|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Светската банка
Поддршка на борбата против домашното насилство врз жените
Една жена умира на секои девет дена во Уругвај како жртва на семејно насилство. Според најновите статистички податоци објавени од страна на „Надзор над насилството и криминалот” (Обсерваторио де Виоленциа ѕ Цриминалидад), процентот на пријавени случаи на семејно насилство пораснал за речиси 56% во текот на минатата година. Проблемот не е ограничен само на одредена старосна, класна, социјална или верска група. Жени бараат помош по 30 до 40 години брачен живот; други, пак, го пријавуваат насилството поттикнати од одреден настан или, пак, кога ќе почувствуваат дека ситуацијата во домот ги погодува и нивните деца. Во тој контекст, над 350 лица од 19 провинции во Уругвај биле присутни на завршната презентација во рамките на Програмата за обука против семејно насилство во Монтевидео, што е двојно повеќе од предвидениот капацитет на семинарот. Семинарот беше дел од проектот „Институционално јакнење на правдата за правичен развој”, кој доби грант од страна на Фондот за институционален развој (ИДФ) при Светската банка во висина од 300.000 американски долари. Целта на проектот е постигнување консензуз за спроведување на клучните чекори кои ќе придонесат кон подобар пристап на жртвите до законодавството (правдата). На семинарот присуствувале судии, адвокати, јавни бранители, други правни субјекти, здравствени работници, наставници, социјални работници, претставници на законот, форензичари и претставници од граѓанското општество. Во текот на десетмесечниот курс, тие ги споделувале своите искуства по прашања поврзани со семејното насилство и ги усовршуваа начините за подобро координирани дејства. Извор: њорлдбанк.орг
Програма Болса
Промена на животите на милиони Бразилци
Дали социјалните политики можат да ја преминнат границата на „помош” и да станат активни алатки во социјалната (општествената) и економската трансформација? Примерот со Бразил ни дава потврден одговор на ова прашање. Програмата Болса фамилија (Болса Фамiлиа), која е технички и финансиски поддржана од страна на Светската банка, се наведува како една од клучните причини за значителните социјални резултати кои ги постигнува Бразил во последните неколку години. Програмата претставува иновативна социјална иницијатива на владата на Бразил, а опфаќа 11 милиони семејства, над 46 милиони луѓе, што претставува мнозинство од социјално загрозеното население во земјата. Овој модел за првпат се појавил во Бразил пред повеќе од една деценија, а оттогаш наваму постојано се работи на неговото усовршување. Сиромашните семејства со деца добиваат месечна сума во висина од околу 35 американски долари во директен трансфер. А за возврат, тие се обврзуваат да ги праќаат децата на училиште, како и да ги поминат различните видови прегледи обезбедени од страна на здравствените служби во земјата. На тој начин, со програмата Болса фамилија се постигнуваат два важни резултати: се помага во намалувањето на моменталната сиромаштија, а семејствата се поттикнуваат да инвестираат во своите деца, на тој начин разбивајќи го кругот на пренесување на сиромаштијата од генерација на генерација, што во крајна линија би значело намалување на сиромаштијата и во иднина.
Извор: њорлдбанк.орг
Либерија
Секс-скандал поврзан со дете бегалец
Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации испрати детективски тим во бегалските кампови во западна Африка, по сознанијата дека голем број од децата бегалци се сексуално злоупотребувани од страна на хуманитарните работници кои работат во камповите. Сериозноста на проблемот откриен во прегледот на извештајот од страна на УНХЦР, заедно со британската хуманитарна организација Спасете ги децата (Саве тхе Цхилдрен), го изненади хуманитарниот персонал. Неиздадениот извештај, до чии податоци дојде Би-Би-Си (ББЦ), ги покрива Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, а се базира на студија за чија цел биле интервјуирани над 1.500 испитаници во период од шест недели минатиот октомври и ноември. Одреден број од интервјуираните се пожалиле дека тие или нивните деца морале да имаат сексуални односи со вработените во камповите доколку сакале да добијат храна или некаква услуга.
Над 40 хуманитарни агенции, вклучително и самиот УНХЦР, се вмешани во скандалот, додека 67 поединци, претежно локален персонал, биле именувани од страна на децата. Некои малолетни девојчиња рекле дека во сексуалните дејства биле вмешани мировни работници од Обединетите нации кои работат во регионот на западна Африка.
Преземено од Би-Би-Си
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|