ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР
Кон поблага глобализација
Д-р Лесли Склер, професор на Лондонската школа за економија кој вршеше обемни истражувања на глобализацијата и средствата за јавно информирање, во својата книга „Капитализмот на глобализацијата и неговите алтернативи”” која треба да ја издаде Оџфорд Университѕ Пресс следната година расправа дека одржливиот развој и заштитата на човековите права се возможни во еден глобален систем. Уредникот на Буллетин, Павел Антонов го интервјуираше Склер во октомври
Дали е возможно да се спречи глобализацијата? Според мене, глобализацијата е неповратна. Нема да се вратиме назад во деновите пред електронските медиуми. Преголемо е уживањето, задоволството и автентични се информациите кои ни се достапни преку средствата за јавно информирање, а сето тоа го либерализира човековиот живот до точка од која нема враќање. Секако нема да се вратиме во ситуација каде државата целосно ни ги контролира животите. Како и да е, постојат различни облици на глобализација..Во мојата нова книга јас ќе расправам дека постои вистинска и одржлива долгорочна алтернатива на капиталистичката глобализација. Ова потекнува од фактот дека капиталистичката организација сама не може да преживее на долгорочен план поради нејзините две централни критични точки: класната поларизација и одржливоста на животната средина.

Која алтернатива на сегашната капиталистичка глобализација ја предлагате? Алтернатива која ќе се заснова на вистинска глобализација на човековите права. Во моментов, универзалното/светското??? движење за човекови права, особено во својот официјален облик во рамките на Обединетите нации, се заснова на граѓански и политички права: слобода од малтретирање, слободно учество на луѓето во политиката, слободни избори, неограничени политички партии итн. Ова во голема мерка е компатибилно со капиталистичката глобализација, онаква каква јас ја анализирав. Но постои и уште една сфера на човекови права која е отелотворена во Декларацијата за човекви права при ОН, а непостоечка во речиси ниту една конвенција или повелба за човекови права- национална или на ОН. А на таа сфера припаѓаат економските и општествените/социјалните??? права. Правото на пристоен животен стандард за сите. Идејата дека децата си легнуваат в кревет гладни, дека луѓето умираат од глад или пак дека се лишени од образование или здравствени услуги - дека ова се прекршувања на човековите права, исто толку колку што би било и одземањето на правото на глас од нив.
Дали токму овде припаѓа правото на животна средина? Мислам, да, иако движењето за правда во животната средина е сеуште во зачеток. Секако би рекол дека правото на здрава животна средина и основно општествено прашање. А такво е бидејќи не се ограничува на индивидуи. Тоа е право на глобалната заедница да ја штити и зголемува глобалната заедница. А овие економски и општествени права, вклучувајќи ги и правата за животна средина се директен предизвик на обликот на капиталистичката глобализација кој го имаме во моментов. Да земеме еден прост пример: сите ние го сметаме правото да поседуваме возиме автомобил, ако тоа можеме да си го дозволиме, за основно. Доколку која било влада го забрани користењето автомобили, таа ќе биде обвинета за одземање на основните човекови права.
Како да се смени глобализацијата за да се надмине кризата на одржливост на животната средина? Мислам дека движењето против глобализација би можело да падна во стапица со тоа што осудувајќи ја општо глобализацијата, ќе осуди многу нешта кои луѓето ги сметаат за неограничувачки и либерални - на пример, пристапот до средствата за јавно информирање, повеќето од кои се позитивни. Во основа, тие можат да користат, па така, во раните денови на нивното користење во земјите од Третиот свет, на нив се гледаше како на алатки кои би се користеле во образованието и просветата. Но секако, и нив ги надмина културната идеологија на потрошувачката. Сега средствата за јавно информирање се комплетно зависни од приходот од рекламирање, т.е. од комерцијалниот сектор. Па така, културната идеологија на потрошувачката, според мене, е клучот не кризата на одржливост на животната средина. Поради фактот дека доколку целиот свет троши колку Развиениот свет животот на оваа планета не би се одржал, еден од големите предизвици на овој век е да се открие начин како да се обезбеди подобар животен стандард - и во оваа смисла мислам на способноста да се троши повеќе. Токму затоа сметам дека глобализацијата на економските и социјалните права може значително да придонесе за надминување на кризата на одржливост на животната средина. Бидејќи со ставање поголем акцент на квалитетот на живеењето и помал акцент на количеството потрошена стока, можеме да имаме посветла иднина.
Rec, Bulletin, December 2001
|