денари и повисока стапка од 18% воведена на доход над 30.000 денари плус 4.500 денари. На годишна основа, персоналниот данок на доход се воведува по истите две стапки - основната стапка од 15% на годишен доход што подлежи на оданочување не повеќе од 360.000 денари и за доход повисок од законски пропишаниот праг, 54.000 денари, и 18% од делот повисок од 360.000 денари.”

Проф. д-р Весна Пендовска
Правен факултет, Скопје

Повеќе информации можете да најдете во статијата „Даночен третман на непрофитните организации во Македонија” I и II дел, од проф. д-р Весна Пендовска, во билтените 12/2001 и 1/2002 на Министерство за финансии www.finance.gov.mk  

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 14 Март 2002
Број 14 Март 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA