Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 01 Февруари 2001  Публикации

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

НАСТАНИ

 ПУБЛИКАЦИИ  


ИНСТИТУТ ЗА ТРАЈНИ ЗАЕДНИЦИ

Брошури за формирање граѓански здруженија

Македонската „експозитура” на Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од Вермонт, САД, во рамките на Програмата за демократска соработка, издаде три брошури наменети за групи граѓани кои сакаат да основаат здружение на граѓани.
Првата брошура има наслов „Здружение на граѓани – што е тоа?” и дава опис на функциите, карактеристиките и активностите на граѓанските здруженија; втората, под наслов „Формирање на здружение на граѓани”, упатува на прашањата и постапката пред формирање на здружението и процедурата за основање и регистрација, а третата, „Подготовка на статут”, објаснува како се изготвува статутот на здружението на граѓани. Во последните две брошири, ИТЗ користеше информации од Коментарот на Законот за здруженијата на граѓани и фондации од д-р Наташа Габер и проф. д-р Борче Давитковски, издаден од МЦМС.

ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО МАКЕДОНИЈА

"Европски културни мрежи"..

.Во издание на Институтот Отворено општество Македонија, е објавена книгата „Европски културни мрежи”, превод од адресарот издаден од невладината организација „Балкан Култ” од Белград.
Адресарот е преведен на македонски и англиски јазик, а содржи податоци и адреси на културни федерации, асоцијации, совети, групи, движења и други здруженија на европско и светско ниво, преку чии информациски и координативни мрежи се реализира најголем дел од културниот живот и соработката меѓу културните групи и поединци на локално ниво.

 ... И "Културна политика: краток водич"
Ова издание на Институтот Отворено општество Македонија е превод на изданието на Советот на Европа на авторот Сајмон Манди. „Културна политика” е практична студија во која се пренесени искуствата и корисните совети на авторот, кој е експерт во оваа област и соработник на повеќе афирмирани меѓународни и европски институции (УНЕСКО, Советот на Европа, Европската фондација за култура и други).
Во книгата се третирани областите на културната политика, културниот туризам, културното наследство, јавниот интерес во областа на културата и други.


НОВИНАРСКО-ПРАВЕН ЕНВИРО ЦЕНТАР ЕРИНА "Крушево - хабитат за човекот"
Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА од Скопје ја издаде книгата „Крушево – хабитат за човекот” како дел од истоимениот проект, поддржан од ФАРЕ Програмата за култура. Книгата е испечатена на македонски и англиски јазик, а содржи фотографии и податоци за богатото природно и културно наследство на овој град, еден од највисоките на Балканот. Книгата има за цел да го промовира градот пред домашните и странските туристи и евентуалните инвеститори и да помогне да се отворат перспективите за неговиот понатамошен развој.
ЕРИНА, покрај книгата, изготви и разгледници за Крушево и организира две фотоизложби во Скопје и Крушево. Исто така, ова здружение ја изготви и првата веб-страница за Крушево: www.krushevo-erina.org.mk


РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ЦИЕ
 Билтен за Велес

Локалната канцеларија во Македонија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа од Унгарија почна да издава посебен билтен за Велес. Билтенот го подготвува Зелениот центар - Велес, во рамките на проектот за подигнување на јавната свест за состојбите со животната средина во овој најзагаден македонски град. Проектот го финансира Јапонскиот специјален фонд. Билтенот информира за најкритичните еколошки проблеми на Велес.


 

ИНСТИТУТ ЗА ТРАЈНИ ЗАЕДНИЦИ


Брошури за формирање граѓански здруженија

Македонската „експозитура” на Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од Вермонт, САД, во рамките на Програмата за демократска соработка, издаде три брошури наменети за групи граѓани кои сакаат да основаат здружение на граѓани.

Првата брошура има наслов „Здружение на граѓани – што е тоа?” и дава опис на функциите, карактеристиките и активностите на граѓанските здруженија; втората, под наслов „Формирање на здружение на граѓани”, упатува на прашањата и постапката пред формирање на здружението и процедурата за основање и регистрација, а третата, „Подготовка на статут”, објаснува како се изготвува статутот на здружението на граѓани. Во последните две брошири, ИТЗ користеше информации од Коментарот на Законот за здруженијата на граѓани и фондации од д-р Наташа Габер и проф. д-р Борче Давитковски, издаден од МЦМС.

 

©MCMS - designed by KOMA