Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Интервју

   

Интервју: ЕРВАН ФУЕРЕ, СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


Заедно ке го изодиме патот кон ЕУ


Неговата екселенција, г. Ерван Фуере, новиот специјален претставник на Европската Унија во Македонија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Скопје, го запознавме како човек кој на нашата влада и го достави мислењето на Комисијата за македонската апликација за членство во ЕУ. Мислењето беше позитивно, а таква беше и јавната перцепција на новиот претставник на ЕУ - како носител на долгоочекуваната, добра вест. Амбасадорот Фуере го замоливме за интервју, а тој љубезно прифати, и покрај неговата преполна агенда. Разговаравме, неминовно, за евроинтеграцијата, за улогата на граѓанското општество во тој процес, за Македонија и за Ирска, земјата од која потекнува тој.

Ваша екселенцијо, за почеток, Ве молам накусо претставете им се како европски политичар на нашите читатели...
Во круговите на Европската Унија работам долго, долго време. Во институциите на ЕУ сум од 1973 година, но поради моето семејство и моите интереси, работев на прашања поврзани со ЕУ уште како студент - бев потпретседател на Младите европски федералисти и секогаш бев длабоко вклучен во европските студентски политики. Така, приклучувањето кон Европската Унија беше логичен чекор за мене. Мојата кариера ме однесе низ цела Јужна Америка, во Јужна Африка и еве сега во Европа. Среќен сум што сум во Европа во оваа фаза, бидејќи сум сведок на овој исклучителен процес на елиминирање на линиите коишто ја делат Европа, а коишто беа поставени во историјата, во оваа фаза во којашто земјите од Балканот исто се инспирирани да станат дел од Европската Унија. Јас сум среќен што сум тука и што можам да помогнам да се оствари тој сон. За време на вашите први денови во Македонија, имавте многу важна задача - да го пренесете мислењето на Европската комисија за апликацијата на Македонија за членство во ЕУ. Тоа е добар и ветувачки почеток на вашата мисија во нашата држава.


 Кој е вашиот официјален коментар за овој значаен чекор за Македонија и ако смеам да парашам, какви се вашите лични чувства во врска со тоа?
Секако, за мене лично е голема привилегија што можев формално да & ја презентирам на вашата влада и на народот одлуката на Европската комисија официјално да препорача Р. Македонија да добие статус на земја-кандидатка. Оваа одлука е мошне важна од неколку причини - прво, бидејќи е признание за постигнувањата на државата во постконфликтниот период, и второ, & дава нов поттик на владата да ги удвои напорите за спроведување на реформите. Навистина, ова беше прекрасен почеток на мојата мисија и тоа ми овозможи да пренесам неколку клучни пораки коишто треба да ги има на ум вашата држава на патот што ја чека, на патувањето - а тоа патување ќе го изодиме заедно. На тој пат постои јасна одредница и ентузијазам што треба да го поддржиме ние, особено кај јавното мислење, кај граѓанското општество. Дали веќе имавте шанса да бидете сведок на такво возбудливо патување на некоја друга држава? Да, имав привилегија да бидам назначен во Словенија, не на почетокот на преговорите, туку во последните две години, така што од прва рака ги следев огромните напори што ги направија словенечката влада и народот за да ги запазат роковите и да одговорат на обврските за членството во ЕУ. Бев исто така во можност да учествувам во процесот на Референдумот на кој луѓето се изјаснија дали сакаат да & се придружат на ЕУ. Ние спроведовме голема информативна програма со цел да обезбедиме јавноста да добие максимум објективни информации за резултатите од преговорите, за можните последици коишто ќе ги има асоцијацијата врз земјата, така што луѓето можат самите да одлучат како да гласаат. Тоа беше извонредно искуство и јас сум сигурен дека експертизата што ја изгради Словенија може да биде од голема помош за вашата држава. Знам дека веќе се спроведуваат некои “твининг-програми”. Словенците го разбираат овој регион и неговата чувствителност, така што сметам дека тие можат да бидат идеални партнери на ова наше патување, исто така. И покрај атмосферата на еуфорија што го следеше позитивното мислење на Европската комисија, важно е да запомниме дека не очекува уште многу работа.


Ако сакаме да станеме дел од ЕУ. Кои проблеми треба да ги решиме најпрво?
Европската комисија зацрта еден вид “патна карта” за ова патување. Меѓу првите приоритети е завршувањето на процесот на спроведување на одредбите од Охридскиот рамковен договор. Го потцртувам зборот спроведување - важно е да има ефективно спроведување на одредбите и локалните заедници да го почувствуваат тоа. Децентрализацијата, подеднаквата застапеност, зајакнување на судството и на полицијата, владеењето на правото, административните реформи, борбата против корупцијата - се главните предизвици. Освен ова, Владата има важна задача да ја подобри економската клима. Земјата страда од недостиг на инвестиции, и домашни, и странски. Значи, треба да се подобри регулативата така што ќе се привлечат инвеститори. Во оваа задача, освен Владата, треба да се вклучи и бизнис-заедницата. Потоа, важен приоритет се изборните реформи. ОБСЕ-ОИДХР изготви мошне специфични препораки и сега е до Владата и до Парламентот да ги прифатат реформите што ќе овозможат следните избори да се извршат под неопходните стандарди. Тоа ќе биде клучен тест за државата. Која ќе биде улогата на Делегацијата во оваа нова ситуација за Македонија?



Како Делегацијата ќе и  помогне на државата да одговори на препораките од Комисијата и обврските за членство?
Јас би рекол, улогата на целата Европска Унија, бидејќи во Делегацијата ја вклучувам и мојата одговорност како специјален пратеник, во смисла на подобрување на безбедноста, како и Европската агенција за реконструкција. Сите овие инструменти на ЕУ се на располагање за да & помогнат на вашата држава да одговори на различните предизвици на реформата, да ја водат и да ја охрабрат да ги спроведе реформите и да надмине одредени празнини, или пак доколку се јават проблеми во исполнувањето на обврските - се со цел да се увериме дека е остварен моментот. Која треба да биде улогата на граѓанските организации и на целиот граѓански сектор во процесот на евроинтеграцијата? Дали мислите дека јавното учество досега беше доволно застапено? Сакам да нагласам дека ЕУ го застапува градењето консензус - со други зборови, дека во напорите за зачленување во ЕУ треба да се вклучат сите сектори во општеството и дека тоа треба да се базира на политички консензус. Навистина, целта за приклучување кон ЕУ е обединувачки елемент за државата бидејќи ги здружува сите сектори, сите различни заедници. Ако ги погледнете минатите искуства, ќе видите дека успесите во преговорите и зачленувањето на другите држави се базираа на таков консензус. И, јас особено ја нагласувам улогата на граѓанскиот сектор, кој е еден вид “очи и уши” на локалните заедници, на луѓето. Тие имаат мрежа каква некогаш нема ни владата. Нивната улога е да бидат мошне активни “кучиња-чувари” во однос на активностите на Владата и на политичките партии. Се разбира, тоа значи дека и граѓанскиот сектор има одговорност. Но, успехот ќе зависи од степенот до којшто граѓанскиот сектор е вклучен во процесот. А тоа бара проактивен пристап од страна на Владата. Постојат различни методи да се обезбеди тоа, на пример, преку меѓувладина група за дијалог со граѓанскиот сектор, или пак, мошне важно - с$ уште не ми е познато, можеби постои, законска рамка којашто е поволна за активностите на граѓанското општество, со други зборови, да постојат услови што на граѓанскиот сектор ќе му овозможат да дејствува и да ја одигра таа критичка улога којашто е многу важна. Сметам дека зајакнувањето на граѓанското општество е рефлексија на зајакнатата демократија во секоја држава. Институциите на ЕУ направија многу за зајакнување на граѓанскиот сектор во Македонија. Но, сепак, има недостиг од профилирани и професионализирани граѓански организации. Како во иднина ќе продолжи таа поддршка? Дали македонските граѓански организации ќе имаат пристап до повеќе и до нови фондови на ЕУ? Многу е важно дека ние ќе го охрабриме граѓанскиот сектор во неговите активности, а исто така, мошне важно, ќе се фокусираме не само на етаблираниот граѓански сектор којшто веќе создал мрежи и европски партнерства, но исто така ќе им помагаме на помалите групи коишто имаат подеднакво важна улога. Тоа секако ќе биде еден од моите приоритети - поддршката на мошне активната улога на граѓанското општество и помошта за оние кои с$ уште не достигнале ниво на професионални стандарди и услови. Истовремено, важно е да не создадеме зависен граѓански сектор што би можел да егзистира само врз основа на странска помош - тоа би било грешка. Сакаме да изградиме саморастечко граѓанско општество коешто ќе се развива како одговор на определена клима во државата. И, јас силно би ја поддржал соработката со другите држави во регионот, знам дека има активни здруженија, на пример во Белград, или во Љубљана, но и во Брисел, каде постојат федерации на граѓански организации. Ќе бидеме задоволни ако видиме како можеме тука да пренесеме некое искуство од тие федерации.


Вие потекнувате од убава, зелена земја. Но, во моментов живеете исто така во земја богата со природна разновидност. На основа на кои други аспекти можете да ги споредите Ирска и Македонија?
 Секако има многу нешта коишто ни се заеднички, но особено една, тоа е нашата историја. И двете држави страдавме многу во нашата историја, сме виделе поделби и сме се справувале со делби во општеството. Мислам дека и двете држави успеавме да креираме, да дефинираме рамка за да ги надминеме тие делби. Во Ирска тоа беше мошне долг процес, но ние го постигнавме Договорот од Велики петок во 1997 година, кој беше темелник што ги спои заедниците. Научените лекции говорат дека за да ги надминете делбите, за да имате мир, морате да преговарате со вашите непријатели, да склучите мир со нив и од непријатели да ги претворите во пријатели. Мора да се создаде дух на партнерство. Тоа е причината што јас имам посебни чувства кон вашата држава и нејзините страдања низ историјата. Сигурен сум, исто така, дека имаме и сличен пристап кон важноста којашто му ја даваме на нашиот културен идентитет и традицијата, како и на диверзитетот на традициите, бидејќи тоа е и концептот врз којшто се базира европската интеграција - зајакнувањето на нашите културни различности.

М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA