Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Демократија и човекови права

   

АКЦИЈА НА МЦМС

Хуманитарни пакети за 3.000 семејства

Целта на проектот за доделување еднократна помош во вид на семејни пакети со храна и хигиенски материјал беше да им се помогне на раселените лица и на ранливите групи (самохрани мајки, хендикепирани, стари и изнемоштени лица), кои се економски најтешко погодени од кризата во која се наоѓа нашата држава

Веста дека во петокот, на 29 март, доаѓа камион со хуманитарна помош од Скопје, се прошири бргу низ тетовските улички.
Група граѓани се собраа околу црквата „Свети Кирил и Методиј” каде беа истоварени дел од пакетите коишто Македонскиот центар за меѓународна соработка ги донираше како еднократна хуманитарна помош за раселените граѓани и ранливите групи од подрачјата кои се во зоната на конфликтот.

Цели
Целта на проектот на МЦМС беше да се обезбеди основна храна, хигиенски производи и ќебиња за раселените семејства, во форма на храна и хигиенски производи, што како дополнителен доход ќе им овозможи на домаќинствата да заштедат дел од трошоците во моментот на кризната состојба во која се наоѓа нашата држава. Освен раселените лица, на списокот за дистрибуција на хуманитарните пакети беа и традиционално ранливите групи кои секогаш се најтешко погодени од кризни состојби: самохрани мајки, хендикепирани, стари и изнемоштени лица.

Во дистрибуцијата на пакетите МЦМС оствари соработка со Ѓаконија - хуманитарната мисионерска организација на Скопската митрополија на Македонската православна црква, со Ел Хилал - хуманитарна организација на Исламската заедница во Македонија, со хуманитарното здружение на Ромите - Месечина од Гостивар и со Сојузот на пензионерите на Тетово.

Количества
Вкупно, МЦМС донираше пакети за 3.000 семејства со околу 12.000 корисници.
Преку Ѓаконија, во Скопје и во Тетово се дистрибуираше околу половина  од хуманитарната помош, а останатите пакети беа дистрибуирани преку Ел Хилал во Куманово, Скопје и во Тетово и пошироко во регионот преку здружението Месечина.

Сојузот на пензионерите на Тетово во овој град подели пакети наменети на старите лица.

Финансиските средства за оваа хуманитарна акција беа обезбедени од Данската црковна помош.

---

Помош за црковните кујни

Со доаѓањето на голем број раселени лица од кризните подрачја во Скопје, значително се зголеми и бројот на корисниците на двете црковни кујни во градот – во црквите „Света Петка” во Црниче и „Свети Петар и Павле” во Ѓорче Петров.

Поради тоа, МЦМС обезбеди еднократна хуманитарна помош во вид на храна за овие црковни кујни. Со оваа помош ќе се овозможи надминување на проблемот со недостаток на основни продукти за приготвување на топлиот оброк што се дели во двете црковни кујни во Скопје.

---

Раселени лица

Според податоците на МЦМС, бројот на раселените лица од кризните подрачја во Македонија кои се пријавиле во Црвениот крст на Македонија, заклучно со 25 март годинава, изнесува 18.621 лице. Пребегнатите е од тетовско, од реонот на Скопска Црна Гора и планинските села долж северниот граничен појас на Македонија.

Во моментов, најголем број од раселените лица се сместени во Скопје (12.241, потоа следува Дебар со 968, Гостовар со 811, Куманово со 711, Прилеп со 757 и така натаму.

Од информациите добиени од невладините организации активни во овие подрачја, одреден број раселени семејства не се регистрирани во Црвениот крст, така што бројот на раселените лица е поголем од официјалниот.

Со оглед дека и пред да почне оваа криза економската состојба на македонските граѓани беше неповолна, таа сега е уште повеќе влошена. Токму тоа – амортизирање на таквата состојба, беше мотивот на МЦМС при спроведувањето на овој проект.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 02 Март 2001
Број 02 Март 2001
Вовед
Настани
Календар
Публикации
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Број 01 Февруари 2002
 

©MCMS - designed by KOMA