МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ФИООМ
Поддршка на домовите на културата
Министерот за култура на Република Македонија, г. Благоја Стефановски и извршниот директор на Фондацијата Институт Отворено општество - Македонија, г. Владимир Милчин, на 15 април годинава потпишаа Протокол за соработка во рамките на Програмата на ФИООМ за поддршка на домовите на културата.
Со Протоколот се предвидува да се спроведат пилот-активности во шест селектирани домови на културата во Македонија, со цел да се проверат можностите за спроведување нов организациски модел на децентрализирано работење.
Целта на овие активности е да дадат проидонес во процесот на децентрализација во областа на културата. Активностите ќе се спроведуваат во соработка со градоначалниците и претставниците на градските совети, Министерството за локална самоуправа и Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). ФИООМ става на располагање 40.000 американски долари, технички и човечки ресурси за овие активности, со кои ќе се обезбедат обуки, интернет-пристап, мали грантови и техничка помош.
М.И.
|