Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Календар

   

Календар

 

3 Мај

Слободно информирање

Трети мај е меѓународен ден посветен на слободата на медиумите. Овој вид слобода, кој се смета за една од основните при­добивки на демократското општество, во многу држави од светот не е реализирана. Меѓународните асоцијации на новинарите и репортерите, како и граѓаните кои се свесни за важноста на слободното инфор­мирањење, на овој датум се обраќаат до владите и јавноста, барајќи слобода на медиумите во целиот свет.

7 Мај

Центар за НВО во Ресен

Ресен на овој датум ќе добие Центар за поддршка на невладините организации од регионот, Тој ќе биде дел од мрежата вакви центри што се отвораат со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Европската агенција за реконструкција.

8 Мај

Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Ова е ден посветен на хуманоста. Во светот, се прославува како ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина. Многу граѓани, на овој ден ја покажуваат својата хуманист, учествувајќи во различни акции, или пак со давање донации.

9 Мај

Ден на Европа

Денот на Европа се прославува како еден од важните датуми во Европската Унија. Но, него го одбележуваат и државите кои се вон ЕУ, но сепак се дел од Европа. Кај нас, овој датум веќе неколку години се одбележува во организација на Делегацијата на Европ­ската комисија во Македонија.

9 Мај

Сеќавање на холокаустот

Деветти мај е прогласен за светски ден посветен на жртвите на холокаустот. Тоа е датум кога светската јавност, оддавајќи им помен на жртвите, се повикува да го спречи ширењето на неонацизмот и на другите форми на нетолеранција и насилство.

10 Мај

Дебар и Струга со центри за НВО

На овој датум ќе бидат отворени уште два центри за поддршка на невладините орга­низации - во Дебар и Струга. Со тоа, ќе биде заокружена мрежата од осум нови центри, кои ќе им се придружат на четирите кои веќе неколку години работат со поддршка на Фондацијата Институт отворено оп­штество – Македонија.

24 Мај

Жените за мир

Жените од целиот свет на овој ден се обединуваат во борбата за мир. Светската акција на жените за мир и разоружување, која се организира на овој ден, анимира многу жени но и мажи кои организираат протести, трибини и другу активности, повикувајќи на мир во светот.

 

31 Мај

Ден против пушењето

Последниот ден во мај е посветен на борбата против пушењето. Организациите кои работат во областа на здравството и животната средина укажуваат на штетноста на оваа навика, која секоја година е причина за заболувања и смрт на милиони луѓе.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA