Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Луѓе

   

Луѓе: Виолета Петровска

Се борам, лобирам, убедувам, стекнувам пријатели-сопатници

Професионално искуство: Дипломиран правник со долгогодишно практично искус­тво.

Ангажирање во граѓанскиот сектор: Прет­седателка и основач на организацијата на жените “Кумановка”, која  - презема актив­ности со цел унапредување на положбата на жената во правниот систем на РМ, со раз­вивање на граѓанското општество, гра­ѓанската самосвест, човековите права, политичката култура, мултикултурата и родовата еднаквост. Од неодамна коорди­натор на МЖЛ - огранок Куманово но и член е на координативното тело на локалната самоуправа и на бордот на “Женскиот центар - Жена на 21. век”.

Хоби и интерес: Читање стручна литература, патувања во развиени демократски држави.

Најтешка одлука: Дали да помогнам на болниот, сиромашниот, невработениот...

Амбиции: Се залагам за промени, се борам, лобирам, убедувам, се стекнувам со при­јатели-сопатници, ги следам реакциите на јавноста и на медиумите и барам нивна постојана поддршка. Гледам како зреат плодовите на моето залагање, се качувам се повисоко, но не сама. Со себе имам голем број луѓе кои гледаат на работите исто како мене, и не само тоа, туку се стремат кон поправедно општество со отворени врати дури и за оние што се наоѓаат некаде на маргините”.

Во слободно време читам: Стручна лите­ратура и дневен печат.

Каде оди во слободно време: Немам многу слободно време, но кога ќе ми се укаже прилика, закажувам средби со пријателките на колачи во “Кенди” Куманово.

За време на викенди: Ако немам некоја активност, дома сум со семејството, со сопругот и синовите кои се студенти и на кои им посветувам особено внимание.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто:
Во Република Македонија има многу проб­леми, меѓутоа истите нема кој да ги решава. Есенцијални проблеми постојат преку нере­шавањето на прашањата на корупција, измама и криминал. Излегува дека ваквите проблеми за одредена категорија луѓе се повеќе испатливи по однос на чесната работа. Тоа што важи за државата во целина, важи за проблеми од локален карактер каде што граѓаните не можат да си ги остварат своите права.

Кој глобален проблем го смета  за особено важен и зошто:
Глобален проблем постои во невладеење на правото, со што се поткопува демократијата од една страна, а од друга страна го забавува развојот на нашето граѓанско општество. Нарушена е човековата безбедност  преку разни форми на тероризам, трговија со луѓе, дрога и оружје, а особено преку корупцијата и големиот прилив на неконтролиран профит од наведените криминални дејствија.

Што би променила во Македонија и во светот: Со ефикасна борба на институциите на системот, треба да се менува момен­талното мил­је, на начин со што ќе се стави крај на теро­ризмот, трговијата со луѓе, со оружје. Тогаш граѓаните би можеле мирно и спокојно да жи­веат. По однос на економскиот план на земјата, треба да заживее прет­приемништвото и сто­панството, осо­бено малите и сред­­ните претпријатија коишто ќе вра­ботуваат нови работници. Со отворање на нови можности за работа, вработените ќе  остваруваат заработувачка за себе и редовно ќе ги иплаќаат придонесите и даноците од плата на државата.

Совет/порака: Доста мудрувања и пре­пукувања, туку потребно е да се работи на претходно укажанато.

Никогаш не би можела да: Никогаш не би можела да го замислам ликот на Платон Каратаев од романот “Војна и мир” на Толстој, кој зборува за среќа и ја квалификува на среќен начин: “Среќа претставува платнена кофа која кога ќе ја спуштиш во бунарот и ќе ја повлечеш нагоре, испаѓа дека е тешко, што значи дека е полна, меѓутоа, кога ќе ја извлечам од бунарот, таа е веќе празна”.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA