Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

Избор: РОМИТЕ ВО ЕВРОПА

Загриженост заради депортацијата на Ромите

Декларација од Конференцијата: „Ромите и Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, средба за оценка на проектот на ОХИХР „Мејнстриминг“, оспособување и вмре­жување на ромските заедници како полно­правни учесници во посткризниот менаџмент, доброто владеење и развојот на одржливо граѓанско општество во Југоисточна Европа.“ 

6-9 февруари, 2003
Долупотпишаните учесници на кон­фе­рен­цијата од ромска и неромска нацио­налност, вклу­чувајќи претставници од Собранието на Репуб­лика Македонија; Министерството за јавни информации на Романија; Прет­се­дателството на Косовското собрание; Општи­ната Шуто Оризари, Маке­донија; Кан­целаријата за демо­кратски институции и човекови права на Орга­низацијата за безбедност и соработка во Европа; Европскиот центар за права на Ромите; ЦРС; Ромско срце; Национален конгрес на Ромите; Друштво на младите Роми - истра­жувачи; Ромскиот центар „Арка“; Друш­тво на жените - Ромки „За нашите деца“, Друштво на Ромите „Есма“, Меѓународна унија на Ромите; Ама­ралис; Балканска унија на Егип­ќаните; Авен Аменца; Романи ЦРИСС; Оп­штински центар на Ромите „Дром - Кума­ново“, како и други претставници на вла­дините и невла­дините агенции и други домаш­ни и меѓународни невла­дини орга­низации одлучија за следното:
Постои длабока загриженост поради фактот што во последните месеци

- Германија депортира повеќе од 10.000 Роми во Србија и Црна Гора, вклу­чувајќи Роми од Косово кои биле жртви на етничкото чистење во покраината од 1999 па натаму;

- Во атмосфера на силно антиромско распо­ложение, Франција и Романија влегоа во тесна соработка за да по­могнат во таканаречената „добро­волна репатријација“ на Ромите во Романија од Франција; во исто време, роман­ските власти им забранија на Ромите да ја напуштат Романија, што претставува нару­шување на нивните фундаментални човекови права;

- Велика Британија протера групи на чешки Роми пред камери и медиуми, очигледно во обид да ги понижи и да заплаши и одврати други Роми кои евентулно би дошле во Бри­танија;

- И останати, слични настани, сите дел од антимигрантската политика на Европа, длабоко заразена со антиромско рас­по­ложение.

Учесниците на конференцијата:

- Го потврдија принципот дека миграцијата е факт; политиките кои ја дефинираат ми­грацијата како проблем директно водат кон понижување на милиони луѓе и навредуваат сечии претци;

- Недвосмислено ги осудуваат како фунда­ментално деградирачки за сите Роми, теков­ните политики и акции на европските влади кои имаат за цел да ги присилат Ромите кон централна, источна и југоисточна Европа и се заразени со антиромско расположение;

- Искажуваат длабока загриженост дека владините политики насочени кон при­си­лување на Ромите кон централна, источна и југоисточна Европа се кородирани и корум­пирани со  проклетството на расизам на европските општества и намерно и безосетно ја зголемуваат заканата од сериозно нару­шување на чове­ковите права на Ромите, спротивно на меѓу­народното право и основ­ните европски вред­ности;

- Ги повикуваат западноевропските влади да запрат веднаш со систематското протерување на Ромите од западна Европа и да обезбедат: (I) сурогат-заштита, загарантирана со Кон­венцијата за статусот на бегалците од 1951 („Женевска конвенција“ 1951), за сите Роми кои одлучиле да бидат бегалци; (II) сеопфатна политика за интегрирање на Ромите во заед­ниците во кои живеат. 

1. Рудко Кавцински (Национален конгрес на Ромите)
2. Флорин Чоаба (Меѓународна унија на Ромите)
3. Летиција Марк (Друштво на жените-Ромки „За нашите деца“)
4. Надица Балог (Ромско срце - Хрватска)
5.Радмила Зачировиќ (У.Р. Амарилис)
6. Том Вилсон (Романи ЦРИСС)
7. Руд Фенк
8. Брахим Мусиќ (Тернинано берно - Фран­ција)
9. Виктор Фамулсон (Меѓународна унија на Ромите)
10. Василе Буртеа
11. Кипријан Меале
12. Зенељ Бериша
13. Рубин Земон (Балканска унија на Егип­ќаните)
14. Хаксхи Зулфи Мерксха (Прет­се­да­телство на Косовското собрание)
15. Сејдо Јашаров
16. Ашмет Елезовски (Национален конгрес на Ромите)
17. Жељко Јовановиќ
18. Надире Селман (Друштво на Ромите „Есма“)
19. Клод Кан (Европски центар за правата на Ромите)
20. Мартин Демировски
21. Неждет Мустафа (Собрание на Репуб­ли­ка Македонија)
22. Живоин Митровиќ (Ромско срце)
23. Костел Беркус (Романи ЦРИСС)
24. Нора Костаке
25. Јелена Јовановиќ
26. Пелумб Фортуна
27. Ферхат Хасан
28. Ердуан Исеини (Општина Шуто Ори­зари, Македонија)
29. Данијала Антонишевиќ (Ромски женски центар „Срце“)
30. Мада Матаке (Романи ЦРИСС)
31. Рагалие Флореа
32. Логин Дина
33. Заинеа Стефан
34. Иван Ѓорѓе (Партида ромилор)
35. Николае Ѓорѓе  

Европскиот центар за правата на Ромите е меѓунродна правна организација од јавен интерес која ги набљудува правата на Ромите и правно ги застапува во случаи на нару­шување на човековите права. За повеќе информации во врска со Европскиот центар за права на Ромите, посетете го ЕЦПР на интернет на www.errc.org .

European Roma Rights Centar
1386 Budapest 62
P.O. Box 906/93
Hungary 

Телефон: +36 1 4132200
Факс: +36 1 4132201
 

Поддржете го ЕЦПР
Европскиот центар за правата на Ромите зависи од широкоградоста на поединечните донатори за неговото понатамошно постоење. Ако верувате дека ЕЦПР извршува вредни услуги за јавноста, ве молиме придружете ни се со ваш прилог во обезбедувањето на неговата иднина. Подароци од секаков вид се добредојдени; се преферира банковен трансфер. Ве молиме испратете го вашиот придонес на адресата:

European Roma Rights Centar
Budapest Bank Rt.
99P00402686
1054 Budapest
Bathory utca 1
Hungary 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 24 Февруари 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
Појмовник
Број 24 Настани Дајте му шанса на мирот
Број 24 Коментар Рака под рака
Број 24 Тема Поинаков свет е возможен
Број 24 Интервју ДАНИЕЛА ДАБЕСКА, ШЕЛТЕР ЦЕНТАР
Број 24 Погледи Самостојно, покоординирано и поцелисходно
Број 24 Донатори Македонско-германска развојна соработка
Број 24 Прерставување Надминување конфликти, градење траен мир
Број 24 Форум Имаат ли резултати актуелните стратегии на женските НВО?
 

©MCMS - designed by KOMA