Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 23 Јануари 2003  Концепти

Концепти: Волонтерска работа и волонтери   

Од себе - за себе

Волонтерската работа постоела одамна и се практикувала кога требало да му се помогне на некого или да се направи нешто што ќе и’ користи на целата заедница.

Низ времето во различни земји и општествени поредоци се користеле различни терминологии: добро­волна работа, волонтерство, граѓански ангажман и сл., но сепак секогаш во основата биле неколку основни обележја:

  • тоа е доброволна, ненаметната активност;
  • мотивацијата произлегува од несебичноста, желбата да се помогне или да се направи нешто за општо добро;
  • за неа не се добива материјален или финан­сиски надомест;
  • тоа е ангажман надвор од професијата.

Ова сe уште се основните карактеристики на волонтерската работа, иако во последно време во некои средини полека се модифицира разбирањето на поимот волонтер. Ова по­ттикнува потреба  да се развиваат нови стратегии и пристапи за придобивка на волонтери. Новите стратегии треба да се насочат кон различните мотиви, желби и животни ситуации на потенцијалните во­лонтери. Посебен акцент во новите стра­тегии треба да се стави на промовирање на културата на помагањето. Државата не може да ги решава сите проблеми и затоа треба да се развива свеста за потребата од анга­жирање на граѓаните, помош и самопомош. Силно распространетото движење за само­помош во светот и мноштвото нови ини­цијативи во последните години докажуваат дека луѓето со задоволство ги ставаат на располагање своите искуства, сакаат да бидат од корист и да ја осознаат бла­годарноста.

Видови волонтери во НВО

Луѓето кои работат на волонтерска основа во невладини организации, зависно од обемот и типот на ангажманот, можат да се поделат во три категории:

Волонтери со постојан ангажман – се оние волон­тери кои се вклучени во тековните ак­тивности и долготрајните проекти на орга­низацијата. Во малите НВО овие во­лонтери се главните активисти кои ги из­­вршуваат и оперативните и управувачките задачи (на пример, управен одбор). Во некои НВО, пак, координацијата се води од страна на про­фесионалци, но акциите и локалните активности кои се основа на сите проекти се водат од страна на волонтери. Во Македонија повеќето НВО можат единствено да егзис­тираат поради активноста на во­лонтерите.

Волонтери со повремен ангажман – се во­лонтери кои се ангажираат повремено за специфични потреби на организацијата (го­дишни собранија, приредби, хуманитарни акции, активности за прибирање средства). Овие волонтери се ангажираат за активности кои бараат многу време и енергија и не можат да се покријат со постојаниот професионален или волонтерски тим. За оваа цел најчесто се ангажираат студенти, невработени, до­маќинки, пензионери и тие извршуваат работи за кои не е потребно специјално образование или обука. Но одредени проекти бараат ангажман на експерти, што може да биде многу скапо. Работењето за добра идеја може да биде мотив многу од експертите да & помагаат на орга­низацијата со својот по­времен ангажман вршејќи услуги за спе­цифични потреби на организацијата, како изработка на стручни експертизи, преводи, нацрти и слично.

Волонтери - донатори се луѓе кои сакаат да дадат придонес во работата на орга­ни­зацијата, но не се во можност да одвојат и да понудат дел од своето време за волонтирање, па избираат да придонесат со тоа што ќе донираат финансиски или материјални средства.

Раководење со волонтери

Раководењето со волонтери не може да се поистовети со раководењето со вработен персонал. Она што секогаш треба да се има предвид е дека волонтерите не работат за финансиска или материјална добивка, туку имаат мотивација од друга природа, која најчесто е различна за различни луѓе. Затоа е потребно да се развива пристап кој ќе ја има предвид индивидуалната мотивација на секој волонтер посебно. Но, сепак, при анга­жирањето и раководењето со волонтери треба да бидат почитувани некои генерални прин­ципи.

· Некорисноста е едно од најлошите чувства што може да ги искуси еден волонтер. Пред да решиме да повикаме некого да волонтира, мора да се осигураме дека има нешто да работи. За секоја волонтерска позиција треба да се подготви опис на работното место. Описот на ра­ботното место ги идентификува спе­ци­фичните обврски на волонтерот, потре­бниот временски ангажман, спо­собностите и знае­њата кои се бараат од него и претставува основа за оценка на неговата работа. Волон­терите ќе работат подобро доколку знаат што можат да очекуваат, кои се роковите на зададената работа, пред кого се одговорни итн.

· Мораме да бидеме сигурни дека волонтерите ја знаат мисијата и визијата на огра­ни­зацијата, како и нејзината структура. Затоа волонтерите треба да се водат низ програма за ориентација, преку која ќе обезбедиме тие да добијат јасна слика за организацијата и вредностите кои таа ги негува. Со постојано информирање на волонтерите за сите проекти и сето она што се случува во организацијата им помагаме да се идентификуваат со неа.

· За да се осигура добро, компетентно и одговорно извршување на задачите, по­тре­б­но е да се обезбеди соодветна обука за волон­терите. Самиот процес на во­лон­тирање претставува обука низ практична работа, но сепак некогаш е потребно да се обезбеди и дополнителна обука заради совладување нови знаења и вештини.

· Волонтерите можат да бидат важни ресурси за организацијата кон отворање нови врати во заедницата и затоа е по­требно да им се овозможи да се поврзуваат и да создаваат нови контакти кои се важни и за орга­низацијата и за нив. Потребно е да ги за­познаваме со посетителите и сора­ботниците на организацијата, да им доз­волиме тие да повикуваат посетители, да ги каниме на состаноци, работилници и конференции.

· Волонтерите имаат потреба да им се оддаде признание за нивната работа. Затоа потребно е повеќе да се цени волонтерскиот ангажман, да се почитуваат новите идеи и начини на работа кои тие ги воведуваат. Треба да се користи секоја прилика да се истакне нивната компетентност и точност. Наградите и по­честите можат да бидат форма преку која се признава идејно, а делумно и материјално волонтерскиот ангажман. Друга форма на признание може да претставува издавањето сертификати за волонтерска работа, кои може да бидат од корист при конкурирање на некое образовно или работно место.

· Треба да се води сметка да се обезбедат оптимални работни услови, што подразбира и пристап до потребната канцелариска и техничка опрема, документација и литература. Колку што е возможно, работата треба да им се направи забавна, на пример, да им се овозможи да слушаат музика, да им се дозволи да работат во групи и сл. Мора да имаме разбирање за тоа дека волонтерите трошат свое сопствено време.

 

Сунчица Саздовска

(Користен материјал:
Прирачник за развивање програми за волонтери, Ѕ.О.Ѕ. Куманово, 2002)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 23 Јануари 2003
Број 23 Јануари
Настани
Календар
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q & A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA