Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Искуства од регионот

   

ИЗВоР на хуманизам толеранција I

Волонтери

По шестмесечно собирање податоци и обработка на добиените резултати, Работната група на Иницијативата за законско регулирање на статусот на волонтерите во Србија - Иницијативата ИЗВоР, ја подготви брошурата во којашто се наведени резулаттите добиени од работилниците каде учествувале волонтери од различни организации, како и резултите добиени врз основа на обработените прашалници што ги пополнувале претставниците на невладините организации од целата држава. Бидејќи влијанието на волонтеризмот се смета за најважен во локалната заедница, во брошурата се содржани и резултатите од фокус-групите од седум градови од Војводина, кои ги претставуваат ставовите на претставниците на локалната заедница, односно на институциите на локалните заедници во однос на ова прашање.  Брошурата  им беше достапна и на посетителите на минатогодишниот НВО Саем во Скопје. 

Во функција на завршување  на собирањето на податоците, Работната група ИЗВоР на 21 јуни 2005 во Нови Сад ја организира конференцијата “Статус на волонтерите во Србија”  на којашто присуствуваа повеќе од педесет претставници на невладините организации од цела Србија, претставници на покраинските секретаријати  на АП Војводина, на Националната служба за вработување, на центрите за социјална работа и донаторите: Американската фондација за развој (АДФ) и Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ) од Будимпешта. Резултатите од Конференцијата се изнесените предлози за оформување дефиниции, права и обврски, што би требало да ги содржи идниот текст на предлог нацрт-законот за волонтерска работа.

Резултатите добиени во процесот на собирање податоци се сметаат за клучни во подоцнежната работа на изработка на нацрт-законот за волонтерската работа и треба да придонесат за правно уредување на статусот на волонтерите во Србија и усогласување на правната регулатива со стандардите на Европската Унија, што и е првобитната цел на ИЗВоР.

Сеопфатното испитување на ставовите за волонтерската работа, за положбата на волонтерите и нивните потреби, правата и обврските во Србија, покажува дека волонтерската работа не е доволно застапена, дека постои голема потреба од неа и дека сите учесници во процесот на прибирање податоци се согласуваат дека не постои добра правна рамка за ангажирање и заштита на волонтерите. Потреби за донесување на законот  којшто би ја регулирал положбата на волонтерите се смета за повеќе од очигледна. Тоа додатно го потврдуваат и проблемите со коишто се судира невладиниот сектор во Србија при (не)ангажирање на волонтерите и (не)соработката меѓу невладините организации и другите актери во локалната заедница; односот на заедниците (институциите и јавноста) кон волонтерската работа; условите во коишто работат волонтерите;  управувањето со волонтерската работа, мотивацијата и вреднувањето на  волонтерската работа; и, на крајот, непостоењето адекватна законска регулатива.

Сите учесници во  процесот на прибирање податоци се согласуваат дека во рамките на законот треба јасно да биде дефинирана волонтерската работа. Во рамките на процесот на прибирање податоци, добиени се многубројни предлози за дефинирање на волонтерската работа, од страна на волонтерите. На претставниците на невладините организации, на претставниците на локалната заедница. ИЗВоР заклучува дека дефиницијата на волонтерската работа треба да содржи некои од наведените клучни зборови добиени во предлозите: доброволна работа, работа без надомест, општественокорисна работа, хуманост, во слободно време, а се предлага и во дефиницијата за волонтерската работа да стои дека тоа е организирана работа, совесна, која трае во одредено време. Резултатите добиени од фокус-групите  дополнително говорат дека дефиницијата на волонтерската работа ги исклучува: неплатените приправници чиј статус е уреден со Законот за работа и со статус на понудувачи на услуги по основа на семејните и други прописи.

Заедничкиот став на сите учесници во проектот е дека постои голема корист од волонтерската работа, како за поединците, така и за заедницата. Се истакнуваат два аспекта од корист за волонтерската работа: материјалниот (економската добивка на локалната заедница од волонтерската работа во смисла на заштеда) и нематеријалниот. Како нематеријален аспект на добивка се наведува: развивањето на граѓанската свест и едукација на граѓаните, особено на младите; самоорганизирањето на граѓаните, похумано и подобро општество, растоварувањето на институциите и корист на самите волонтери низ задоволување на личните потреби. На основа на ова е заклучено дека волонтерската работа е интерактивен процес којшто придонесува за взаемна корист на сите граѓани и на општеството во целина.

Особено е нагласен заклучокот дека со волонтерска работа можат да се занимаваат сите, зависно од своите знаења, способности, компетенции и интересирања. За сето тоа, се разбира, се клучни мотивите што укажуваат на занимавање со волонтерската работа. Добиените резулатати покажуваат дека мотивите за волонтерската работа можат да бидат  различни, но дека можат да се поделат  на две категории: мотиви врзани за задоволување на сопствените потреби (мотивација во врска со работата и образованието, приватните и личните аспекти и личниот вредносен систем); мотиви свртени кон надвор, односно кон другите во заедницата (мотивација во врска со граѓанската свест и придонесот кон општеството и заедницата, мотивација од хуман, алтруистички карактер и мотивација во врска со општествениот  вредносен систем).

Резултатите покажуваат  дека законот за волонтерска работа треба да содржи: јасна дефиниција на волонтерот и волонтерската работа; да ги специфицира органи
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA