2 февруари
Светски ден на водните станишта
Вториот ден од вториот месец во годината е посветен на водните станишта, кои се дом на огромен број растителни и животински видови. Но, водните станишта и нивниот биодиверзитет с$ повеќе исчезниваат од лицето на Земјата. Овие чувствителни еколошки системи се исушуваат, како последица на природните фактори и на човечкиот фактор, или пак се загадуваат, за што исклучителен виновник е човекот. Светскиот ден посветен на водните станишта е повод да се потсетиме на нивната важна улога во финкционирањето на земјиниот глобален еколошки систем, чиј дел, а не и управувач, сме ние.
|