|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Погледи
Загаденоста како заштитен знакИако според Уставот на Република Македонија секој има право на здрава животна средина, како една од темелните вредности на уставниот поредок и основно човеково право - ние граѓаните на Велес сме целосно дискриминирани. Ние сме, за жал, целосно обесправени жители на еден од најстарите градови, кои немаат можност за алтернатива, немаат можност за избор на друго огниште. Ние сме принудени да егзистираме во многу опасна животна средина со застрашувачки последици по физичкото и менталното здравје и животот за нас, нашите деца и нашите идни поколенија.
|  |
|
|
|
|