деца
ЕВРОПСКИ ФОРУМ
За подобра детска градинка
Здружението “Европски форум” од гевгелиското село Миравци го реализира проектот “За нашите деца, една подобра и поубава детска градинка”, со кој децата од ова место добија простор за најважната детска активност - играње, запознавање на светот и растење. Со проектот, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија - Скопје, беше уреден дворот. Неуредениот, запуштен и зараснат двор, кој таков беше со години, претставуваше и основна причина за слабата посетеност на градинката од страна на децата. Но, најважното достигнување со овој проект, како што сметаат во здружението “Европски форум”, е што луѓето сфатиле дека за да се подобрат нештата во нивната околина, тие самите треба да се ангажираат. Подигната е јавната свест и е поттикнато волонтерството. Проектот за детската градинка, во која сега е побучно и повесело, го помогнаа и РО “Детска радост” од Гевгелија, Фондот за животна средина при соодветното министерство и ЈП за водовод и канализација од селото. М.И.
|