Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 75  Тема

Одржана Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид  

Религијата во служба на меѓусебното разбирање


Од 26 до 28 октомври оваа година, во Охрид , по прв пат во нашата земја, , се одржа Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Темата на конференцијата беше „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот”. Учесниците уште разговараа и за зависноста на мирот од меќурелигискиот мир,  за религијата и образованието, и за придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото. Овој важен меѓународен настан придонесе за подобрување на имиџот на Македонија во светот, а посебно кај нашите партнери и пријатели.

Конференцијата ја организираше Владата на Република Македонија и Министерството за култура, во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. На конференцијата учествуваа повеќе од 300 преставници, од кои 200 беа од верските заедници и религиозните групи, од пеесетина земји од целиот свет. Присуствуваа претставници на Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква во Македонија, на дипломатскиот кор, на македонските дипломатско-конзуларни претставништа во светот, на доминантни религии од сите континенти, меѓународни фондации, како и делегација од Ватикан.

Светската конференција за меѓуре­лигиски и меѓуцивилизациски дијалог се одржа во рамките на двете актуелни декади на Обединетите нации и УНЕСКО: Декада за дијалог меѓу цивилизациите и Декада за култура на мирот. Собирот претставува и имплементација на Декларацијата усвоена на Регионалниот самит на ниво на претседатели на држави на Југоисточна Европа одржан во Тирана во 2004 година под покровителство на УНЕСКО на тема „Интер-религиски и интер-етнички дијалог”.

Оддржувањето на оваа светска конференција во Македонија претставува продолжение на неколкуте значајни регионални форуми и конференции одржани во земјава, како што се Регионалниот форум на ниво на претседатели на држави на тема „Дијалог меѓу цивилизациите” под покровителство на претседателот Борис Трајковски и генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура, одржан во август 2003 година во Охрид, Балканската конференција „Балкански меѓурелигиски дијалог”, одржана во мај 2006 година во Охрид и Третата регионална конференција на министрите за култура на тема  „Културното наследство мост кон заедничка иднина”, во соработка со Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција - БРЕСЦЕ, одржана во ноември 2006 година во Охрид.

Со одржувањето на оваа Конференција, преку размена на мислења и искуства на претставниците на различни религии и култури, се настојува да се покаже дека светот може преку дијалог и активна заложба да се смени во динамична област во која луѓето ќе ја потврдат и реафирмираат убавината, творечката моќ на разликите, да ја унапредуваат културната размена, соработката, како и богатството и потенцијалот што таа го носи. Ваквите настани можат да одиграат клучна улога во надминувањето на религиозните и расни предрасуди, како и цивилизациски нетрпеливости, притоа негувајќи го вековното традиционално разбирање во меѓуетничкото и меѓуре­лигиозно коегзистирање.

Една од целите на конференција е преку обновувањето на взаемната доверба, враќањето кон традиционалните вредности преку богопочитување и почитување на ближниот, воспос­тавувањето на меѓурелигискиот и меѓуцивилизациски дијалог, да се помогне светот да се ослободи од предрасудите, подвоеноста и заблудите, а сите ние да се посветиме на креирањето на еден подобар свет. Предрасудите и подвоеноста, а со тоа и непочитувањето, доаѓаат од непознавањето или недоволното познавање на посебеностите на секоја вера посебно. Уште повеќе, на овој начин ќе се намалуваат и шансите и тежненијата на одделни верски кругови да водат војна за превласт, односно за доминација. Ова појава посебно е присутна во мултиетничките и мулти конфесионалните друштвата. Бидејќи и нашата земја е таква, а во кај нас до сега немало такви појави, или не се манифестирани на некој груб и шетен начин, на присутните од странство може да им послужи како пример на заемната толеранција и градење на коректни односи меѓу верксите заедници и религиозните групи.

Значајно за Македонската православ­на црква, освен одржувањето на овој зна­чаен настан, беше присуството на митрополитот Лаврентиј од Српската православна црква, што претставува чекор напред во надминувањето на спорот за признавање на автокефалноста на МПЦ, абсурден и аркаичен став, кој што трае со децении, кол шти ги оптоварува не само односите меѓу двете цркви, туку и на двете држави. Неговиот настап даде надеж дека работите ќе се движат кон подобро.

На отварањето на конференцијата гово­реше премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан. Присуството и говорот на премиерот на земјата, беше знак и доказ колку нашата земја го цени овој дијалог и колку вложи за тој дијалог да се одвива на конструктивен начин. „Со денешната Конференција, Охрид се збогатува со уште еден значаен симболизам на почетокот на овој милениум, како постојан домаќин на темата која е многу значајна и влијателна во современото живеење - дијалогот меѓу религиите и цивилизациите”, рече премиерот Груевски во неговото обраќање. 

