Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Демократија и човекови права

   

ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Примена на Европската Kонвенција за човековите права

На 28 февруари годинава Информативниот центар за граѓанско општество имаше промоција на книгата „Влијанието на Европската конвенција за заштита на човековите права врз националното право и практика”, како и осврт на успешното реализирање на проектот „Практична примена на Европската конвенција за човекови права”.

Водени од фактот дека Европскиот суд за човекови права е институција која дава можност поединецот да побара правда доколку во некоја држава членка на Советот на Европа му се нарушени човековите права, Информативниот центар за граѓанско општество ја започна пионерската работа на ова поле во 1997 година и ја заокружи во 2001 година, организирајќи повеќе специјалистички семинари за адвокати (при што беа обучени над седумдесет адвокати и други професионалци), објавувајќи ја најрелевантната литература од оваа област и дистрибуирајќи ја до сите релевантни и заинтересирани фактори во земјава, и конечно реализирајќи две успешни интервенции на национално ниво преку системите на Европскиот суд за човекови права.

Публикацијата „Влијанието на европската конвенција за заштита на човековите права врз националното право и практика” се обидува да прикаже на кој начин дејствувањето на Европскиот суд за човекови права, кој функционира веќе педесетина години, влијае врз националното законодавство и врз правната практика на земјите членки на Советот на Европа. Во неа се застапени и случаите поднесени пред овој суд против Република Македонија во периодот од 1998 (од моментот на формално стапување во сила на Европската конвенција за човекови права во нашава земја) до 2001 година. Оваа ретроспектива на јасен начин покажува во која мера оваа материја е нова за професионалците од земјава и во која мера е потребно доостручување за да може успешно да се „ракува„ со јурисдикцијата на Европскиот суд во Стразбур.

Серијата семинари „Практична примена на европската конвенција за човекови права” како и издавањето на публикацијата ”Влијанието на Европската конвенција за заштита на човековите права врз националното право и практика” беа финансиски поддржани од холандската организација Пакс Кристи.

Посебна благодарност за несебичното пренесување на своето знаење и искуство при реализацијата на семинарите беше изразена до г-ѓа Маргарита Цаца Николовска, судија во Европскиот суд за човекови права.


Е.Нурединоска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 14 Март 2002
Број 14 Март 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA