Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Концепти

   

Концепти

Мотивација на волонтери

Зошто сум волонтер? На ова прашање, еден волонтер во против­пожарно здружение одговорил: „Не затоа што се осмелувам да влезам во зградата што гори, туку затоа што се грижам за луѓето. Да им се помогне на луѓето е она за што сум роден. Затоа сум волонтер. Можеш да имаш 25 години, нетрпелив и подготвен за работа, или да имаш 60 години, со целото искуство зад себе и се уште да бидеш активен. Волон­терот може да биде маж или жена, со крупна или ситна градба, продавач или механичар, домаќинка или сопруг, татко или мајка, но секогаш ќе биде овде кога има потреба од тоа.“

Да се разбере зошто волонтерот прифатил да работи во одредена организација и што мисли и чувствува за неговото ангажирање - е појдовната точка во мотивацијата на волонтерот.
Мотивите да се биде волонтер се различни: алтруизам, желбата да им се помогне на другите, вербата во одредена кауза, желбата да се биде корисен, искусување различни животни стилови, збогатување на биогра­фијата, исполнување на слободното време, себеисполнување, можност за изразување на креативноста, учење нови вештини, испол­нување на сло­бодното време и уште многу други причини зошто една личност се одлу­чила да ги вложи своето време и искус­тво, знаењето и капацитетите во една непрофитна организација.
Мотивацијата и на платениот персонал во организацијата не е едноставна работа, а уште потеш­ко и поспецифично е да се моти­вираат волонтерите.

Како можат да се мотивираат волонтерите?
Во невладините организации во Македонија, каде најголем број од ангажираните лица се волон­тери, многу малку се води сметка за мотивацијата. Главна грижа на рако­вод­ството на организациите не се луѓето со кои работат, туку преживувањето на орга­низацијата. Но, организацијата ја чинат луѓето со нивните вредности, зна­ења, капа­цитети, желба за работа. Гри­жата за нив треба да биде императив на секој рако­водител.
Мотивацијата и задржувањето на волон­терите во организацијата секогаш одат заедно. Ако волонтерите имаат работа којашто ги исполнува, одговара на нивните моментални потреби и го јакне чувството на припадност, тие ќе останат да работат во организацијата вложувајќи максимум енер­гија и креативност.
Многу волонтери доаѓаат во орга­ни­зацијата заради своите определби за остварување одредена цел. Со текот на времето интен­зититот на нивната по­светеност може да опадне, но тоа не мора да значи дека тие станале помалку добри. Раководителите често од волонтерите  очекуваат потполна беспрекорност во извршување на работите, креативност и динамичност, а неретко изразуваат презир кон волонтерите кога ќе се покрене пра­шањето за наградување.
Нереално е да се очекува од луѓето дека ќе сакаат да работат без да бидат награ­дени. Нема ништо лошо ако волон­терите сакаат да имаат корист од својата работа. Иако волонтерите не добиваат плата за својата работа, тоа не значи и дека тие не треба да добијат надомест за својата работа и време.

 

Што очекуваат волонтерите како на­домест за својата работа?

 - можност за успех (напредување во карие­рата)

 - признание (пофалба, респект за зав­рше­ната работа, признание во средината)

 - личен напредок (стекнување нови зна­ења и вештини, дополнување на био­графијата)

 - економски придобивки (материјална награда, хонорар)

 - добри работни услови (користење совре­мена техничка опрема)

 

Што може да направи раководителот на една организација за да ги мотивира волонтерите?
Во наши услови, кога речиси секое здру­жение се соочува со хроничен недостаток на финансиски средства, наградувањето на активистите кои најчесто се волонтери е доста тешко. Ова важи уште повеќе ако се има предвид и социоекономската состојба во Македонија. Голем број високообразувани лица, без редовна работа, се вклучуваат во здруженијата за да бидат корисни за заедницата, но и со надеж дека ќе добијат  надокнада за вложениот труд.
Кога раководителот во организацијата ќе се соочи со очекувањата на волонтерот, тој треба веднаш да реагира, односно да изнајде начин со што ќе го задржи и понатаму да го поттикне волонтерот да работи во организацијата.
Начините за мотивацијата на волонтерите се одредуваат според основните мотиви за нивното ангажирање во организацијата. Треба да се има предвид дека тоа е динамична категорија, односно она што ја мотивирало личноста во еден момент, не значи дека е доволна мотивација по извесно време.
Иако не постои универзален начин за мотивирање волонтери, сепак се пре­порачуваат неколку општи мотивациски принципи што се пошироко прифатени од професионалците кои работат со волон­тери:

- еднаквост со другиот персонал во орга­низацијата (се создава фер атмо­сфера на рамноправност со дру­гиот персонал);
- изразување признание и почит (организирање заедничка све­ченост каде се доделуваат награ­ди и признанија, формални и неформални пофалби во текот на работењето);
- можност за личен напредок (учество на обука за разни веш­тини и знаења интересни за во­лон­терот, користење современа техничка опрема за работа, учес­тво во значајни проекти);
- споделување информации  и редовен повратен резултат (фид­бек - отворен разговор за сите прашања, па и за личните инте­реси  на волонтерот, јасно изразување на очекувањата и резултатите од работата).

Во волонтерите треба да се инвестира. Таа инвестиција секогаш се исплатува. Затоа, основното мото кое треба да ве води во работата, без разлика дал сте волонтер или професионалец, е: “Успехот е најдоброто средство за мотивација”.

Лилјана Алчева-Јовановска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 24 Февруари 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
Појмовник
Број 24 Настани Дајте му шанса на мирот
Број 24 Коментар Рака под рака
Број 24 Тема Поинаков свет е возможен
Број 24 Интервју ДАНИЕЛА ДАБЕСКА, ШЕЛТЕР ЦЕНТАР
Број 24 Погледи Самостојно, покоординирано и поцелисходно
Број 24 Донатори Македонско-германска развојна соработка
Број 24 Прерставување Надминување конфликти, градење траен мир
Број 24 Форум Имаат ли резултати актуелните стратегии на женските НВО?
 

©MCMS - designed by KOMA