 
Нема вистински мир меѓу народите без вистински мир меѓу религиите

На оваа тема имаше навистина што да се слушне, како од свештените лица, така и од другите претставници на земјите од кои доаѓаа. „Мирот, меѓусебното почитување и соживотот се од животна важност во еден свет каде тврдите ставови честопати раѓаат неразбирање и болка и доведуваат до смртно насилство. Дијалогот е вистинскиот пат да се пронајдат нови решенија на овие штетни конфликти и напнатости кои на општеството му донесуваат многу зло. Обновата на меѓусебната доверба и отвореноста на дијалогот меѓу религиите и цивилизациите    делотворно придонесуваат за ослободување на светот од разочарување, предрасуди и поделба, и унапредуваат една ефикасна педагогија на мирот втемелена на доверба и пријателство”, кажа кардинал Винко Пулиќ, надбискуп Сараевски, кој ја предводеше делегацијата на Ватикан. Абдул Салам Ал Бади од Јордан, претставник на кралот и негов советник за вера, рече дека откако постои државата кај нив постои и веронауката. Ова материја е различно решена во различни земји и региони. Има повеќе земји кои што сега ги прават првите чекори во регулирање со закон на ова материја. Ова посебно се однесува на земјите кои штотуку го напуштија политичкото едноумие. И сега при градење на плурално општество, се грижат и за веронауката. Но има и друга начин на учење на веронауката.

За Иларион Алфејев, епископ Виенско-Австриски од Руската православна црква, ова е дебата за човекот и неговата природа, а не само за црквите. За политиката и религијата дебатираше Душан Чаплович, заменик-претседател на Владата на Република Словачка според кого најголемата опасност е поврзувањето на фундаменталните религиски вредности со екстремниот национализам и со политиката. Затоа тој смета дека политиката мора да биде поделена од религијата.

Религијата во образованието – нејзината улога во трансформацијата на општетсвото

Специјалниот претставник на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија Ерван Фуере, кој прв говореше на оваа тема истакна дека политиката не може да се практикува без етика и оти овој збор треба да ги инспирира светските водачи. „Пораката од оваа Конференција би била упатена кон денешните светски водачи да бидат инспирирани од патронот Томас Мор кој е пример на промоција на правдата, како и да се потсетат властите за нивните одговорности и должности кон луѓето кои ги претставуваат”, рече Фуере.

На ова тема се осврна и Кардиналот Винко Пулиќ, кој смета дека само со веронаука ќе има здрав образовен систем, и тоа го поткрепи со искуството од Босна и Херцеговина, „Бидејќи сум од држава со повеќе конфесии, ние, едни на други си ги проверивме содржините од учебниците и сега се е добро”. На пример Еврејската заедница во Југоисточна Европа, веронауката ја реализира преку граѓанско образование. Пред учесниците на Конференцијата се обрати и неговото високо преосвештенство Јован, митрополит Корчански од Албанија, кој меѓу другото рече дека да се сака една нација не значи дека теба да се мрази друга. - Православната црква не ја оправдува идејата за војната, бидејќи војната е грев и зло и црквата треба да се бори против неа, додаде митрополитот Јован. Деканот на Православниот богословски факултет од Скопје Ратомир Гроздановски нагласи дека во современото културно развивање на новите процеси и реформи, верата и црквата имаат улога на профилактичка дејност. - Во спротивно ако се исклучи улогата на верата, тогаш кај луѓето може да се развие нетолеранција кон другите и кон поинаквите, да се отфрла неистомисленоста и да се создава одбојност кон мултикултурноста, а да се развива радикализмот, додаде тој.

 

Придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото

Пред учесниците на конференцијата, на оваа тема беше презентирана пораката на Даисаку Икеда, претседател на будистичката асоцијација „Сока Гакаи Интернешнел” во која се вели дека Република Македонија е идеално место во кое се одржува ваков суштествен дијалог што ги спојува цивилизациите. „Рамките за мир кои се обоени од меѓународните политики и економии се мотивирани од лични интереси и можат да бидат пречка за мир. Мора да најдеме начини да направиме заеднички мир. Културите што се богати со диверзитет можат да се изразат себеси подобро отколку политичките ентитети. Дијалогот и размената може да не доведе до хармонија. Убеден сум дека дијалогот меѓу нациите и религиите ќе помогне да се создаде голема визија за иднината”, порачува Икеда. Митрополитот Киријакос Теофилос од Сириската православна црква во Индија во обраќањето до учесниците рече дека црквата треба да започне нова ера на меѓуверски дијалог. „Луѓето треба да го прифаќаат доброто во сите религии. Мајка Тереза не проповедаше туку беше жив дијалог. Мора да ги победиме предрасудите и да го гледаме партнерот со заедничка доверба и почит”, посочи митрополитот Теофилос.

Учесниците на Светската конференција избраа Меѓународен организациски комитет кој ќе работи на подготовките за наредната Светска конференција што ќе се одржи во 2010 година во Охрид. За извршен секретар на Комитетот е избрана Елизабета Канчевска-Милеска. На крај на Конференцијата, учесниците усвоија Декларација за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво. Со Декларацијата се осудуваат сите форми на верско насилство и нетолеранција, злоупотребата на верата, како и на сите видови на дискриминација и делување кои го понижуваат достоинството на човекот. Се молат верниците на сите религии да делуваат според принципот на реципрочност, да се однесуваат кон другите како што би сакале тие да се однесуваат кон нас.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA