Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 23 Јануари 2003  Писма од читателите

писма од читателите

Страдалници на векот - до кога?

Ни подари планетава песок, сонце, вода, мирис од небото и цвеќе на земјата, а ние уништивме се’, бидејќи сме од камен, луѓе од камен. Можеме да ја намирисаме лагата, дури и со затнат нос оддалеку - лагата си е лага, а која е и каде е вистината? Покрај другите, нашиот народ остана со уште еден порок - исчекувањето. Па, до кога ќе стоиме како неми сведоци на бавното умирање, свесни за сето тоа, а сепак немоќни да преземеме нешто! Ние не бевме толку сурови, лошата и нездрава животна средина од нас направи суштества кои не се способни дури ни да мислат. Толку не запече оваа наша „славна Топилница“, што станавме сурови дури кон самите себе.

Сонот, за среќа, е повеќе од среќа. Ако би не прашале како ни е денес, секако би одговориле жмногу полошо од вчера’. Фактот дека во косата на децата има седум пати повеќе олово, а три пати повеќе во плацентата на родилките, исто така предупредува. А ние, сепак, ништо не преземаме, иако ги знаеме и своите човекови права, содржани во Универзалната декла­рација на човековите права и во Меѓу­народната конвенција за правата на децата, каде е потписник и Македонија, веќе 11 години. Дали треба да се задоволиме со коментарите на сочувство и чудење за тоа како се’ уште живееме во градот одамна прогласен за критично и ризично место за живеење!

Како деца имаме право да слушаме музика, да играме кошарка, да одиме на училиште, но имаме право и на здрава животна сре­дина, право кое веќе 30 години никој не го почитува. Членот 2 од Конвенцијата за правата на децата вели :”Никој не смее да ни ги скрати правата, без разлика од која раса сме, каква боја на кожата имаме, од кој пол сме, во кој бог веруваме!” Државата е должна да обезбеди исполнување на нашите права предвидени со Конвенцијата за пра­вата на децата. Сето ова е убаво напишано на хартија, но во пракса, ние децата и младите од Велес сме целосно обесправени и освен нашите родители на ниту една надлежна институција не & е грижа за нашето нарушено ментално и физичко здравје, не & е грижа дека оваа околина во која живееме е извор на болести, а ние сме директни жртви на тие болести!

Според Универзалната декларација за чове­ковите права знаеме дека секој има право да биде признат како личност пред законот. Членот 20 од истата вели дека секој има слобода на мирни собири и здружувања. Сите ние што се чувствувавме загрозени од Топилницата се собравме заедно минатата година и заедно со првиот човек од нашиот град, г. Аце Коцевски, побаравме да се вклучи алармот за Велес, на кој досега никој не реагираше, напротив, остана горчливиот впечаток на тотална глувост од соодветните државни институции.

Градот паталец, а граѓаните страдилници - до кога?

Кога некој би знаел како &  е на детската душа додека прима секојдневна хронична меди­каментозна терапија и се соочува со физичка болка и страдања, верувам дека другарски подадените раце за игра и утеха и хуманоста и совесноста на возрасните  ќе придонесат за ублажување на здравствената состојба кај одделни дечиња и конечно оздравување за многу други. Затоа, во име на вистината, правдата и надежта, бараме ПОДДРШКА од сите невладини организации и фондации во Македонија, за:

- Правење микроелементозни анализи на 80 деца со здравствени проблеми од Велес, во Центарот за биотичка медицина во Москва, што би значеле дијагностицирање, но и соодветна терапија за лекување на испитаните деца;

- Превентивна заштита за сите граѓани на Велес со дислокација на погоните од Топил­ницата каде што се топи олово и цинк;

- Санирањето на последиците од еко-зага­дувањето кое најмногу се одразува на здра­вјето на децата од Велес, да се регулира со заедничко вклучување на министерствата за животна средина и просторно планирање, за здравство, за финансии, за економија и за труд и социјална политика, преку соодветна законска постапка за финансиска поддршка за медикаментозни терапии, хируршки интер­венции и климатски рехабилитации.

Нека нашиов апел допре до срцата на сите разумни луѓе во Македонија, бидејќи ние, децата и младите од Велес, имаме право на живот, на сегашност и на иднина.

Нашите срца се широки - Рацинови, цел свет да згрнат - а вашите???

 

Подмладок на Друштвото на родителите за грижа за здраво поколение од Велес

(контакт: Соња Гаврилова, тел. 043/221-297; 043/231-877)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 23 Јануари 2003
Број 23 Јануари
Настани
Календар
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q & A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA