Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Едукација

   

НАСТАНИ

ЕДУКАЦИЈА


МЦМС

Промоција на програмата Применето образование за младите Роми

Во текот на октомври оваа година Македонскиот центар за меѓународна соработка ја промовираше програмата „Применето образование за младите Роми”. Промоцијата се одржа во три града во Македонија и тоа на 16 октомври во Штип, на 17 октомври во Битола и на 18 октомври во Скопје. Програмата ја презентираа Нахида Зекирова и Владимир Лазовски од МЦМС, задолжени за спроведување на истата, истакнувајќи дека таа предвидува финансиска поддршка, обука, застапување и лобирање и информации, наменети за целната група, односно за младите Роми од 11 до 25 години.
Општата цел на Програмата е да се придонесе кон подобрувањето на состојбите на младите Роми во Македонија, односно да се подобри вклученоста на ромските деца во основното образование и да се зголемат можностите за вработување на ромската младина. 
Идејата за отпочнување на еден ваков проект, како што истакнаа на примоцијата Зекирова и Лазовски, потекнува од општествениот статус на ромското население, кое е оптоварено со бројни економски и социјални проблеми и е ставено на маргините на македонското општество.
Програмата ќе се спроведува во соработка со локални невладини организации и училишта што ги посетуваат децата од локалните ромски заедници. Нејзините активности се насочени кон јакнење на свеста на образованието на семејствата во ромските заедници, подобрување на односите меѓу училиштата и заедниците, подобрување на квалификуваноста и оспособеноста на младите во ромските заедници, како и подобрување на информираноста на јавноста и јавните институции за проблемите и образованието на Ромите. За соработката со училиштата е добиена писмена согласност од министерот за образование, Ненад Новковски.
Применетото образование за младите Роми ќе го спроведува МЦМС, во соработка со локалните невладини организации, кои претходно ќе се квалификуваат за учество на програ­мата. Околу реализацијата на програмата ќе се грижи т.н. Референтна група, оформена од претходно наведените субјекти.
Финансиските средства за изведување на оваа програма се обезбедени од данската средношколска организација Operation Day’s Work, преку Данската црковна помош (Dan Church Aid), во износ од 47,497,120 мкд. Програмата ќе трае од 2001 до 2004 година.


Д. Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 09 Октомври 2001
Број 09 Октомври 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA