|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
луѓе: Андон Марковски
Да создадеме можност за меѓусебна доверба
Професионално искуство: Комерцијален директор во Градежното претпријатие “Бетон”-Скопје специјалност - станбена изградба.
Ангажирање во граѓанскиот сектор: Потпретседател во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија каде активно е ангажиран од 1993 год. Работи на заштита на правата на пензионерите што произлегуваат од Уставот, законите за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за здравствено осигурување, солидарните фондови, спорт, култура и рекреација на пензионерите, продлабочување на демократските процеси и јакнење на граѓанското општество.
Хоби и интереси: Во слободното време се занимавам со хортикултурно уредување на дворот во мојата куќа.
Најтешка одлука: Во принцип, пред да донесам одлука, подразмислувам и бројам до 10, па потоа одлучувам.
Амбиции: Помош на обесправените да се здобијат редовно и навремено со пензиите, помош при добивањеа лекови, како и организирање спортски натпревари, со културна и забавна содржина и др.
Во слободно време чита: Читање на дневниот печат, литература од областа на економијата и правото. Еднаш неделно одам на предавање на универзитетот “Трето доба” при Филозовскиот факултет. Во другите денови сум на прошетка со пријателите.
3а време на викенди: Во летниот период семејно излегуваме покрај езерото Треска или на други излетнички места околу Скопје. Во зимскиот период “се вртам” покрај телевизорот и гледам фудбалски натпревари.
Кој национален (локален проблем) го смета за особено важен: Национален интерес, според мене, е, во прв ред, безбедносната политика и економската стабилност во земјата. Сметам дека треба да се инвестира и да се отворат нови работни места за младите, да се овозможи Балканот и Европа да бидат без граници - за проток на знаења, култура, стока, пари и др. Исто така, потребно е да се намалат даноците, да се подобри (намали) кредитната политика, да се отвораат јавни работи за помасовно вработување на обични работници. Важно е да се обрне и внимание на еколошката средина (чисти градови).
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Во една држава треба да се почитува правото, да нема корупција, брзо да се решаваат судските предмети. Да нема партизација, да се цени стручноста и компетентноста на човекот.
Што би променил во Македонија и во светот: Да се создаде можност за меѓусебна доверба меѓу луѓето, без оглед на нивната национална, верска и политичка припадност. Владата (министрите) да бидат поставени според стручноста на ресорите, а не спрема партиската припадност.
Совет (порака): Да се почитуваат темелните вредности на чл. 8 од Уставот на Република Македонија: основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право утврдени со Уставот. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|