ИНСТИТУТ ЗА ТРАЈНИ ЗАЕДНИЦИ
Брошури за формирање граѓански здруженија
Македонската „експозитура” на Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од Вермонт, САД, во рамките на Програмата за демократска соработка, издаде три брошури наменети за групи граѓани кои сакаат да основаат здружение на граѓани.
Првата брошура има наслов „Здружение на граѓани – што е тоа?” и дава опис на функциите, карактеристиките и активностите на граѓанските здруженија; втората, под наслов „Формирање на здружение на граѓани”, упатува на прашањата и постапката пред формирање на здружението и процедурата за основање и регистрација, а третата, „Подготовка на статут”, објаснува како се изготвува статутот на здружението на граѓани. Во последните две брошири, ИТЗ користеше информации од Коментарот на Законот за здруженијата на граѓани и фондации од д-р Наташа Габер и проф. д-р Борче Давитковски, издаден од МЦМС.
|