|
ИРЕКС ПРОМЕДИА – МАКЕДОНИЈА
Поддршка на независните медиуми
Промедиа е програма на американската организација IREX (International Research & Exchange Board), чија цел е поддршка на независните медиуми во регионот на Централна и Источна Европа. Програмата веќе 4 години се спроведува низ целиот регион, потпомагајќи го развојот на независните гласила како едно од есенцијалните средства за развој на демократските процеси.
Во Македонија, IREX Promedia започна да работи минатата година, а програмата ќе трае до 2002-та. - Досега, поддржани се неколку проекти во функција на зајакнување на инфраструктурата на на асоцијациите и организациите на медиумите, како на пример, Здружението на приватните радиодифузери – ни рече г-ца Катерина Спасовска, локален координатор за медиуми на оваа програма. – Помагаме во претсруктуирањето и реконструкцијата на тие здруженија. Во тој контекст, IREX Promedia е и коосновач на МИМ - Македонскиот институт за медиуми. Во моментов, еден од проектите на кои работиме е Етичкиот кодекс на новинарите, во соработка со Здружението на новинарите на Македонија. Она што е исто така приоритетно за ИРЗ Промедиа се тренинзите за спроведување на бизнисот на медиумите, во рамки на проект за развој на рејтинг-системот во електронските и печатените медиуми. IREX Promedia во Македонија е фокусиран на реформите на легислативата, развој на социјациите, подобрување на нивото на новинарскиот професионалиам, и помош на приватните медиуми во подобрување на нивната компетитивност. Со овие активности, IREX Promedia во Македонија има за цел да го подобри пристапот на македонските граѓани до објективна, неутрална и нефаворизирана информација и на тој начин да помогне во создавањето на подобро информирана јавност, која ќе земе активно учество во политичките, економските и другите одлучувачки процеси во земјата. М.И.
|