Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Свет  Искуства од регионот

Апел од Котор

Го пренесуваме јавниот апел на Мрежата Наследството на Југоисточна Европа (СЕЕ Херитаге) во која членуваат здруженија на граѓани што работат во областа на заштитата на културното наследство во регионот. Апелот е упатен од средбата на мрежата во рамките на која се одржа работилницата „Девастација на културното наследство”, во Котор, Црна Гора, од 8-10 февруари 2008 година.

До локалните и централните власти на
Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора

 
ЈАВЕН АПЕЛ

Стоп за неодговорниот однос кон културното и природното наследство

Мрежата Наследството на Југоисточна Европа (СЕЕ Херитаге Нетњорк) упатува итен апел до локалните и централните власти на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, за заштита на културното и природното наследство во овој регион кое е во голема мера загрозено.

За време на регионалната средба во Котор (Црна Гора),  невладините организации кои ја сочинуваат Мрежата идентификуваа неколку од најголемите проблеми со кои се соочува културното и природното наследство во регионот на Југоисточна Европа.

Процесот на транзиција во овој регион предизвикува неконтролиран урбанистички и рурален развој, особено преку неадекватното просторно планирање, како на пример во  Котор (Црна Гора), Петролифера во заливот Влоре (Албанија), историското јадро на Сплит со Диоклецијановата палата (Хрватска), Касмил (Албанија), Охрид (Македонија), Старото градско јадро на Белград (Србија); масовниот туризам (Албанија, Хрватска и Црна Гора); експанзијата на индустријата и инфраструктурата во историските зони, како на пример во Трогир (Хрватска), Радмиља (Босна и Херцеговина).

Наследството е загрозено и од непостоењето на или неадекватното одржување, како на пример во Старата скопска чаршија (Македонија), Петроварадинската тврдина во Нови Сад (Србија), Стариот град во Призрен (Косово), Дурас (Албанија), средовековните тврдини во Босна и Херцеговина; и неадекватното управување со културните добра - Дубровник (Хрватска), Пераст (Црна Гора), саревската Баш чаршија (Босна и Херцеговина).

Како резултат од негрижата, загрозено е природното богатство и културните пејсажи, како на пример: Охридското езеро (Македонија), Бока Которска (Црна Гора), руралното наследство на Столац (Босна и Херцеговина).

Мрежата Наследството на Југоисточна Европа, имајќи ја за цел заштитата и промоцијата на наследството како зедничка вредност на регионот, ја изразува својата најдлабока загриженост во врска со овие проблеми кои влијаат на уништувањето на заедничкото движно, недвижно и нематеријално наследство, особено архивското, индустриското, руралното, архитектонското и културните пејсажи.

Мрежата го упатува својот апел до локалните и централните власти во овие земји со цел да престане неодговорниот однос кон уништувањето на заедничкото наследство и од истите бара:

целосна примена на принципите за заштитата на културното наследство при процесите на планирање и развој

поголемо учество на експерти во овие процеси

поактивно вклучување на локалните заедници и овозможување јавно учество во процесите на одлучување

Мрежата Наследството на Југоисточна Европа смета дека културната, етничката и верската различност е вреден ресурс на овој регион. Верува дека не можеме да ја градиме нашата Иднина доколку го уништуваме нашето заедничко Минато.

Котор, Црна Гора, 10.02.2008

Мрежа Наследството на Југоисточна Европа

(Македонија: Фондација Институт отворено општество – Македонија; Албанија: Албаниан Натионал Труст, Бутринт Фоундатион, Мјафт! Мовемент; Босна и Херцеговина: Цултурал Херитаге њитхоут Бордерс Регионал Оффице, Фондација Мозаик; Косово: ЕЦ МА НДРЅСХЕ; Србија: АРЦХ – ЛУК, Субурбиум, Еуропа Ностра – Сербиа; Хрватска: Про Торпедо, Пријатели на културното наследство на Сплит; Црна Гора: Еџпедитио, Нотар и Пројектор). 

М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA