Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 75  Репортажа

Проект на Владата на Република Македонија

Народната кујна во Тетово храни 80 сиромашни семејства

Првиот снег веќе ја прекри Шара, а во Тетово се чувствува зимата. Сепак, ниту студот, ниту дождот и снегот не ги спречуваат стотината семејства секојдневно да се собираат во дворот на градинката “Младост”, веднаш до фабриката “Тетекс” и да ја подадат раката за еден топол оброк.

Од неодамна и во Тетово функционира првата народна кујна во рамките на проектот на Владата на Македонија за отворање народни кујни за најзагрозените категории население во сите градови низ државата. Досега се отворени 21 кујна во земјава, а оваа, во Тетово, е 22. Старци кои едвај се потпираат на бастумите, но и мали деца со едвај навршени две години, се редовни посетители на градинката која, покрај за дечињата кои се нејзини секојдневни посетители, од неодамна готви и за сиромашните. Меѓу нив има и хендикепирани и болни, а голем дел се изнемоштени и не можат секојдневно да доаѓаат по својот топол оброк.

 

Среќен сум што конечно некој се сети на нас

Седумдесетгодишниот Иљми е еден од нив. Вели едвај преживува, бидејќи е болен и сам на светот. Нема кој да му купува, ниту да му зготви храна, самиот живее во семејната куќа и сам се грижи за себе. Нема средства за преживување, освен малата парична помош која како социјален случај ја добива од државата. Но, тоа не му стасува ниту за лекарствата за неговите болести, а уште помалку за храна и облека. Идејата за отворање народна кујна за него е можност барем еднаш во денот да проба топол оброк и да не биде гладен. Со ќесата во раката во која се празните садови од претходниот ден, се доближува до малото прозорче од кујната на градинката низ кое ги подзема денешните полни кутии. Денеска ќе руча супа, пире и плескавици со салата. Задоволен е од храната која се подготвува и што луѓето тука, каде што секојдневно доаѓа, се внимателни и добри. На менито има и компир-манџа, зелка, тетовско гравче, макарони, леќа и други јадења.

“Среќен сум што конечно некој се сети на нас старите, болни и сиромашни и што се отвори оваа народна кујна. Сега, барем нема да мислиме на гладта и како да преживееме до следниот ден. Секојдневно доаѓам овде во градинката точно напладне да го земам ручекот, бидејќи нема кој да ми готви. Имам роднини, но не сакам да им пречам, не можам никој да го присилам секојдневно да се грижи за мене. Вака е подобро, с$ додека можам да излегувам од дома, ќе доаѓам во народната кујна”, вели Иљми.

И Наџи Красниќи секојдневно, заедно со своите деца, сопругот, јатрвата и деверот, доаѓаат по својот оброк. Носител на социјалната помош е нејзиниот свекор Амди, кој е болен и не може да излегува од дома. Тој секој ден ја чува нејзината двегодишна ќерка, додека останатите од семејството одат по храна. Семејството Красниќи брои над дваесетина членови, кои номадски живеат покрај реката Пена во Тетово. Нивните домови се импровизирани куќарки од картони и парчиња пластика. Никој од нив не работи, ниту пак има здравствено осигурување. Примаат минимална социјална помош која не стасува ниту за децата. Пред отворањето на народната кујна, храна наоѓале во контејнерите или, пак, од добрите луѓе кои понекогаш им ги давале остатоците од својата храна. Се снаоѓале и со собирање хартија или железо и продажба по отпадите, но

тоа не е постојана работа која би им обезбедила приходи. Повеќе гладни отколку сити, вели Наџи, но среќни се што сега можат секој ден да добијат барем по еден топол оброк. Го делат еднакво помеѓу сите, а најмногу за децата.

“Благодарни сме многу што ја отворија народната кујна за сиромашните од Тетово. Секогаш за сите има доволно храна, а луѓето се добри, па ако остане нешто повеќе, и тоа ни го даваат. Секој ден има супа и убаво јадење, а сега почнаа да ни даваат и храна за викендите кога не работи градинката. Тоа значи дека мислат на нас што ќе јадеме и тие денови и затоа сме многу благодарни”, вели Наџи.

 

На Тетово му требаат повеќе народни кујни

Сепак, и таа и повеќето од посетителите на народната кујна во Тетово се едногласни дека една кујна е премалку за потребите на сиромашните во овој град. Проблем е тоа што градинката, лоцирана до фабриката “Тетекс”, е далеку од некои тетовски населби, а болните стари лица кои исполнуваат услови да се хранат во народна кујна, не можат да доаѓаат секојдневно. Во програмата на Владата се вклучени само социјалците од градското подрачје, иако списокот со сиромашни од селата, исто така е голем. Засега, велат во Центарот за социјални работи во Тетово, нема услови како да се вклучат и тие во овој проект. Се размислува за проширување на народната кујна во сите четири градинки низ Тетово, за да им биде топлиот оброк попристапен на изнемоштените. Засега, со оглед на тоа дека кујната не функционира ниту еден месец, нема најави за проширување, но во иднина, заради задоволување на потребите, пред с$ на хендикепираните, извесно е дека храната ќе се дистрибуира на повеќе пунктови, во градинките во центарот на градот, во населбата Дреновец и кај спортскиот центар.

Во Центарот за социјална работа велат дека по отворањето на народната кујна, огромен број лица се обраќаат до нив, со молба да добијат дозвола да подигаат топол оброк, но засега бројот е ограничен на корисниците на постојана парична помош кои во градската зона сочинуваат 50 семејства. Бројот е дополнет со уште 30 семејства кои користат социјална помош. Сепак, во Тетовско корисници на парична помош се вкупно 206 семејства, што значи дека во народната кујна храна не добиваат ниту половината од нив. Со барање за топол оброк доаѓаат и пензионери на кои примањата не им се доволни за преживување, самохрани мајки или пак хендикепирани лица кои не добиваат социјална помош.

Во Центарот велат дека засега народната кујна ќе биде лоцирана во градинката “Младост”, но локалната самоуправа треба да размисли за трајно решение.

“Во Тетово постојат напуштени објекти кои лесно можат да се пренаменат и да послужат за оваа намена. Во моментов функционираме само со земање храна од кујната, а во друг случај може на сиромашните да им се послужи ручек во вистинска кујна. Садовите за употреба ги обезбеди локалната самоуправа, која води сметка и за работењето на градинката”, велат во Центарот.

 

Менито е истото како и за децата од градинката “Младост”

Во градинката “Младост”, пак, велат дека менито за народната кујна е истото како и за децата од градинката. Секојдневно се подготвува свежа храна, за која се води сметка да биде разновидна и да ги задоволи нутриционистичките правила. За моментната бројка на посетители на народната кујна не е проблем да се зготви храна, а секој петок се подготвуваат и пакети за викендите со конзервирана храна. Според директорката на градинката, Рамие Даути, нема проблеми ниту за проширување на народната кујна на локациите на другите градинки, доколку во иднина биде така и одлучено. Даути вели дека храна се издава според списокот од Центарот кој го добиваат секојдневно, бидејќи има голем број лица кои доаѓаат и молат за топол оброк, велејќи дека и тие имаат право на тоа.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA