|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Коментар
Коментар„А, бе парче ве направија овие во медиумите!” Ова беше најчестиот коментар на (не)добронамерните поврзан со написите во дневниот и неделниот печат (поретко во електронските медиуми) во деновите на екстремно висок интерес за работата на граѓанските организации во Македонија. Ваков интерес за граѓанските организации немало уште од изборите за претседател на ССУКМ во 2002 година кога организацијата (за жал, поради негативните вести) стигна на насловните страници на печатените медиуми и во ударните термини за вести на електронските медиуми. |  |
Справување со сиромаштијата
Македонија се прашува како да се преживее со 150 денари на ден?Како сиромаштијата влијае врз севкупното општествено живеење? Сиромаштијата раѓа и духовна сиромаштија. Македонските ученици се прогласени за најслаби во регионов, најголем број новороденчиња умираат во Македонија, здравството ни тоне с$ повеќе и повеќе, а бројот на невработените порасна за 10.000 само за една година |  |
Концепти
ДовербаВо овој и во следните неколку броја ќе ви презентираме делови од Извештајот за довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија. Извештајот е подготвен на основа на две анкети: Довербата во граѓанските организации и Добротоворството во Република Македонија. Анкетите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во април 2006 година. Извештајот го подготви Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). |  |
интервју: Сашо Додовски. административен директор во МКЦ во Битола
интервју: Сашо Додовски. административен директор во МКЦ во БитолаМладите луѓе можат своите креативни потенцијали да ги откриваат и развиваат и во Младинскиот културен центар во Битола, кој успеа да заземе почитувано место во градот и во НВО-секторот во земјава. На што главно есенва ги фокусирате вашите активност |  |
Историјат на граѓанското општество
61 година ООН, 25 години Џез фестивалОрганизацијата на Обединети нации (ООН) го прослави 61. роденден, на Денот на ООН, 24 октомври. Канцеларијата на ООН во Македонија прославата ја одбележа во Скопје, со Отворен ден во Рамстор. Во фокусот беше кампањата „Станете”, со цел да се подигне свеста за Милениумските развојни цели и да се поддржи борбата против сиромаштијата. |  |
претставување
Граѓанско движење Разбуди се! -СкопјеГраѓанското движење „Разбуди се!” на 18 октомври во Скопје ја организира трибината „Дијалог меѓу политичките партии - патот напред”, на која учествуваа лидерите на политичките партии во Македонија и претставници на меѓународната заедница. |  |
Алтернативен начин за намалување на невработеноста кај младите во ЈИЕ
“Зелените” вработувања се иднината на општина ОрестидосЕколошкиот, културниот, селскиот туризам, како и разните форми на алтернативен туризам, производството на здрава храна, планинарењето и рекреативното движење низ планините и речните кањони, шумарството, собирањето и преработката на шумските плодови се дел од работните места кои можат да се означат како “зелени”, а кои се применуваат во општината Орестидос, која и припаѓа на префектурата Костур, во северозападна Грција |  |
Мрежа на организациите на млади од Југоисточна Европа СЕЕИН (SEEYN)
НАГРАДИ ЗА РАЗВОЈ НА ВОЛОНТЕРСТВОТОТринаесет организации и поединци од Босна и Херцеговина, од Македонија, од Хрватска, од Црна Гора и од Србија се овогодинешните лауреати на наградите за развој на волонтерството во Југоисточна Европа |  |
Апел за заштита на културната сопственост на Израел и на Либан
Покрај човечката трагедија, и културна катастрофаЕУРОПА НОСТРА, паневропската федерација за наследство, е репрезентативна платформа на над 200 активни невладини организации за наследство низ Европа |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|