Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

ИЗБОР
    
 

ЗАВРШЕН ЗБОР - ТОНИ ПОПОВСКИ

Еколошките трендови во Централна и Источна Европа

Тони Поповски, новиот извршен директор на Регионалниот центар за животна средина на Централна и Источна Европа, од Сент Ендре, Унгарија, зборува за некои од клучните теми и развојни линии кои ќе влијаат на активностите за заштита на животната средина во регионот.

Идентификацијата на постоечките трендови во заштитата на животната средина и поддршката на новите развојн и процеси се задачи од витално значење за Регионалниот центар за животна средина на Централна и Источна Европа.
Кога ги разгледуваме идните потреби поврзани со животната средина во регионот,  некои од поважните трендови и развојни процеси кои можеме да идентификуваме ги вклучуваат: пристапот кон Европската унија, имплементацијата на Шестата програма за животна средина на Европската унија, реконструкцијата на животната средина во Централна и Источна Европа и потребата да заживее бизниссекторот како акционер за животна средина.
Од регионална гледна точка, долгорочното размислување и планирање во владите на Центална и Источна Европа го води желбата за приклучување кон Европската унија. Проширувањето нуди можности за земјите од Централна и Источна Европа да го подобрат квалитетот на животната средина со имплементација на програмата на ЕУ. Проширувањето би придонело и за појава на нови проблеми во врска со животната средина во гранич­ните региони. За да се обезбеди целосна имплементација на законите на Европската унија за животна средина кои го намалуваат прекуграничното загадување, потребни ќе бидат дополнителни напори. За таа цел, од суштинско значење се интеграцијата на транспортот,  зачувува­њето на природата и аграрната политика.
Шестата програма за животна средина на ЕУ ги вклучува земјите-кандидати во приоритетните прашања како што се: пристап во изготвувањето на политиката на ЕУ, пораст на транспортот кој се должи на проширувањето; заштита на хабитатите; промена на климата, проширување итн. Проширувањето на ЕУ нуди единствена можност за унапредување на агендата за животна средина на континентот. Шестата програма на ЕУ која ќе стапи на сила откако некои од земјите на Централна и Источна Европа ќе се пруклучат на ЕУ, ќе и помогне на Европа да ја искористи оваа можност.
Во Југоисточна Европа неопходно е да се преземе еден регионален пристап на соработка кој обезбедува активности за реконструкција изведени на најефикасен начин. Агендата за животна средина придонесува за целите на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, поради фактот што заштитата на животната средина е релативно неутрално политичко прашање и полесно може да се дојде до заедничка согласност.
Прашањата поврзани со животната средина стануваат се поважни за бизнис- секторот, не само поради тоа што фирмите мора да инвестираат во животната сре­дина, туку и поради тоа што се создава нов светски пазар за услуги и технологии поврзани со животната средина. На бизнис-секторот во регионот му се потребни повеќе информации за практиките и системите во управувањето со животната средина. Ако можеме да соработуваме со пазарот, здружувајќи ги интересите на бизнисот и потрошувачот, тогаш ќе можеме да поттикнеме и по одржливо производство, како и модели/шеми на потрошувачи.
Работата поврзана со животната средина на ниво на локални заедници станува се  поважна, бидејќи имплементацијата најчесто се случува на ова ниво, а и поради тоа што вистинското учество на јавноста и демократиза- цијата може најдобро да се обезбедат на локално ниво. Сега е време да се испитаат постоечките системи на владеење и да се изнајдат начини да се променат со цел да се утврди една цврста и јасна насока за социјалните, економските и еколошките цели.
Следната министерска конференција, Киев 2003, која е дел од процесот „Животна средина за Европа” е одлична можност да се разговара за приоритетните прашања и да се реши за заедничко дејствување.
На глобално ниво, земјите од овој регион ќе треба да работат во насока на прифаќање на веќе постоечките и новите мултилатерални договори за животна средина. Тоа би значело усогласување на домашните закони со меѓународните договори и основање на регулативни рамки и фондови неопходни за имплементација на законите. Колку повеќе земјите од регионот се движат кон потранспарентно дејствување на владите, толку поефикасна ќе биде имплементацијата на мултилатералните договори за животна средина. Новите меѓународни инструменти кои сега се формулираат ќе се фокусираат на следните прашања: транспорт, животна средина и здравство, стратешка проценка на животната средина, отстранување на загадувачите, одговорност за прекуграничните нарушувања на животната средина и еколошки аспекти на прекуграничните инвестиции.
За овие прашања, меѓу останатото, ќе се зборува на состанокот на Рио+10, т.е. Светскиот самит за одржлив развој, кој ќе се одржи следната година во Јоханесбург, а е еден од главните светски собири за меѓународна еколошка соработка. Други прашања за кои би можело да стане збор се  зајакнување на институциите, Локал­ната агенда 21 и обезбедување учество на јавноста преку инструментите од типот на Архуската конвенција.
(The Bulletin - Regional Environmental Center for CEE, July 2001)
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA