Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Донатори

   

LEND O'LEJKS

Проект Агробизнис Маркетинг Активности во Македонија

Агробизнис маркетинг активности во Македонија е проект финансиран од УСАИД-Американската агенција за меѓународен развој, а имплементиран од Ленд о'лејкс (Ланд О’Лакес) во Македонија чии активности се фокусирани на обезбедување асистенција и поддршка на македонската млечна и месна индустрија во постигнувањето забрзан развој. Тоа се предвидува да се постигне преку комплексна пазарно ориентирана стратегија и воспоставување функционален конкурентен пазар што го преферира квалитетот преку остварување повисоки цени за квалитетни производи коишто последователно се враќаат до производителите и до преработувачите.

Во рамките на Проектот, водечкиот концепт на Ленд о'лејкс во Македонија е програмата "Македонски знак за квалитет". Знакот за квалитет за Ленд о'лејкс претставува движечка сила во обезбедувањето асистенција за македонските компании за зголемување на нивното учество на пазарот, за зголемување на продажбата и за зголемување на профитабилноста. Националното Здружение на приватните производители на месни и млечни производи го поседува Знакот за квалитет што претставува нивна регистрирана трговска марка. Членовите на Здружението се здобиваат со Знакот за квалитет преку транспарентен процес на сертификација којшто вклучува постојан мониторинг на квалитетот на производството, како и лабораториски тестирања во нивната независна лабораторија.

Знакот за квалитет претставува маркетиншки концепт со силна комуникациска компонента којашто во моментот резултира со 85% препознатливост на производите со Знакот за квалитет од страна на потрошувачите во Македонија. Производите со Знакот за квалитет ја стекнаа довербата на потрошувачите, така што 84% од испитаните потрошувачи при набавката на прехранбени производи ги преферираат токму овие производи.

Во последните 4 години продажбата на производите со Знакот за квалитет постојано расте, одредени производи покажуваат 50% пораст на годишно ниво, а зголеменото присуство на пазарот резултира со нови инвестиции и нови можности за вработување.

Програмата Знак за квалитет, покрај маркетинг-кампања, обезбедува дополнителна помош на клиентите од месната и од млечната индустрија во:
- пазарни истражувања, планирање и дефинирање маркетиншка стратегија;
- асистенција во понатамошниот развој на бизнисот на компаниите;
- помош во развојот на Здружението на приватните производители; и
- асистениција во областа на производството и технологијата и постојано развивање повисоки стандарди за квалитет.
 

Започнувајќи од септември 2001 година, програмата за Агробизнис маркетинг во Македонија започна со имплементирање на уште една активност - Иницијатива за развој на пазарот на овчи производи во Македонија, што претставува дел од една поширока програма: Програма за етничка хармонија. Оваа иницијатива е насочена кон креирање нови пазари на домашно и на меѓународно ниво.

Колатералната цел на оваа активност е промовирање етничка хармонија преку зголемена активност на бизнисот помеѓу етнички мешаните здруженија на одгледувачите на овци и производителите на овчи производи. Овие здруженија се главните механизми кои им нудат на малите производители конкурентска предност во нивното производство, маркетингот и регулативата во оваа област. Поспецифично, целите на оваа активност се:
- зголемен извоз на јагниња и сирење; и
- зголемен профит за производителите.

Комуникацијата што е развиена како дел од оваа активност е составена од промотивна програма, којашто опфаќа веб-страница, промотивна брошура, како и видеопрезентација.


Д.М.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 14 Март 2002
Број 14 Март 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA