Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact


ФИООМ
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност

Платформата ги претставува приоритетите на граѓаните на Македонија за одржување мир и потикнување на развојот на државата. Овој документ е резултат на јавните дискусии организирани во Скопје, тетрово, Велес, Прилеп, Кичево, Штип, Струга, Струмица, Битола и Куманово
11.09.2002
Вовед
Писма
Настани
Публикации
Тема
Погледи
Концепти
Интервју
Q&A
Донатори
Форум
Појмовник
Број 17 Јуни 2002
Најава- Изборен фер-плеј
Парламентарни избори со широка партиципација на НВО
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност




ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Настани

   

НАСТАНИ

НАГРАДИ


ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Добитници Град Скопје, ФИООМ, „Месечина”, „Полио плус” и АД Комуна

Македонскиот центар за меѓународна соработка на 27 јуни годинава, на свечен начин ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн”. Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Град Скопје (за јавност и соработка), Фондацијата Институт отворено општество Македонија (за долгогодишен придонес) и Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Гостивар (за постигнувања во претходната година). Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” ја добија „Полио плус – постполио група за поддршка” и Комуна АД Скопје, и двете за постигнувања во претходната година.

Како што на свеченото доделување на наградите рече извршниот директор на МЦМС, Сашо Клековски, тие се доделуваат втор пат, откако беа востановени од МЦМС минатата година. Наградата за граѓанско општество и демократија се доделува од фондот кој го формира МЦМС откако самиот ја доби Наградата за граѓанско општество и демократија што ја доделуваат Европската унија и САД, во 1998 година. Наградата за одржлив развој е востановена во спомен на Херт Јан ван Апелдорн, кој во Македонија беше ангажиран од Холандската меѓуцрковна помош во периодот 1993/94 година и кој, како што нагласи Клековски, многумина ги научи што значи поимот одржлив развој. Обете награди се доделуваат еднаш годишно.

Првите добитници на наградите на МЦМС минатата година беа Првата детска амбасада „Меѓаши” (Награда за граѓанско општество и демократија за долгогодишни постигнувања), Кристина Дикинсон (Награда за граѓанско општество и демократија за постигнувања во минатата година) и Јосиф Таневски (Награда Херт Јан ван Апелдорн за долгогодишни постигнувања).
 
ФИООМ, Награда за граѓанско општество и демократија
Промоција на плурализмот во граѓанското општество

Македонскиот центар за меѓународна соработка & ја додели на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија Наградата за граѓанско општество и демократија, за долгогодишен придонес.

ФИОО-Македонија ја доби наградата заради промоцијата на плурализмот во граѓанското општество и за јакнење на организациите на граѓанското општество, за граѓанско образование и за јакнење на капацитетите на луѓето да ги одредат сопствените вредности и приоритети и да се организираат за да дејствуваат кон остварување на тие вредности и приоритети, како и за промоција на независни и одговорни медиуми и слобода на печатот.

Фондацијата Институт отворено општество-Македонија даде голем придонес во поддршката на институционалниот развој на македонските невладини организации. Преку информативниот центар за граѓанско општество ФИООМ обезбедува административна поддршка за НВО имајќи предвид дека донаторите во принцип ги поддржуваат програмските активности, но обезбедува и консултативна и логистичка поддршка, особено во подобрувањето и во директната заштита на човековите права и слободи во Македонија и во регионот. Еден дел од поддршката на институционалниот развој се одвива и преку ресурсните центри на ФИООМ кои обезбедуваат техничка помош, обука од областите од интерес за НВО, совети, мали грантови за мали интервенции и поголеми суми за развојни проекти.

По слоганот „Доста е” ФИООМ мобилизира 120 НВО во национална кампања како одговор на кризата во Македонија. Активностите од оваа потпрограма продлжуваат со цел да ги охрабрат НВО во развојот на мирот, дијалогот и конструктивното решавање на конфликтите, како и зајакнување на соработката.

Фондацијата уште од своите почетоци ги поддржуваше и сe уште ги поддржува приватните радиодифузни медиуми со покривање на нивните основни тековни трошоци, како и на долгорочната копродукција и на инфраструктурните проекти.

Генерално, проектите што ги поддржува ФИООМ имаат силен интегрирачки потенцијал и овозможуваат исполнување на обврските што произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација и чија цел е намалувањето на криминалитетот и партизираноста на општеството.

Владимир Милчин
Среќата поради доделената награда е дотолку поголема бидејќи се случува на десетгодишнината од постоењето на Фондацијата. Инаку бевме решени да не правиме никакви прослави затоа што има многу побитни работи што треба да се направат, меѓутоа, еве МЦМС и другите НВО кои учествувале во номинирањето на кандидати за оваа исклучително вредна награда се сетиле на Фондацијата. Морам да кажам дека по малку сме збунети затоа што не сме навикнати да не фалат и наградуваат, некако ни е поприродно, повобичаено да не критикуваат.

 
„МЕСЕЧИНА”, Наградата за граѓанско општество и демократија
Борба против дискриминацијата и ксенофобијата

Македонскиот центар за меѓународна соработка му ја додели на Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” Наградата за граѓанско општество и демократија, за придонесот во претходната 2001 година. „Месечина” ја доби наградата за придонесот во образованието, обуката и градењето свест за човекови права, како и за борбата против дискриминацијата и ксенофобијата и заштитата на малцинствата. ХДЗР „Месечина” ги стимулираше децата за постигнување поголеми резултати во учењето и го промовираше образованието преку организирање квизови и трибини. Основната порака беше дека и меѓу ромските ученици има добри ученици. Промоцијата на човековите права и начинот на нивната примена се одвиваше преку организирање трибини чии учесници беа со мешан етнички состав, како и преку работилници за административните работници од центрите за социјална работа и за наставниците од основните училишта. „Месечина” организира вкупно 40 трибини за човекови права и застапуваше пет случаи за заштита на правата од дискриминација.

Генерално, во своите проекти „Месечина” го става акцентот на еманципација и едукација на маргинализираните групи во општеството, заштита и едукација во сферата на демократијата и човековите права, градење на јавната свест и учество во соработката со голем број НВО од РМ, промоција на културата и традициите, во локалната и националната средина, промоција на мирот на локално и на национално ниво во соработка со голем број НВО институции.

Рамадан Пини
Оваа награда е круна на деветгодишното работење на Месечина. Сите овие години Месечина работеше на социјалното интегрирање на Ромите во општеството. Тоа го правевме преку активности во секторите за образование, заштита на човековите права итн. Наградата е стимул за нашата понатамошна работа. Би сакал да им се заблагодарам на сите фондации кои досега ја поддржале работата на Месечина

 
„Полио плус”, Награда за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн”
Поддршка на правото за еднакви можности

Македонскиот центар за меѓународна соработка му ја додели на здружението на граѓаните Полио плус-пост полио група за поддршка Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” за придонес во одржливиот развој во претходната година. Полио плус ја доби наградата заради промоцијата и поддршката на правото на еднаква можност. Активностите што ги спроведува Полио плус се насочени кон лицата со посебни потреби (хендикипираните лица според постарата терминологија). Посебно внимание привлекоа активностите за уривање на архитектонските бариери. Полио плус внесува нови модели во борбата за еднаков пристап на хендикепираните лица кои досега дале и доста резултати, односно многу непристапни објекти под влијание на активностите на организацијата станале пристапни.

Звонко Шаврески
Би сакал да се заблагодарам за наградата што МЦМС ни ја додели оваа година со што покажа дека става акцент на проблемите на хендикепираните лица.

Пред да ги започнеме активностите за уривање на архитектонските бариери за кои сега сме наградени контактиравме со луѓето и забележавме дека тие немаат ништо против хендикепираните лица, веројатно затоа што не ги ни забележуваат. Размислувавме како да ги видат, односно како да не видат. Затоа се решивме на обележување на објектите пристапно/непристапно. Наидовме на голем успех. Првата целна група ни беа компаниите кои имаат повеќе објекти. Со дел од нив потпишавме „џентлменски договор” дека ќе сторат се што можат нивните објекти да станат пристапни. Зад акцијата стои коалиција од триесетина организации. Иако рампите беа главната активност, додадената вредност требаше да биде развивањето на моралот кај луѓето. Морам да кажам дека во спроведувањето на активностите имавме многу добра соработка со локалната самоуправа.

Наградата од МЦМС ќе ја здружиме со минатогодишната награда на нашата членка, г-ѓа Кристина Дикинсон, и ќе воспоставиме посебна награда што ќе се доделува за активности насочени кон интегрирањето на хендикепираните лица.

 
Комуна АД, Скопје, Награда за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн”
Промена на културата на однесување

Македонскиот центар за меѓународна соработка & ја додели на Комуна АД Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” за придонес во одржливиот развој во претходната година. Наградата посебно се однесува на промоцијата и на поддршката на одржливиот развој како процес на промена кој овозможува сегашните и идните потенцијали да ги задоволат човековите потреби и аспирации.

Промоцијата и поддршката на одржливиот развој Комуна АД посебно ги потенцира со спроведувањето на проектот ”Организирано собирање стара отпадна хартија”. Со активностите од проектот се поставени 50 граѓански и 30 индустриски контејнери од 5 и 30 м3 и бесплатно се поделени 2000 деловни картонски контејнери, а се собрани 700 тони отпадна хартија. На овој начин е зголемена количината на хартија за рециклирање и е придонесено во создавањето на еколошка свест дека шутот не е отпад туку секундарна суровина. Така, Комуна дава придонес кон почиста околина и создавање услови за нови вработувања.

Драгица Киранџиска
Најнапред би сакала да се заблагодарам во името на менаџментот на Комуна АД за ова високо признание. Големо е задоволството кога знаете дека некој ја следи вашата работа и дека сте забележани. Идејата за овој проект постои подолго реме. Минатата година за прв пат започнавме со кампањата чие основно мото е „Хартијата на старее”. Освен што сакаме да ја собереме старата хартија која е основен ресурс во работењето на Комуна, ние сакаме да ја подигнеме свеста и култот кон хартијата затоа што хартијата не е отпад, таа е секундарна суровина. Признанието ние е посебно драго во годината кога славиме 55 години од нашето постоење и нашето работење.

 
Град Скопје - Награда за граѓанско општество и демократија, за јавност и соработка
Градење врски со граѓанскиот сектор

Македонскиот центар за меѓународна соработка му ја додели на Градот Скопје Наградата за граѓанско општество и демократија, за јавност и соработка. Градот Скопје ја доби наградата заради активностите за промоцијата на градењето врски, мрежи, размени, комуникација меѓу организациите во граѓанскиот сектор и со државниот и приватниот сектор. Градот Скопје прави напори да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните, при што влегува во соработка и во партнерство со НВО, владини установи и институции, меѓународни институции и фондации, како и со претставници од приватниот сектор. Градот Скопје беше меѓу пионерите во промоцијата на цивилниот сектор во нашата земја, со веќе 5-годишна логистичка поддршка на десетици НВО и преку двете канцеларии за соработка со НВО, но и директно преку партнерски проекти со нив. Значајно место во овие проекти имаат и т.н. маргинилизирани групи.

Ристо Пенов
Сакам да го изразам задоволството што ја добивме наградата како сатисфакција за сите напори што ги вложи Градот за поддршката на невладинот сектор. Мене ми е непријатно, но во оваа прилика треба да се пофалиме што сме направиле. Уште од 1997 година ги отворивме просториите на Градот за невладиниот сектор затоа што бевме свесни дека невладиниот сектор нема можности да обезбеди логистичка поддршка за своите активности. Расположени сме и во иднина многу повеќе да вложуваме во поддршката на НВО.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 17 Јуни 2002
Вовед
Писма
Настани
Публикации
Тема
Погледи
Концепти
Интервју
Q&A
Донатори
Форум
Појмовник
Број 17 Јуни 2002
Најава- Изборен фер-плеј
Парламентарни избори со широка партиципација на НВО
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност
 

©MCMS - designed by KOMA