Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Концепти

   

Мобилизација на ресурси ИВ

 

При избор на стратегијата за мобилизација на ресурси потребно е да се направи поценка на одредени аспекти на опкружувањето, капацитетите и јаките страни на организацијата. 



Што треба да се процени?

ќ   Какви ресурси се потребни?

ќ   Кои ресурси се веќе на располагање? Колку пари и време можеме да инвестираме во мобилизација на ресурси?

ќ   Кои се локалните навики за давање (индивидуални и корпоративни)?

ќ   Кои се трендовите во меѓународната поддршка (официјална меѓународна поддршка, приватни фондации)?

ќ   Дали имаме доволно вештини за фандрејзинг (собирање средства)? Доколку не, како можеме да ги најдеме или стекнеме?

ќ   Како поширокото опкружување, на пример правната рамка, влијае на непрофитниот сектор и напорите за мобилизација на ресурси?

 

Кои се јаките страни на успешните организации во мобилизација на ресурси?

ќ? Јаки релации со локалната заедница

ќ? Фокусот на мобилизацијата на ресурси не е само на себеси

ќ? Пристап до форми на сигурно финансирање

ќ ?Кохерентна мисија и цели коишто се широко прифатени

ќ? Сметководствени системи коишто осигуруваат дека ресурсите завршуваат онаму за каде биле наменети

ќ? Воспоставени канали/процедури за редовна комуникација со донаторите и потенцијалните донатори кои обезбедуваат транспарентност и отчетност

 

Кои се некои од стратегиите за мобилизација на ресурси?

- Донаторско финансирање

Донаторското финансирање кај нас досега се сметаше дека е по­­лесната или преферираната опција за граѓанските организации, меѓутоа, има голем број причини зошто не можеме да се пот­­преме само на овој тип финансирање. Главната причина е про­мената во фокусот на донаторите. Исто така, граѓанските ор­ганизации трпат од промените на приоритетите на донато­ри­те. За да се намали зависноста, добро е да се направи диверзифи­ка­ција на донаторите. 

 

Заработен приход од наплати, продажби и тендери

На­платата на услуги и продажбата на производи претставува ос­но­ва за генерирање приходи. Нудењето услуги и производи на ком­ерцијална основа треба да биде внимателно промислено зашто граѓанските организации имаат развојна мисија. Во вакви си­туации често може да дојде до значително оддалечување од мисијата.

Пријавувањето на тендери е уште една можност. Тендерите нај­чес­то се многу специфични и тендерските документи даваат пре­цизно објаснување за тоа што се бара. Предлогот треба да даде објаснување на кој начин треба да се спроведува испораката, зошто вие би биле добри во тоа и цената за работата. Ова тогаш ја формира основата за вашиот договор доколку вие ја добиете работата, и затоа би требало да посветите соодветно внимание во подготовката на предлогот.

 

- Членарина

Некои организации наплаќаат членарина од нивните членови за покривање на трошоците за водење на организацијата. Ова зна­чи дека членовите треба да имаат некаква корист од плаќањето на членарината - често ова вклучува намалени цени за други ус­луги, продукти или курсеви, или претплата на списание, билтен или весник што инаку се продава по повисока цена.

Чле­нарините можат да донесат поголеми приходи ако: имате широко членство и понудите уникатна или квалитетна услуга. 

 

- Јавно собирање средства

Јавното собирање средства може да подразбира: директни пови­ци преку пошта, специјални настани (како прославите за „Денот на Европа”), собирање на улица, собирање во кутии, собирање од врата на врата итн.

Клучното прашање за јавното собиање средства е имиџот на вашата организација.

 

Сунчица Саздовсака
Раководител на Одделението за граѓанско општество и демократија
МЦМС

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA