|
СОЖМ Посета на организации од Бугарија и од Албанија
Сојузот на организациите на жените на Република Македонија беше домаќин на студиски престој на група жени од Бугарија и од Албанија, во рамките на проектот „Вмрежување за успех - зголемување на учетсвото на жените во одлучувањето и во имплементацијата на Балканот”. Проектот е финасиран од Европската иницијатива за демократија и човекови права од Брисел. Престојот беше реазлизиран од 5 до 9 јуни, оваа година.
Во рамките на нивната посета во Македонија тие беа гости на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде беа запознаени со работата на организацијата. Исто така беа посетени и ЕСЕ, Одделението за рамноправност меѓу половите, Македонското женско лоби, градоначалникот на град Скопје, Ристо Пенов, и др.
Средбите беа искористени за презентација на состојбите на жените во Македонија во областа на одлучувањето. Исто така беа воспоставени контакти и можности за соработка меѓу институциите и невладиите организации од трите земји.
Г. Шабани
|