Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Публикации

   

публикации

ФОНДАЦИЈА “ВИТРА”
Трговија со луѓе
Во издание на Фондацијата “Витра”, од печат излезе книгата “Трговија со луѓе – искуства и превентива”.  Книгата е издадена со финансиска поддршка на Европската унија.
Во неа се пренесени текстови на повеќе експерти од различни области, поврзани со овој проблем на темите, како на пример, улогата на јавното обвинителство, местото и улогата на невладините организации, правата на децата, проблемите во кривичната постапка и други. Оваа книга претставува завршен документ од одржаниот семинар на истата тема, што “Витра” го организира во јуни, годинава, во Скопје.

МЦМС

Даночните закони од интерес на НВО
Во издание на МЦМС и на Меѓународниот центар за непрофитно право, објавена е книгата “Преглед на даночните закони што имаат влијание врз невладините организации во Централна и Источна Европа”.  Во оваа книга се објавени истражувањата и анализите на даночните рамки во регионот, кои ги изготви Меѓународниот центар за непрофитно право.
Овој преглед е корисен водич за невладините организации при нивното финансиско работење. Публикацијата на оваа книга е поддржана од УСАИД.

“АГОРА” - СКОПЈЕ

Веб-страница за учење и за забава
Здружението “Агора” од Скопје ја изготвува веб-страницата “Агора”, која нуди мошне интересни содржини за учење и забава, од областите на уметноста, литературата, стрипот, авантурите, здравјето, општеството, културите, сексуалноста и други.
Адресата е www.agora.org.mk, а има македонска, албанска и српска верзија. Се нудат информации за повеќе актуелни теми: сиромаштија, религии, кинеската цивилизација, научна фантастика и лични искуства. Оваа веб-страница е делумно поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

“САНТА ЅИРЅИ”, ШТИП

Билтен “Арманамеа”
Здружението “Санта Ѕирѕи” од Штип го издава билтенот “Арманамеа” финансиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка. Билтенот е двојазичен, на влашки и на македонски јазик.
Застапени се теми за активностите на здружението, животот на Власите некогаш и денес, проблемите со кои се среќаваат учениците кои факултативно го изучуваат влашкиот литературен јазик, афирмација на влашкиот фолклор и друго, а отстапен е простор и за млади талентирани Власи. Првиот број излезе од печат на 13 ноември годинава.

...И Адресар на единиците на ЛС

Македонскиот центар за меѓународна соработка го издаде Адресарот на единиците на локалната самоуправа во Македонија. Адресарот е наменет за подобрување на информираноста и комуникацијата помеѓу самите општини, како и помеѓу нив и другите актери во општеството, меѓународните организации, медиумите, владините органи и граѓаните.
Адресарот е издаден на македонски и на англиски јазик, а ќе биде достапен и на ЦД-РОМ и на веб-страниците на МЦМС: www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk.

 

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС

Шеќерна болест
Сојузот на здруженијата на граѓаните со дијабетес на Македонија го издава весникот “Шеќерна болест”, чија цел е да дава информации од областа на најновите медицински достигнувања и на искуствата поврзани со лекувањето и превенцијата на ова мошне раширено заболување.
Весникот излегува еднаш месечно, а во неговата редакција и подготовка учествуваат лекари и други стручни лица. Излегувањето на овој весник е спонзорирано од компанијата “Ново Нордиск” – Скопје.


БАЛКАН-НЕТ

Заштитените области во ЈИ Балкан

Мрежата на невладини организации “Балкан-нет”, во која членуваат и македонски НВО, покрај оние од Грција, Југославија, Албанија и Бугарија, ја издаде книгата “Заштитените области во Југоисточен Балкан”, на англиски јазик. Во неа се претставени прегледи и истражувања за законодавството, големите месојадци и одредени прекуграничните природни зони во регионот.
Книгата ја финансира Грчкото министерство за животна средина, просторно планирање и јавни работи. Нејзиното издавање го координираше здружението “Арктурос” од Грција, а од Македонија, партнерска организација е Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА. Во изработката учествуваше и Македонското еколошко друштво.

ТЕМПЛУМ

И, Dhe, And

Издавачката куќа “Темплум” меѓу своите најнови изданија ја вбројува и неодамна издадената книга поезија со наслов “И, Dhe, And”. Станува збор за избор од младата македонска поезија на девет млади автори од Македонија, Македонци и Албанци, чии дела се објавени на три јазици – македонски, албански и англиски.
Изборот го приредиле Искра Гешоска и Џабир Ахмети, а издавањето финансиски го поддржа Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA