|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Како ќе се одразат последните даночни измени на работењето на граѓанските организации
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
Во последните месеци од 2006 година Владата на РМ покрена низа промени во таканареченото даночно законодавство. Како последица на тоа, битно ќе се изменат опкружувањето и условите за работа на стопанските субјекти и на граѓанските организаци. Поради тоа, Граѓански свет, во следните неколку броја ќе ги објасни измените во постоечките закони за Данокот од добивка, Данокот на додадена вредност и Законот за персонален данок од доход заедно со почетокот на примена на Данокот за донации и спонзорства и воведувањето на т.н. рамен данок.
Во овој број читајте за измените на Законот за персонален данок на доход, кој како што ќе забележите, подеднакво ги третира граѓанските организации со другите субјекти.
Со Законот за персоналниот данок на доход е уредено оданочувањето на доходот на граѓаните кој се плаќа годишно на збирот на нето-приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со овој закон. Доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и во странство, и тоа лични примања; приходи од земјоделска дејност; приходи од самостојна дејност; приходи од имот и имотни права; приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; приходи од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа и други наградни игри; и, други приходи што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.
Во функција на обезбедување ефикасен даночен систем со едноставни и ниски даноци како еден од предусловите за економски напредок се воведе рамен данок со тоа што постојните стапки на персоналниот данок на доход од 15%, 18% и 24% се заменија со единствена даночна стапка од 12% во 2007 година и стапка од 10% од 01.01.2008 година.
Со Законот за персоналниот данок на доход е уредено оданочувањето на доходот на граѓаните, што се плаќа годишно на збирот на нето-приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со овој закон. Доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и во странство, и тоа лични примања; приходи од земјоделска дејност; приходи од самостојна дејност; приходи од имот и имотни права; приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; приходи од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа и други наградни игри; и, други приходи што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.
Заради воведувањето на единствената даночна стапка, одредени даночни ослободувања ќе престанат да важат (јубилејни и други пригодни награди на вработените до 5.000 денари годишно), а надоместувањата на трошоците поврзани со работата се утврдуваат во висина на соодветните прописи. Во оваа смисла, даночните ослободувања по однос на надоместок за службени патувања, за теренски додаток и одвоен живот од семејството на вработени лица, се задржуваат, во висина утврдена со Општиот колективен договор на стопанството во Република Македонија, односно во висина утврдена со прописите на органите на управата.
Надоместокот за исхрана за вработените во стопанството, доколку исхраната не е организирана, изнесува 20% од просечната нето-плата по работник во Република Македонија исплатени во последните три месеци, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена според прописите на органите на управата.
Исто така и надоместокот на трошоците за превоз за вработените во стопанството до и од работа над два километри во случај кога нема организиран превоз во висина на реалните трошоци во јавниот сообраќај, односно на вработените во нестопанството во висина утврдена според прописите на органите на управата.
Се прецизира износот на отпремнината која се дава при заминување во пензија, и тоа во висина од две просечни месечни нето-плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци.
Примањата по основ на примени донации се изземаат од оданочување согласно со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, а физичкото лице кое ќе донира финансиски средства на правно лице според одредбите од Законот за донации и спонзорства има право на намалување на персоналниот данок на доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава (образец „ПДД-ГДП”) во висина од 20% од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари.
Платите на вработените лица кај обврзникот кој е корисник на слободна економска зона, односно на технолошка индустриска развојна зона, се ослободува од плаќање данок во висина од 50% за период од 5 години, од отпочнувањето на вршење на дејноста во зоната, под услови и постапка утврдени со закон.
Со Законот се предлага и поширок опфат на оданочување на примањата по основ плати и надоместоци на трошоци од работен однос што се исплатени над износите утврдени во членот 6 од Законот и сите други надоместоци утврдени со Законот за работни односи, а основа за пресметување на данокот на личните примања претставува остварената бруто-плата, бруто-износот на надоместоци на трошоци од работен однос што се исплатени над износите утврдени во
членот 6 од Законот и бруто-износот на сите други надоместоци утврдени со Законот за работни односи, намалени за придонесите и личното ослободување. Во оваа категорија спаѓа и бруто-платата, и бруто-износот на надоместоци на трошоци од работен однос на странско физичко лице-нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на Република Македонија, како и бруто-платата и бруто-износот на надоместоци на трошоци од работен однос што ја остварува резидентот кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија.
Заради усогласување со Законот за трговските друштва, конкретно се дефинира обврзникот на данокот на доход за приходите од самостојна дејност, и тоа трговецот поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење дејност, а кои не се сметаат за трговци.
На товар на расходите во даночниот биланс нема да се признаваат трошоците за јубилејни награди и регрес за годишен одмор, како и трошоците исплатени за користење сопствен автомобил за службени патувања од лицата во работен однос во висина од 50%, а другите трошоци ќе се признаваат во висина утврдена со Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија, односно во висина утврдена со прописите за органите на управата.
Се предлага на обврзникот да му се намали даночната основа за ивршените вложувања во материјални (недвижности, постројки и опрема) и нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за проширување на својата дејност, во висина од 30% од ивршените вложувања, со тоа што извршеното намалување не може да биде поголемо од 50% од утврдената даночна основа за истиот даночен период.
Како вложувања во основни средства не се сметаат вложувањата во патнички автомобили, мебел, теписи, аудиовизуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други украсни предмети за опремување на административните простории, освен вложувањата во патнички автомобили во дејностите: изнајмување возила (рент-а-цар), автотакси превоз, возила за обука на возачи и специјални возила (погребални, брза помош, возила за помош на пат и слично), за кои обврзникот има право на намалување на даночната основа во висина на извршеното вложување, но не повеќе од висината на даночната основа за истиот даночен период, под услов обврзникот да не ги отуѓи или на друг начин да ги пренесе средствата за период од три години, почнувајќи од годината во која е извршено вложувањето.
Капитална добивка нема да се плаќа на средствата остварени од продажба на недвижен имот, кој обврзникот го продава по истекот на три години од денот кога го стекнал, а купопродажбите со пократок рок ќе бидат предмет на оданочување.
Се дефинираат другите приходи кои ќе ги остварат физичките лица, и тоа како приходи кои не се наброени, не се изземени од оданочување и не се оданочени по некој друг основ. Основа за пресметување на данокот на овие приходи е нето-приходот кој се утврдува со одбивање на нормираните трошоци од бруто-приходот во висина од 35%. Како други приходи, во смисла на овој закон, се сметаат и приходите остварени со стекнување хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени со друг закон, а основа за пресметување на данокот претставува пазарната вредност на денот на стекнувањето.
Се предлага целосно усогласување на казнените одредби со новите решенија содржани во Законот за прекршоците, и тоа за даночните обврзници - физички лица, одговорни лица во правните лица и граѓаните кои ќе постапат спротивно на одредбите во Законот за персоналниот данок на доход.
Заради развој на земјоделството, со законот се предлага да се продолжи даночното ослободување до 2008 година за даночните обврзници кои данокот на доход го плаќаат според катастарскиот приход.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|