Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Интервју

   

Јас­мин­ка ФриШЧиЌ, прог­рам-ко­ор­ди­на­тор во нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја ЕСЕ, за из­ме­ни­те во Кри­виЧни­от за­ко­ник со кои прв пат се сан­кци­о­ни­ра се­меј­но­то на­сил­ство
 

Ко­неч­но и во Ма­ке­до­ни­ја каз­ни за на­сил­ни­ци­те во до­мот

Марија Кука

Прв пат во Ма­ке­до­ни­ја е сан­кци­о­ни­ра­но се­меј­но­то на­сил­ство, што е но­ви­на во Кри­вич­ни­от за­ко­ник?
Нај­пр­во да го из­ра­зам мо­е­то ог­ром­но за­до­вол­ство, ду­ри и из­не­на­ду­ва­ње, би­деј­ќи по пос­лед­ни­те нај­а­ви ни бе­ше ка­жа­но де­ка ду­ри при кра­јот на пр­ва­та по­ло­ви­на на оваа го­ди­на ќе би­дат ус­во­е­ни из­ме­ни­те во кри­вич­ни­от за­ко­ник. Но, ка­ко и да е, Ма­ке­до­ни­ја нав­ле­гу­ва во ре­дот на зем­ји кои се­меј­но­то на­сил­ство го ре­ша­ва­ат на це­лис­хо­ден на­чин. Из­ме­ни­те во за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва мо­мен­тал­но се во соб­ра­ни­ска про­це­ду­ра, а пред пра­те­ни­ци­те е и пред­лог-за­ко­нот за се­меј­ство. Нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја ЕСЕ, за­ед­но со аме­ри­кан­ска­та Ад­во­кат­ска асо­ци­ја­ци­ја, од­нос­но Прав­на­та ини­ци­ја­ти­ва за Ев­ро­па и Ев­ро­а­зи­ја, уш­те во 2000 го­ди­на ги пред­ло­жи из­ме­ни­те во кри­вич­ни­от за­ко­ник. Из­ме­ни­те што ги под­не­сов­ме то­гаш до Ми­нис­терс­тво­то за прав­да се­га се ста­пе­ни во си­ла. Кај нас прв пат е де­фи­ни­ран по­и­мот се­меј­но на­сил­ство, од­нос­но оваа по­ја­ва е де­фи­ни­ра­на ка­ко не­га­тив­на оп­штес­тве­на по­ја­ва што со са­мо­то неј­зи­но ин­кор­по­ри­ра­ње во рам­ки­те на кри­вич­ни­от за­ко­ник ка­жу­ва за ста­вот на др­жа­ва­та де­ка се­меј­но­то на­сил­ство таа го сме­та за се­ри­оз­но кри­вич­но де­ло и де­ка таа по­ја­ва тре­ба и мо­ра да би­де сан­кци­о­ни­ра­на.

Што зна­чат овие пред­ло­зи во рам­ки­те на кри­вич­ни­от за­ко­ник?
Пред­ло­зи­те зна­чат из­ме­ни во тре­ти­ра­ње по­ве­ќе кри­вич­ни де­ла, од­нос­но до­пол­не­ти се глава­та за од­ре­де­ни кри­вич­ни де­ла кои и по­ра­но пос­то­е­ја во рам­ки­те на кри­вич­ни­от за­ко­ник. Во кри­вич­ни­от за­ко­ник во г­лавата ка­де што се ре­гу­ли­ра­ни кри­вич­ни­те де­ла про­тив жи­во­тот и те­ло­то, се­меј­но­то на­сил­ство е ин­кор­по­ри­ра­но во рам­ки­те на кри­вич­но­то де­ло уби­ство, ин­кор­по­ри­ра­но е и во рам­ки­те на кри­вич­но­то де­ло уби­ство на миг, ка­ко и во рам­ки­те на кри­вич­но­то де­ло те­лес­на пов­ре­да и теш­ка те­лес­на пов­ре­да. Со овие од­дел­ни че­ти­ри ин­тер­вен­ции се ре­гу­ли­ра­ат нај­чес­ти­те об­ли­ци на фи­зич­ко­то пов­ре­ду­ва­ње, со што се сан­кци­о­ни­ра фи­зич­ки­от об­лик на се­меј­но­то на­сил­ство. Во кри­вич­ни­от за­ко­ник се ин­тер­ве­ни­ра­ и во г­лавата што се од­не­су­ва на кри­вич­ни­те де­ла про­тив пра­ва­та и сло­бо­ди­те на чо­ве­кот и на гра­ѓа­ни­нот. Ту­ка, ис­то та­ка, има кон­крет­ни ин­тер­вен­ции во рам­ки­те на чле­нот ка­де што е ре­гу­ли­ра­но кри­вич­но­то де­ло на при­сил­ба, на про­тив­прав­но­то ли­шу­ва­ње од сло­бо­да и заг­ро­зу­ва­ње на си­гур­нос­та. Си­те овие кри­вич­ни де­ла по­ве­ќе се од­не­су­ва­ат на пси­хич­ко­то на­сил­ство, вли­ја­нието врз пси­ха­та на жрт­ва­та и неј­зи­но­то фор­ми­ра­ње на вол­ја­та, на­чи­нот на фор­ми­ра­ње на вол­ја­та, ка­ко и неј­зи­но дејс­тву­ва­ње. Зна­чи, ста­ну­ва збор за се­ри­оз­ни за­ка­ни по­ра­ди кои жрт­ва­та би сто­ри­ла неш­то што во нор­мал­ни окол­нос­ти, без при­ти­сок, ни­ко­гаш не би го нап­ра­ви­ла. Во овој дел на за­ко­ни­кот е ре­гу­ли­ра­но и ог­ра­ни­чу­ва­њето на фи­зич­ка­та сло­бо­да и на­чи­нот на дви­же­ње. Тоа е ре­гу­ли­ра­но во де­лот за  про­тив­прав­но­то ли­шу­ва­ње од сло­бо­да, а ин­кор­по­ри­ра­на е и гла­ва­та за заг­ро­зу­ва­ње на си­гур­нос­та ко­ја се од­не­су­ва на на­ру­шу­ва­ње на пси­хич­ки­от мир и пси­хич­ка­та сло­бо­да на са­ма­та жрт­ва. Пок­рај овој об­лик, ка­ко по­доб­лик суб­ли­ми­ран во оваа г­лава е и де­лот што се од­не­су­ва на по­ло­ва­та сло­бо­да и по­ло­ви­от мо­рал. Ту­ка е нап­ра­ве­на ин­тер­вен­ци­ја во од­нос на си­лу­ва­ње­то (во де­лот си­лу­ва­ње во брак), обес­чес­ту­ва­ње­то врз не­моќ­но ли­це и уш­те ед­но де­ло кое е на­со­че­но по­ве­ќе кон по­ло­ви­от мо­рал, а тоа е кри­вич­но­то де­ло пос­ре­ду­ва­ње во вр­ше­ње прос­ти­ту­ци­ја.

Во рам­ки­те на кри­вич­ни­от за­ко­ник се ин­тер­ве­ни­ра­ше и во де­лот што се од­не­су­ва на кри­вич­ни­те де­ла про­тив пра­во­судс­тво­то. Ќе мо­же­те ли да  об­јас­ни­те во што се сос­тои оваа ин­тер­вен­ци­ја во за­ко­ни­кот?
Са­кав­ме да ука­же­ме на по­себ­на­та од­го­вор­ност на служ­бе­ни­те ли­ца од кој би­ло про­фил. Зна­чи, до­кол­ку не пос­та­пу­ва­ат по на­ред­би­те кои се од­не­су­ва­ат на гра­ѓан­ски­те мер­ки на заш­ти­та од се­меј­но­то на­сил­ство, а кои се ин­кор­по­ри­ра­ни во не­кој од за­ко­ни­те, ќе мо­ра да се со­о­чат со кри­вич­на од­го­вор­ност. До­пр­ва оче­ку­ва­ме ова кри­вич­но де­ло да би­де по­вр­за­но со не­кои дру­ги од­ред­би кои се во пос­тој­ни­от за­кон.

Имав­те по­ве­ќе кам­па­њи со кои ука­жу­вав­те де­ка се­меј­но­то на­сил­ство во Ма­ке­до­ни­ја е мно­гу при­сут­но. Спо­ред ис­тра­жу­ва­ња­та, се­ко­ја чет­вр­та же­на е жрт­ва на фи­зич­ко мал­тре­ти­ра­ње во се­мејс­тво­то, до­де­ка се­ко­ја вто­ра тр­пи пси­хич­ка тор­ту­ра. Зош­то по­ра­но не се сан­кци­о­ни­ра­ше се­меј­но­то на­сил­ство, да­ли пос­то­е­ја не­как­ви поп­ре­чу­ва­ња?
Не, не ста­ну­ва збор за поп­ре­чу­ва­ња, по­ве­ќе би го на­рек­ла тоа одол­жу­ва­ње. Во Ма­ке­до­ни­ја има­ше пер­и­од ко­га во­оп­што не пос­то­е­ше по­и­мот се­меј­но на­сил­ство. На­је­фек­тив­но поч­на да се збо­ру­ва за се­меј­но­то на­сил­ство од 1995 го­ди­на. Мо­рам да наг­ла­сам де­ка нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се оние кои го ини­ци­раа ре­ша­ва­ње­то на по­и­мот се­меј­но на­сил­ство, оние кои беа то­гаш при­сут­ни и се­га се при­сут­ни во не­фор­мал­ни­от сис­тем на заш­ти­та на жрт­ва­та. Спо­ред ме­не, чле­но­ви­те на нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции при­о­ѓаа кон проб­ле­мот на се­меј­но­то на­сил­ство од мно­гу ис­прав­на по­зи­ци­ја, а тоа е де­ка на жрт­ва­та е пот­реб­на по­мош ко­ја тре­ба да се да­де вед­наш. Но, тоа да­ва­ње по­мош не зна­че­ше и суш­тес­тве­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот на се­меј­но­то на­сил­ство. Мис­лам де­ка во пер­и­о­дот од 1995 до 2000 го­ди­на има­ше пот­ре­ба од не­ка­ков ва­ку­ум-прос­тор во кој се гра­де­ше свес­та за при­сут­нос­та на се­меј­но­то на­сил­ство и пре­поз­на­ва­ње­то на ова зло не са­мо по­ме­ѓу гра­ѓа­ни­те, ту­ку и ме­ѓу нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции. Иа­ко уло­га­та на нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции е го­ле­ма во ре­ша­ва­ње­то на проб­ле­мот на­ре­чен се­меј­но на­сил­ство, мо­рам да пот­се­там де­ка с$ уш­те пос­тои мис­ле­ње де­ка овој вид проб­лем не тре­ба да би­де ре­ша­ван од стра­на на гра­ѓан­ски­от сек­тор. 

По из­ме­ни­те во кри­вич­ни­от за­ко­ник, ка­ко и со пред­лог-за­ко­нот за се­меј­ство, да­ли се ме­ну­ва уло­га­та на цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та и на по­ли­ци­ја­та, чии при­пад­ни­ци до­се­га прак­тич­но не мо­жеа да & да­дат ни­как­ва заш­ти­та на жрт­ва­та на се­меј­но­то на­сил­ство?
Со им­пле­мен­ти­ра­ње на из­ме­ни­те во кри­вич­ни­от за­ко­ник, по­ли­ци­ја­та ќе има пра­во да ја заш­ти­ти жрт­ва­та од на­сил­ни­кот, всуш­ност, при­пад­ни­ци­те на МВР ќе би­дат оние од кои ќе за­ви­си по­на­та­мош­но­то про­це­су­и­ра­ње на слу­ча­јот. МВР стои пред го­лем пре­диз­вик, би­деј­ќи се­меј­но­то на­сил­ство прв пат се сан­кци­о­ни­ра, а по при­ро­да на неш­та­та е раз­лич­но од дру­ги­те кри­вич­ни  де­ла  ре­гу­ли­ра­ни со кри­вич­ни­от за­ко­ник.

МВР, ка­ко и си­те дру­ги што се вклу­че­ни во кри­вич­но-прав­ни­от сис­тем, поч­ну­вај­ќи од Јав­но­то об­ви­ни­тел­ство, па до су­ди­и­те, тре­ба да би­дат обу­че­ни во од­нос на осоз­на­ва­ње не са­мо на по­тек­ло­то и об­ли­ци­те на оваа по­ја­ва, ту­ку и за пос­ле­ди­ци­те кои мо­жат да се ја­ват од неа. Мо­ра да се раз­мис­ли и ве­ро­јат­нос­та од ко­пи­ра­ње на се­меј­но­то на­сил­ство од ид­ни­те ге­не­ра­ции во рам­ки­те на се­меј­на­та за­ед­ни­ца, но и по­ши­ро­ко. Во рам­ки­те на кри­вич­ни­от за­ко­ник има ед­на ек­стен­зив­на де­фи­ни­ци­ја на се­меј­но­то на­сил­ство, а тоа е де­ка ду­ри и врс­ка­та ме­ѓу мом­че­то и де­вој­ка­та мо­же да би­де тре­ти­ра­на ка­ко се­меј­но на­сил­ство до­кол­ку се из­вр­ши не­кој од спом­на­ти­те об­ли­ци на на­сил­ство. Но­ви­те мо­мен­ти при­до­не­су­ва­ат да се дејс­тву­ва не са­мо на јав­на­та свест, ту­ку да се дејс­тву­ва и во из­ди­гнува­ње на про­фе­си­о­нал­на­та свест. Ве­ру­вам де­ка е пот­реб­но да из­ми­не од­ре­ден пер­и­од па да поч­нат да се про­це­су­и­ра­ат од­ре­де­ни де­ла, да се осоз­нае, да се прак­ти­ку­ва таа по­ја­ва, па да се нај­дат не­кои ут­вр­де­ни на­чи­ни на пос­та­пу­ва­ње.

Што се од­не­су­ва до уло­га­та на цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та, таа е де­фи­ни­ра­на и до­пр­ва ќе би­де прос­ле­де­на во пред­лог-за­ко­нот за се­меј­ство. ЕСЕ сме­та де­ка де­лот што се од­не­су­ва на на­ред­би­те за заш­ти­та на жрт­ви­те на се­меј­но на­сил­ство мо­ра да би­дат ин­кор­по­ри­ра­ни во гра­ѓан­ски за­ко­ник. Из­ме­ни­те ги под­не­сов­ме до над­леж­ни­те во Ми­нис­терс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, а тие спо­ред свое ви­ду­ва­ње ги ин­кор­по­ри­раа во пред­лог-за­ко­нот. ЕСЕ не се сог­ла­су­ва со нив­но­то ви­ду­ва­ње, па за­тоа под­не­сов­ме но­ви пред­лог-из­ме­ни. Сме­та­ме де­ка на­чи­нот на кој Ми­нис­терс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка са­ка да се ин­кор­по­ри­ра­ат из­ме­ни­те не е во ду­хот на она што тре­ба да прет­ста­ву­ва­ат на­ред­би­те за заш­ти­та. За­тоа, ко­га овој пред­лог-за­кон ќе се нај­де пред пра­те­ни­ци­те, тре­ба да се из­дејс­тву­ва за не­го­во по­на­та­мош­но усо­вр­шу­ва­ње. Зош­то? На не­со­од­ве­тен на­чин се про­пи­ша­ни ин­ге­рен­ци­и­те на цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та и не­со­од­вет­но се ре­гу­ли­ра­ни и на­ред­би­те за заш­ти­та. Она што сме­там де­ка тре­ба осо­бе­но да се ис­так­не е де­ка во но­ви­от пред­лог-за­кон цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та ја пре­зе­ма­ат це­лос­на­та од­го­вор­ност и це­лос­ни­те ин­ге­рен­ции во од­нос на сис­те­мот на заш­ти­та на жрт­ви­те на се­меј­но­то на­сил­ство, но наед­но и на­чи­нот на из­ре­ку­ва­ње мер­ки за заш­ти­та, што не е це­лис­ход­но. Ни­ка­де во све­тот не се про­пи­ша­ни на тој на­чин. По­ја­ва­та на се­меј­но­то на­сил­ство, иа­ко е мно­гу бли­ска до ра­бо­та­та на цен­три­те и нив­ни­от до­мен на ра­бо­те­ње, не е са­мо ни­вени проб­лем.  Спо­ред сво­ја­та при­ро­да, се­меј­но­то на­сил­ство под­раз­би­ра вклу­чу­ва­ње по­ве­ќе ин­сти­ту­ции во ре­ша­ва­ње на овој проб­лем.

Што прет­ста­ву­ва­ат на­ред­би­те за заш­ти­та на жрт­ви­те на се­меј­но­то на­сил­ство?
Она што не е јас­но во пред­лог-за­ко­нот за се­меј­ство се на­ред­би­те за заш­ти­та на жрт­ви­те на се­меј­но­то на­сил­ство. На­ред­би­те за заш­ти­та не се сис­тем на заш­ти­та, ту­ку се мер­ка со ко­ја са­ми­те жрт­ви мо­же да се заш­ти­тат од на­сил­ни­кот, пок­рај ре­гу­ла­ти­ва­та во кри­вич­ни­от за­ко­ник. Зна­чи, жрт­ва­та е таа што од­лу­чу­ва да­ли кри­вич­но ќе го го­ни на­сил­ни­кот или, пак, ќе под­не­се са­ма­та ини­ци­ја­ти­ва до суд­ски­те ор­га­ни, со што ќе мо­же вед­наш и бр­зо да се заш­ти­ти.  Пред­ви­де­но е отс­тра­ну­ва­ње на на­сил­ни­кот од до­мот, заб­ра­на за приб­ли­жу­ва­ње, ка­ко и друг тип мер­ки кои мо­же да ги ба­ра жрт­ва­та. На­ред­би­те за заш­ти­та не зна­чат де­ка др­жа­ва­та ну­ди за­дол­жи­тел­на заш­ти­та на жрт­ва­та. Точ­но е де­ка др­жа­ва­та & ну­ди заш­ти­та, но по неј­зи­но ба­ра­ње. Жрт­ва­та са­ма ре­ша­ва ка­ко ќе го ре­ши проб­ле­мот со се­меј­но­то на­сил­ство. Кри­вич­но­то го­не­ње прет­ста­ву­ва неш­то со­се­ма дру­го, ту­ка ста­ну­ва збор за теш­ки те­лес­ни пов­ре­ди и не­ма вра­ќа­ње на­зад. Но, гра­ѓан­ски­те мер­ки мо­же да пос­лу­жат ка­ко пре­вен­тив­ни и за спре­чу­ва­ње на се­меј­но­то на­сил­ство. Мис­лам де­ка ова ќе би­де ед­на од глав­ни­те по­ен­ти кои ќе ги ко­рис­ти­ме по­на­та­му во од­нос на бра­не­ње на на­ши­те ста­во­ви она­ка ка­ко што сме­та­ме де­ка е ис­прав­но во од­нос на из­ме­ни­те на пред­ло­гот-за­ко­нот за се­меј­ство.

Да­ли гра­де­ње­то на фор­мал­ни­от сис­тем на заш­ти­та го ис­клу­чу­ва пос­то­е­ње­то на не­фор­мал­ни­от сис­тем на заш­ти­та на жрт­ви­те на се­меј­но­то на­сил­ство?   
Во Ма­ке­до­ни­ја, по ус­во­ју­ва­ње­то на из­ме­ни­те во кри­вич­ни­от за­ко­ник и со пред­лог-за­ко­нот за се­мејс­тво­то, до­пр­ва ќе се гра­ди фор­мал­ни­от сис­тем на заш­ти­та. Она што до­се­га пос­то­е­ше и се уш­те пос­тои е не­фор­мал­ни­от сис­тем, од­нос­но сис­те­мот кој го во­дат нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции.

Как­ва ќе би­де уло­га­та на нев­ла­ди­ни­от сек­тор прак­тич­но да про­фун­кци­о­ни­ра она што е ста­ве­но на хар­ти­ја?
Из­ме­ни­те не­ма да зна­чат ниш­то до­кол­ку не се ком­пле­ти­ра це­ли­от сис­тем и, нор­мал­но, до­кол­ку не за­жи­ве­ат ка­ко так­ви. Прет­стои пе­р­и­од ко­га и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции и вла­ди­ни­те ин­сти­ту­ции ќе тре­ба да се ан­га­жи­ра­ат на по­ле­то на по­пу­ла­ри­зи­ра­ње на овие из­ме­ни. Се­ка­ко де­ка пре­суд­на уло­га иг­ра­ат суд­ски­те ор­га­ни. Ко­га ќе се до­не­се пре­су­да за пр­ви­от слу­чај на се­меј­но на­сил­ство што се на­шол во пра­во­суд­ни­от сис­тем, ќе ви­ди­ме ка­ко из­ре­че­ни­те мер­ки на хар­ти­ја фун­кци­о­ни­ра­ат во прак­ти­ка. 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA