Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 23 Јануари 2003  Погледи

Погледи: Александар Кржаловски

Раселени, поплавени, заборавени 

Денешниве „Погледи“ сакам да ги завртиме кон лицата кои се нашле во загрозена состојба предизвикана од разни катастрофи (предизвикани од човекот и природни), нивните проблеми и улогата на граѓанските организации во нивното разрешување.

Во нашиот контекст имаме примери за двете, а тука, пред сe, мислам на ра­селените лица од кризните подрачја од конфликот во 2001 година и лицата погодени од неодамнешните поплави во Кумановско.

Во Македонија има околу 9.000 внат­решно раселени лица од 2001 година, а ним им се придружија уште околу 4.000 лица од поплавените подрачја. Веро­јатно малку луѓе знаат дека сe уште има и 35 бегалци од војната во Босна и Херцеговина (пред 1995 година) и околу 3.500 (главно Роми) бегалци од ко­совската криза (1999 година). А ги спомнувам бидејќи слично се случува и со останатите. По дваесет месеци од раселувањето, с$ помало е вниманието на раселените лица. Семејствата во колективните центри сето ова време живеат во една соба (во некои случаи и три генерации заедно).

По еднонеделното секојдневно при­суство во медиумите, веќе нема вести од поплавените подрачја. Поплавите по­минаа и веќе не се известува дека во прифатните центри на 120 m2 пре­стојуваат 110 лица.

Какви права имаат овие луѓе?

Најдобро е сите да се вратат во своите домови, колку што може побрзо. Тоа и го направија над 160.000 лица кои беа раселени во текот на конфликтот во 2001 година. Тоа е обврска на државата - да обезбеди безбедни услови за враќање во домовите, а раселените имаат право да се вратат.

Меѓутоа, не сите можат да го направат тоа. Сe уште не се реконструирани дел од уништените живеалишта. Тоа е главен проблем за етничките Албанци (2/3 од раселените лица). За Македонците од Арачиново и за Србите од Матејче проблем број еден е безбедноста. Тие сметаат дека засега нема услови за безбедно враќање, и тие имаат право да не се враќаат (односно, не смеат да бидат присилно вратени).

Тие имаат и право на надомест на штетата. Неколку организации работеа на поправка и реконструкција на оште­тените објекти, како форма на ре­ха­билитација на состојбата пред униш­тувањето. Тие се раководат според минималните стандарди за хуманитарна помош („Сфера“), според кои треба да се обезбедат пристојни услови (најмалку две соби, кујна и купатило) за живот на семејството (според бројот на членови). Целосното обесштетување (и според важечките закони во Македонија) е обврска на државата.

Исто така, организациите ја обез­бе­дуваат реконструкцијата на куќите или изградба на нови, но на истото место, а не на друга локација (еден од аргу­ментите е спречување на етничкото чистење). Тоа засега е и став на Владата.

Но, што додека се создадат безбедни услови за живот? Колку ќе трае тоа? Веќе поминаа речиси две години. Раселените прашуваат до кога ќе живеат во колек­тивните центри?

Што можат да направат невладините организации, а што другите?

Хуманитарните организации пружија поддршка од почетните моменти на кризите. Се обезбедуваше помош во храна, хигиенски производи, облека и слично. Тие вообичаено први реагираа и даваа пример како треба да се одне­сува во кризни состојби. Поддршката вообичаено е значителна во почетниот период, а овие организации често се критикуваат кога таа ќе се намали. Притоа се заборава на елементот на солидарноста на граѓаните - пошироката популација, од кои таа помош треба да се обезбеди/собере, за потоа да ја дистрибуираат НВО до оние кои имаат потреба.

НВО можат да помогнат со итни интер­венции во акутни кризи (со кратко траење), а кога состојбите ќе станат хронични, тие треба да се решаваат системски, со вклучување на Владата. Така се случи по отворањето на колек­тивните центри, а на Владата е одго­ворноста да преземе мерки за решавање на сегашната состојба на ВРЛ.

Но, како и за секоја друга работа во животот, најмногу треба да направат оние кои се засегнати од проблемот, а тоа се самите раселени лица, нивните здру­женија на граѓани и НВО чија целна група се тие лица. Тие уште од крајот на 2001 година имаат три здруженија во кои се организирани за остварување на своите права. Нивната активност во целиот овој период, со разгледување и предлагање на сите можности за ре­шавање на нивниот статус, иако досега без конкретни резултати, заслужува поддршка во наредниот период.

Ова треба да се случува од неколку причини. Прво, заради отвореноста за разговор кај новата влада, која иако засега е на прилично далечни позиции од ставовите на ВРЛ, покажува подгот­веност за конструктивна расправа и пристап кон решавање на проблемот. Втора причина е достапноста на фон­довите на меѓународната заедница за обнова на живеалиштата, која е обез­бедена уште само за оваа година. Другите НВО треба да продолжат со поддршката на ВРЛ во делот на психо-социјални активности, како и со правна поддршка за процесот на обесште­тување. На крајот, важна е улогата и на медиумите, за да не се оствари про­гнозата од насловот на текстот, да бидат заборавени.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 23 Јануари 2003
Број 23 Јануари
Настани
Календар
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q & A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA