Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Балкан експрес

   

Босна и Херцеговина

Проект “УТРЕ - враќање на семејствата дома

Четириесет и пет семејства од Тузла се враќаат во своите об­новени домови во првата фаза од проектот “УТРЕ” кој заврши со церемонија на која присуствуваа и претставници на донаторите - државни и малцински министерства. Трошо­ци­те за домување и инфраструктура во Тузла во рамките на првата фаза на проектот изнесуваат околу 836.000 КМ. На корисниците, избрани во процесот предводен од локалните власти, со подеднакво учество на граѓанскиот и бизнис-сек­тор­от, им беше дадена финансиска помош од околу 70.000 КМ по општина, за обезбедување одржливост со враќањето. Церемонијата, чии домаќини беа претставници на општината Тузла, го означи успешното завршување на првата фаза од “УТРЕ”, имплементирана од страна на УНДП. Тузла е една од седумте партнери во имплементацијата, која се реализира и во Добој, во Лукавац, во Босански Брод, во Травник, во Дервента и во Мостар. Во процесот на имплементација УНДП работеше на трансфер на знаење на општината Тузла, доверување на чекорите на имплементација (од избор на корисници за реконструкција на куќите, до имплементација на тен­дерски процедури) на администрацијата и нејзините невладини партнери во Локалната акциска група (ЛАГ). “УТРЕ” ги вклучува структурите на локалната власт во искажувањето на потребите за враќање, изготвување релевантни интервенции, како и нивно финансирање, имплементација и евалуација, што е логичен иден чекор во постепената промена од постургентно закрепнување по меѓу­на­ро­ден мониторинг кон развојно ориентирано и локално водено изготвување програми. Во првата фаза на “УТРЕ” се реконструирани вкупно 333 куќи во седум општини, а проектот поддржува вертикална комуникација помеѓу различните нивоа на власт, со цел првенствено да се помогне системскиот пристап кон планирање стратегија и нејзина ефикасна имплементација. Потврдувајќи го успехот на првата фаза, ЕУ и УНДП доделија уште 4,1 милиони евра за нејзиното продолжение кое започна во септември 2004 година.      Г.Ш.


Косово


Радио Тема - најдобро радио на албански јазик во 2004

Валентина Пелицер и Предраг Востиниќ, координатори на “ОнеЊорлд СЕЕ” и “Оне Њорлд СЕЕ Радио”, му ја доделија награда­та “ОЊ Радио СЕЕ” за 2004 на Радиото ТЕМА од Урошевац/Фе­ри­зај за најдобра радиостаница која емитува програма на албански јазик. Наградите започнаа да се доделуваат оваа година на најдобрите радиостаници за изданија на различни јазици од Мрежата, за одлично известување за човековите права, оп­штест­ве­ната правда и одржливиот развој. Висар Хоти, генерален мена­џер на Радиото, вети дека оваа станица ќе го продолжи, дури и ќе го зголеми својот ангажман на полето на човековите права и одрж­ливиот развој во иднина. Хоти го истакна фактот дека Ра­диот Тема и “ОЊ СЕЕ Радио” имаат исти цели и намери, а тоа е промовирање на создавањето отворени општества во регионот. Тој, исто така, го најави отворањето телевизиска станица која ќе биде дел од Мултимедијалниот центар на Радиото Тема, а која исто така ќе се вклучи во настојувањата иницирани од страна на нејзиниот радиски партнер. “Ја посветувам оваа награда на пос­ве­тената и професионална екипа на нашето радио, која помина низ многу национални и меѓународни обуки. Во исто време, оваа награда е признание за слободното новинарство на албан­ски јазик”, заврши тој. “ОнеЊорлд Радио Соутхеастерн Еуропе” ну­ди можност за размена на аудиоматеријали преку интернет. Веб-страницата им овозможува на сите радиостаници и ГО од регионот да разменуваат програми што ги продуцираат на те­ми­те човекови права, граѓанско општество, општествена правда, де­мо­кратија и развој.                                            

Г.Ш.

 

Балкански младински проект

Нов прирачник

Прирачникот на Балканскиот младински проект за младински граѓански организации во Југоисточна Европа е дизајниран како водич и алатка за организациско зајакнување на младинските граѓански организации во регионот. Тој им нуди на локалните, на национални­те и на регионалните младински организации од Балканот корисни информации за градењето капацитети  и преглед за развојот на младинските политики во земјите од ЈЕИ, со цел да им обезбеди поширока перспектива на оние кои се заинтересирани за поголема соработка на регионално ниво, како и на оние кои бараат информации за одделна земја од Балканот. Прирачникот се фокусира на неколку важни аспекти од работата на младинските организации: правната рамка на граѓански организации во ЈИЕ, градењето капацитети на младинските граѓански организации, одржливост, партнерство наместо кон­ку­рен­ција и информации за работата на младите. При­рач­ни­кот е достапен на:
www.balkansouthproject.net/engl/01/06.html

Т.Х.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA