ЕД ФЛОРА - КРИВА ПАЛАНКА
Десетгодишнина
Пред две години (во 2001 година), по повод десетгодишнината од своето основање еколошкото друштво „Флора“ од Крива Паланка ја објави публикацијата „Деценија на подем и рас“” чиешто издавање беше поддржано од МЦМС, во која ги опиша сите активности во текот на изминатиот период.
Еднодецениската континуирана и успешна работа на членовите и волонтерите на „Флора”“од Крива Паланка, ја вброи меѓу поуспешните граѓански здруженија во градот и во Македонија. Одбележувањето на овој значаен јубилеј на „Флора“ тогаш се одржа во манастирот Свети Јоаким Осоговски крај Крива Паланка, со присуство на голем број гости - претставници од јавниот и општествениот живот во градот, медиуми и здруженија на граѓани, претставници на донаторите кои што ги поддржаа проектните активности на „Флора“ во изминатиот период.
Д.М.
|