ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ - КРУШЕВО
Мајски: Крушево и Крушевската Република
Една од поинтересните публикации издадени по повод 100-годишнината од Илинден и Крушевската Република, е книгата издадена од Историскиот музеј - Крушево, приредена од директорот на Музејот, г. Никола Јовановски.
Книгата под наслов „Крушево и Крушевската Република“ е всушност сведоштво преку записите на Никола Киров - Мајски, учесник и хроничар на оваа голема епопеја на македонскиот народ. Иако записите на Мајски, кои тој лично му ги подарил на градот Крушево се објавувани сегментарно, досега не беше достапен интегралниот текст во кој тој го опишува самото востание, како и настаните кои му претходеа и кои го следеа.
|