Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Тема

   

 

ТРАНСПАРЕНТНОСТ МАКЕДОНИЈА

Улогата на граѓанското општество во сузбивањето на корупцијата

Во организација на Транспарентност Македонија, на 30 октомври, од 09:00 до 11:00 часот, се одржа секторскиот панел “Улогата на граѓанското општество во сузбивањето на корупцијата”. Претседавач на панелот беше Зоран Јачев, претседател на Транспарентност Македонија, а воведничари беа Џевдет Хајредини, Слаѓана Тасева, Бранислав Саркањац, Ѓорѓи Иванов и Владимир Милчин. Преку видеоизјава, свое обраќање имаше и идниот министер за внатрешни работи на РМ, Хари Костов, кој најави бескомпромисна борба против корупцијата.

Џевдет Хајредини, претседател на коалицијата “Македонија без корупција” дискутираше за економските последици од корупцијата, кои според него, во приватниот сектор се многу поинакви од оние кои се јавуваат како резултат на корупцијата кај носителите на власта.  Она што треба да го следиме од западните земји, како што истакна, е трендот цивилниот сектор да се афирмира како помошник, а не како пречка на државата за сузбивање на корупцијата, вклучуваќи ја овде и улогата на медиумите во борба против оваа појава.

Слаѓана Тасева во своето воведно излагање истакна дека граѓаните гледаат на овој проблем како на туѓа грижа. Тасева како проблем за појавата на корупција ја посочи целосната контрола на извршната над законодавната власт, што според неа е апсурд. Таа ја изрази потребата за воспоставување идна антикорупциска стратегија и потребата граѓанскиот сектор постојано да ја потсетува власта за појавата на корупција и активно и заеднички да учествуваат во нејзиното сузбивање.  

Во воведното излагање Бранислав Саркањац ја постави релацијата граѓанско општество – борба против корупцијата, односно релацијата цивилно општество-држава-пазар, дефинирајќи го граѓанското општество како столб што оди заедно со државата и со пазарот. Според него, со намалување на влијанието на државата, се сечат корените на корупцијата.

Ѓорѓи Иванов потенцира дека корупцијата постои откако постои и човекот. Корумпираноста лежи во власта, во неа е моќта, но граѓанскиот сектор треба да применува стратегија на упорност, да ги отвора темите. Затоа, за сузбивање на корупцијата е потребен придонес од сите нас, споменувајќи го тука како негативност и примањето на макар и најситни подароци.

Владимир Милчин потсети дека кон крајот на овој месец Европската унија организира конференција на тема “Организираниот криминал и корупцијата во регионот”, на министерско ниво. Таа конференција, според Милчин,  е резултат на сознанието на Европската унија за с# поголемото влијание на корупцијата врз општеството, на што граѓанските асоцијации постојано укажуваат. Проблемот, рече тој, се повеќе прераснува во политичко безбедносен проблем, кој ја загрозува иднината, мирот и стабилноста на регионот.

На крајот на панелот беше заклучено дека корупцијата во Македонија постои без разлика на тоа кој е на власт, а во последно време ефектите од неа достигнале такво ниво што ги загрозуваат основите на кои почива државата. Борбата против корупцијата е исклучително сложен процес, а власта не може самата да се справува со неа. Поради тоа, неопходно е вклучување на нов елемент кој ќе биде неутрален и постојан и кој треба да обезбеди: постојаност, стручност и надгледување. Улогата на граѓанскиот сектор е да врши идентификација и притисок, да пружи помош, да следи и да известува, потоа, да застапува и да лобира и при тоа да промовира непартизам, отчетност и транспарентност.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA