Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Жени

   

ПО КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Со зборувањето за проблемот, тој делумно и се решава

Крајот на минатата година во невладиниот сектор, секако, го одбележија активностите на жен­ските здруженија, а особено оние поврзани со меѓународната кампања против семејното насилство која траеше 16 дена, од 25 ноември до 11 декември. За тоа какви ефекти предизвика оваа кампања со нејзините пропратни активности разгова­равме со претседателката на Сојузот на организациите на жените на Македонија, г-ѓа Савка Тодоровска.

- Мислам дека кампањите секогаш многу придонесуваат за афирмација на проблемот, што е важно за него­вото решавање. Со зборување за проблемот, веќе еден негов дел се решава. По оваа кампања, во која партнер ни беше организацијата „Конрад Аденауер”, на нашиот СОС-телефон за жени жртви на насилство­то (97-00), јавувањата се удвоија. До кампањата дневно на овој телефон имавме пет-шест, а сега над десет. Најчесто се јавуваат жени, потоа стари луѓе кои трпат насилство, помал број деца, а ретко и мажи. Но, ние не работиме со мажи кои велат дека се жртви на насилство. Одамна имаме планови за отворање при­фати­лиште за жени и деца кои се жртви на насилство, за што имаме и поддршка и од Владата на Република Маке­донија, а и контакти со меѓународни инсти­туции кои тоа финансиски би го поддржале. Но, сметаме дека тоа треба да биде од тра­ен карактер, а не само проект што ќе трае три-четири го­ди­ни. Затоа, сери­озно се подготвуваме за формирањето ва­ков центар - вели г-ѓа Тодоровска.

Со мотото „Да стори­ме барем нешто” во меѓународната кампања против семејното насилство со свои актив­ности учествуваше и организацијата ЕСЕ. Претставничката на оваа организација, г-ѓа Јасмина Фришчиќ, смета дека овие актив­ности, во рамките на кои ЕСЕ спроведе обемна медиумска кампања, имаа голем одѕив и дека тежината на проблемот на семејното насил­ство им е предочена и на властите и нивните инсти­туции, и на пошироката јавност. ЕСЕ во текот на минатата година организираше изготвување на истражување на тема „Темната бројка на семејното насилство во Македонија”, кое го изврши Институтот за социјални и политичко-правни истражувања на Македо­нија, под раководство на г-ѓа Виолета Чачева.

- Ова е прво научно фундирано истражување на оваа тема кај нас и мислам дека е многу важно за правилно третирање на овој проблем. Истражувањето, кое сите заинте­ресирани можат да го добијат бесплатно, ако се обратат до ЕСЕ, содржи виктимолошка студија во рамките на која се испитуваа жртвите на насилството и студија која опфаќа кажувања на други лица, вели г-ѓа Фришчиќ.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA