|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Бидете подготвени
Одредени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои од нив навистина е потребно заедничко делување во регионот
Ситуацијата во регионот во однос на граѓанскиот сектор во државите може да се подобри само со правење мрежа меѓу граѓанските организации и со заедничко дејствување во големи проекти во регионот, кои ќе имаат за цел негова обнова и развој. Интересно е дека во изминатиов период во Македонија се реализираа безброј проекти кои навистина помогнаа во развој на граѓанското општество, иако сметам дека с$ уште се потребни активности кои би требало да придонесат за уште поголем развој. Моето искуство во изминатиот период покажа дека одредени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои од нив навистина е потребно заедничко дејствување во регионот, а во овој контекст, како пример би го напоменал мировното образование за кое е потребно дејствување во целиот регион, доколку сакаме подобри резултати. Токму организацијата од која доаѓам - Сојуз на извидниците на Македонија во изминатите три години реализира проект во партнерство со националните сојузи на извидници од Србија и Црна Гора и од Босна и Херцеговина, а целиот проект беше поддржан од страна на Сојузот на извидниците и извидничките на Франција, Европскиот извиднички регион, главен финансиер или донатор на овој проект е Министерството за надворешни работи на Франција. Проектот кој беше наречен МОБА (МОБА - народен обичај кога соседите најчесто момчиња и девојки, помагаат некому бесплатно или со взаемно возвраќање во поголемите селски работи) имаше за цел да придонесе во развој на регионот, нудејќи квалитетна програма насочена кон младите, потпирајќи се на искуството на националните извиднички организации кои како граѓански организации дејствуваат на локално ниво, преку широка мрежа на волонтери. Во самиот проект беа поставени три области на дејствување: проширување на соработката и регионалните активности, зајакнување на учесниците во проектот, локални проекти, а во рамките на тие области беа развиени три клучни теми на дејствување: мировно образование, образование за демократија и изградба на граѓанско општество и младинска политика. Во овој проект, еден голем број млади луѓе од извидничката организација и од други граѓански организации учествуваа на голем број семинари и обуки кои се организираа во изминативе три години, а сите тие собири придонесоа за развивање една заедничка мрежа за соработка и размена на искуства и идеи. Да не заборавам да напоменам дека токму МОБА финансира одреден број локални проекти, а дел од нив беа врз база на партнерство на организациите учеснички во проектот. МОБА ја содржи програмата за млади која навистина е многу значајна и беше потрошено доволно време околу правење анализи за потребите на младите луѓе денес во регионот, а беше понудено и јакнење на организациите. Се обучија доволен број волонтери кои во иднина би требало да ја реализараат програмата намената за младите. Сојузот во иднина, заедно со горенаведените национални сојузи, ќе продолжи да биде партнер на вакви проекти, а веќе е во план реализирање сличен проект, најверојатно на уште погелемо ниво со вклучување и на други земји од регионот (Албанија, Бугарија, Хрватска и Романија).
За ваквото дејствување на извидничката организација во Македонија и во светот би сакал да напоменам дека виновник е нашиот основач лорд Роберт Баден Пауел кој го започнал извидничкото движење и можеби ја направил најголемата мирољубива организација во светот која во моментот брои 28 милиони извидници кои дејствуваат во 216 земји. Овој господин навистина заслужува голема почит, бидејќи огромната бројка млади луѓе кој го следат неговиот пат, се доказ за тоа. Токму во негова чест, по повод неговиот роденден, на 22 февруари секоја година, сите извидници во светот го прославуваат Светскиот ден на извидниците или како што ние го нарекуваме “Денот на сеќавање”. Би сакал да споделам дел од последната порака на овој голем човек: “Потрудете се да го оставите овој свет малку подобар од она што го најдовте и кога ќе дојде вашиот ред да го напуштите, можете да го напуштите среќно, со чувство дека во ниеден момент не го потрошивте своето време, дека го дадовте најдоброто од вас”.
Токму овој дел од последната порака на лорд Роберт Баден Пауел ги води сите извидници во животот. Доколку сите директни учесници во граѓанскиот сектор и сите оние кои не се дел од тоа, навистина се потрудат да го остават овој свет барем малку подобар , преку нашите активности, верувајте дека иднината на сите млади луѓе ќе биде подобра и посветла.
Мотото на извидниците е “Бидете подготвени”. Ние извидниците сме секогаш подготвени, а вие?
Никола Здравеск
(авторот е генерален секретар на Сојузот на извидницити на Македонија)
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|