Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Луѓе

   

Вангел Спироски

Никогаш не премолчувајте ако сте оштетени во остварувањето на своите права

Професионално ис­куство: Ап­сол­вент на ФТУ - Ох­рид, комер­ција­лист во “АМАК СП” А.Д. - Охрид.

Ангажирање во граѓан­ски­от сек­тор: Ак­тивно анга­жиран во афир­мирањето на прав­ната регулатива за заш­тита на гра­ѓаните како потрошувачи, еден од иницијаторите за отворање на Советодавното биро на Орга­низацијата на потрошувачите на Маке­донија во Охрид во 2001 година. Моментално координатор на Советодавното биро.

Хоби и интереси: Стрелаштво - активно се занимавам со спортско стрелање со мало­калибарска пушка, боречки вештини - карате, аикидо.

Најтешка одлука: Јас не сум од онаа категорија луѓе кои брзо донесуваат каква било одлука, а потоа се доведуваат во состојба брзо да го менат мислењето. Се водам, едноставно, според она народното “два пати мери еднаш сечи”. Затоа и не се доведувам во онаа исконска дилема “Ако одлучиш вака, ќе се каеш, а ако одлучиш поинаку, повторно ќе се каеш”.

Амбиции: Моите амбиции се насочени кон стручно усовршување и примена во мојата работа на моделите и методите кои ги познава совре­мениот свет, а кои за жал, кај нас, ние младите ги осознаваме тогаш кога истите тие ќе излезат од “мода”.

Во слободно време чита: Претежно во слободно време читам белетристика од мојот стручен ангажман, економска литература, фељтони и мемоарска литература.

Каде оди во слободно време:  Слободното време - кога не го користам за читање и спортување, го посветувам за средби со пријателите, кино-проекции, а бидејќи во Охрид забавниот живот е поинтензивен во летниот период - особено внимание посве­тувам на фестивалските приредби на “Охрид­ско лето”.

За време на викенди: Дел од викендите сакам да ги користам за препуштање на себеси. Одам во разгледување на пошироката околина на Охрид или Струга, додека во зимскиот период го посетувам ски-центарот во Маврово.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Од националните проблеми кои за жал ги имаме многу, приоритетот за мене се: разрешување на проблемот со името, оддалеченоста од т.н. шенген-зона, односно затвореноста на границите и неприфатливиот визен режим, нефункционирањето на правната држава, пропаѓањето на некои мерки за зажи­вување на стопанството, неконзистентната еко­номска политика којашто треба да обезбеди развој на државата, големата невработеност и сиро­маштијата. Сметам дека со решавање на економ­ските состојби ќе се создаде амбиент за разре­шување и на другите прашања.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Непочитувањето на чове­ковите права, воените закани и воените судири, тероризмот, трговијата со луѓе и ширењето на наркоманијата. Сите овие проблеми се опасност за развој на циви­лизацијата и од своја страна значат вис­тинска кочница за рамномерен развој на сите земји и народи.

Што би променил во Македонија и во светот: Кога би бил во можност, би насто­јувал во нашата земја да ја зајакнам само­довербата кај нашите луѓе. Сметам дека неправилно, заради многу неповолности, често пати се потценуваме и себеси како граѓани, а и нашата земја како држава.
Во светот би сакал да можам да ја променам се уште присутната одвоеност, недовербата и да го надминам расчекорот меѓу крајно сиромашните и крајно богатите земји.

Совет/порака: Во одговор на ова прашање би се послужил со мотото на  асоцијацијата ОПМ во која посебно сум ангажиран во слободно време: “Никогаш не премолчувајте ако сте оштетени во остварувањето на своите права”. Тие права ви се дадени вам затоа што се универзални и треба да уживате во нив, без оглед дали се: во доменот на купо­продажните односи и услугите и со еден збор потрошувачки права или како права кои ви припаѓаат како на индивидуа.

Никогаш не би можел да: Нанесам штета или зло на недолжни и на луѓе кои не заслужуваат да им се возврати со такво нешто. Впрочем, јас и не можам да мислам лошо за некого. Таков сум!

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA