ПРОЕКТ ЗА СТИПЕНДИИ
Создавање граѓанско општество на Балканот
По десет години интервенции на Балканот, меѓународната заедница има потреба да дојде до начинот на кој таа управува со бизнисот и со политиката таму, вели Кит Браун, виш соработник во Институтот за мир на САД.
"Некои луѓе во регионот сосема солидно ја научиле вештината да го кажат токму тоа што моќните меѓународни иинституции сакаат да го чујат без притоа да ги прифатат идеите" - вели тој. "Тие се подготвени да дадат секакви ветувања за да стигнат до извори на средства. Долгорочно гледано, ова е сосема спротивно на целта за градење стабилно граѓанско општество."
Браун е професор по антропологија на Инсититутот за меѓународни студии Ватсон при Брауновиот универзитет, каде што го проучува национализмот во југоисточна Европа, особено македонската култура и општество. Неговиот проект е насочен кон видот на детално и истенчено познавање на локалните традиции и верувања што е неопходно за да се издиференцираат видовите политички препораки, кои може да ја добијат поддршката од луѓето на Балканот и да им помогне да изградат постабилна иднина.
Браун ја базира својата анализа врз меѓународната активност на Балканот за традиционалната улога на „лица за посредување” во општеството. Тие влијаат во создавањето и управувањето со власта, објаснува Браун. Тоа се тие лица кои имаат одредена контрола или влијание врз текот на информациите, луѓето и добрата внатре во самите општества како и меѓу нив, или пак во сегменти на општеството, и тие се способни да ја претворат таа контрола или влијание во власт и профит, вели тој.
Има два широко дефинирани типа "лица за посредување": "посредувачи" и "местачи". "Посредувачите” имаат долгорочна обврска во нивната заедница, додека пак "местачите" повеќе се интересираат за брзите резултати за нив самите или нивните клиенти. "Местачите" успеваат во општество каде што доминира непријателски поглед кон светот, особено меѓу лица и странски институции. Тие зависат од отуѓувањето што настанува како резултат на нивната активност и токму затоа дејствуваат во насока да ги продлабочат конфликтите и натпреварувањето за ограничените извори меѓу луѓето на кои тие евидентно им служат.
За жал и сосема случајно, тековните притисоци да се постигнат некакви резултати на Балканот ја водат меѓународната заедница да ги поддржува локалните авторитети кои брзо ги завршуваат зададените задачи, наместо да ги поддржат оние чии активности би дале подолгорочни резултати, вели Браун. Тоа делумно го објаснува успехот на "местачите" во поранешна Југославија. "Во таков контекст, концептот за заедничко добро одвај може да се забележи во борбата да се изградат партикуларистички патеки на привилегијата", вели Браун.
Доделувањето одредени средства за подолг период може да доведе кон поважни и позначајни општествени придонеси, со тоа што ќе се создадат можности за потрајна и поширока соработка меѓу народите, како и меѓу нив и меѓународната заедница. На сличен начин, Браун заклучува дека доделувањето поголема улога на локалните активисти и партнери во создавањето на планот за нивните проекти може да доведе до поголеми креативни концепти и идеи за тоа како граѓанското општество треба да биде изградено, во согласност со плановите на оние што директно вложувале во нивното создавање и форма.
(Peace Watcs, US Institute of Peace, December 2000)
|