|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Крива Паланка
Јавна расправа за далноводот Македонија-БугаријаВо Собранието на општина Крива Паланка, во организација на Електростопанство на Македонија, на 16 април годинава се одржа јавна расправа на темата „Изградбата на нов далновод помеѓу Македонија и Бугарија и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од неговата изградба и работа“.
|  |
ЕКО-АВТОБУС
Малку поинаку, многу подоброПо повод 22 април, денот на планетата Земја, а во рамките на проектот „Еко-автобус“, Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје на 19 април годинава организира промоција на два автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои работат на природен гас. Промоцијата се организира под мотото „Малку поинаку, многу подобро“. „На сите заинтересирани им поделивме печатен материјал со податоци за загадувањето во Скопје и во Македонија, особено од загадувањето од транспортниот сектор и какви би биле придобивките за животната средина доколку автобусите од јавниот транспорт се пренаменат да користат природен гас“, изјави координаторот на Проектот, Владимир Карчиски од „Проактива“.
|  |
НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Едукација на најмладитеМеѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Франкофонската градинка. Децата од овие две градинки организираа приредби за своите родители и гостите.
|  |
|
|
|
|