Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 30 Септември 2003  Донатори

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

СЕЕД

Развој на малите и средните претпријатија

Развој на претпријатијата во Југоисточна Европа (Southeast Europe Enterprise Development - SEED) е петгодишна иницијатива на повеќе донатори со вкупен буџет од 25 милиони американски долари, управувана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) од Групацијата на Светската банка со цел зајакнување на малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и Црна Гора.

Една од главните цели на СЕЕД е подобрување и задоволување на потребата од висококвалитетни консултантски услуги и обуки кои се достапни во секторот на мали и средни претпријатија. Мисијата на СЕЕД е: „Подобрување на животот во нашиот регион преку развој на мали и средни претпријатија и мобилизација на интегрирани услуги за консалтинг и обука кои треба да ги покријат сите аспекти на секторската конкурентност“ Стратешките цели на СЕЕД се: зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија во регионот;  развој на пазарите на консултантски и развојни услуги;  и подобрување на деловното окружување. 


Со главно седиште во Сараево СЕЕД има канцеларии во Скопје, Тирана, Белград и Бања Лука, и вработува повеќе од 80 лица. Работата на СЕЕД е финансирана од Австрија, Канада, Грција, Холандија, Норвешка, Словенија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и „IFC“.

Во Македонија, СЕЕД успешно спроведе неколку проекти.Проектот Стандардизација ХАЦЦП опфати теоретска и практична обука за имплементација на стандардот ХАЦЦП за 7 домашни консултанти што им овозможи вештини и знаење за подготовка на македонските претпријатија за имплементација на овој стандард. Понатаму, СЕЕД му помогна на едно домашно претпријатие да го имплементира процесот за квалитет и безбедност на преработката на храна кое всушност е првото македонско претпријатие со сертификат ХАЦЦП. 

Можностите за финансирање на малите бизниси во Македонија значително се подобија со новиот Закон за лизинг кој е донесен со поддршка од СЕЕД. Законот што македонскиот парламент го одобри на 31 јануари 2002 дозволува формирање нови независни лизинг-компании со минимален капитал од 100,000 евра. Истиот утврдува јасни и транспарентни стандарди за обезбедување опрема за локални компании по договор.

СЕЕД обезбеди техничка помош за подготвување на Националната стратегија за мали и средни претпријатија која беше прифатена од македонската влада на 30 јули 2002 и претставува основа за имплементација на програмите на Одделот за мали и средни претпријатија при Министерството за економија за поддршка на малите и средни претпријатија. Соработката со Министерството за економија и понатаму продолжува со подготовка и имплементација на пообемни проекти со уште поголеми резултати.

Покрај ова, СЕЕД разви и реализира бројни специјализирани обуки од областа на генерален, извршен и финански менаџмент, кои беа поосетени од повеќе од 400 мали и средни претпријатија. Сега СЕЕД располага со широк спектар од специфични програми за обука кои ги покриваат сите аспекти на работењето на малите и средните претпријатија.

 

©MCMS - designed by KOMA