Најава на темата од Повикот за акција за меѓународен ден на акција за здравјето на жените во 2001
Жените се издигнаа над сидата
Една од најзабележителните одлики на борбата со епидемијата на ХИВ денес е колку малку програми и политики се однесуваат на животните ситуации на жената. Секојдневниот живот на жената и комплексната мрежа од односи и структури кои го обликуваат се добро познати и добро документирани. И покрај тоа, нашите теории, агенди за истражување, политики и програми не се засноваат и овие искуства воопшто не влијаат врз нив
Стратегиите за спречување на ширењето на ХИВ/СИДА се фокусирани на промоција на употребата на кондоми, намалување на бројот на сексуални партнери и лечење на СТД. Како и да е, повеќето стратегии не ги третираат опшествените и економските односи и односите на моќта помеѓу жените и мажите, меѓу мажите и меѓу жените. Овие односи, заедно со психолошките разлики, во голема мера го одредуваат ризикот за инфекција кај жените и кај мажите, нивните можности ефективно да се заштитат и респективната поделба на товарот на епидемијата.
Овој Повик за акција цели да ги убеди тие што одлучуваат, планерите и спроведувачите на програмите да инкорпорираат родово базиран пристап кон ХИВ/СИДА и СТД во нивните политики и програми. Тоа ја истакнува природата и раширеноста на епидемијата, истражува како ХИВ/СИДА и СТД се одразуваат врз жените и дава предлози за можните пристапи и стратегии за третирање на овие проблеми.
(NewsLetter 71Woman’s Global Network for Reproduction Rights, 2000)
|